Какви се тие безметални? Овие што ги имам јас имаат олово од долу и после заби е сега порцелански да не беа незнам..
Безметалните се без метал одоздола. Како што ги гледав овие моиве пред да ги стават само заби бели се .
Ако ти се здрави забите, ич не чепкај ги. Ама ако си решена да направиш нешто со бојата, покрај избелувањето, ламинатите се добра опција, ама порцелански. Не знам цена, а колку долго траат е индивидуално, зависи од изработката, квалитетот на материјалот, хигиенските навики на личноста што ги носи, како и навиките во исхраната. Првпат слушам за 15 години гаранција. Пет години сите даваат. Повеќе од тоа не.
Сериозно така ми кажа докторот кога ми ги ставаа. Не верувам дека би ме лажел намерно, многу ок мислење имам за него.
Близок член на семејството беше на забар и му рекле ти фали коска немаш друга варијанта освен вилици, се има некој соочено со нешто слично?
за колку време местат заб .. мене ми се скрши сега двојчево па сакам утре одма на заболекар да одам .. ама појма немам за колку време го местат .. срамота е ваква да одам хаха
Направи снимка најубаво,така ќе знаеш дали е расипан. Инаку да,ќе треба нов мост,бидејќи забните коронки се споени на мостот и за еден заб треба да го вадиш цел мост,нема друго решение за жал....консултирај се со заболекар за најсигурно.
Боли малку, барем мене ме болеше, се стега со двете вилици за подобро да легне мостот, т.е да се залепи, тогаш е малку болно и горчливо во уста, ама се издржува.
Da. Nisto ne boli. Koga ke gi stavat zabite ne boli tuku edno macno cuvstvo. Za sreka za 2 sata mozes lesnici da jades
Дали искрено би ви сметало ако некоја девојка од 19 год има порцелански заби? (Мислам на машките,дали е срамота)
Ама баш ти е гајле што мислат другите. Демек ќе најдеш некој совршен примерок на маж без ниедна маана, па ќе му сметаат твоите порцелански заби?! Гледај си за себе, твоите заби да бидат здрави, да се чувствуваш самоуверено и не си ја мачи душичката со глупости. Друга работа е што ако порцеланските коронки се добро направени, воопшто нема ни да се познава дека ги имаш.
Зошто срамота да сакаш да имаш убави заби? За жал не секој се раѓа со совршени заби, подобро да имам порцелански него ли без заби или расипани. Баш дека си млада треба да се грижиш за своите заби.
Искуства со Ендомак? Се јавив на телефон и некако ми оставија лош впечаток затоа што не давале информација за цени преку телефон.