Јас моите први порцелани ги ставив на 19 , и машки повеќе се пуштаа, и имав поголема самодоверба, се смеев конечно со отворена уста. Еве ме мажена со дете и никогаш не се покајав што ги направив. Имав здрави ама криви заби, кецот ми беше црн од апикотомија, па си го решив проблемот.
Девојки, споредба на цирконија и обични порцелански со метална основа? Без металните/цирконија cad/cam се од 140€ нагоре, а металните од 60/80€. Вреди ли разликата? Колку се чести случаите на помодрување на непцето од металот?
За горни предни заби, без исклучок подобро безметални, за останатите заби сеедно. Безметалните се многу подобри естетски, на заби кои се гледа непцето многу значи. Можеби на почетокот и металкерамичките ќе бидат добри, ама со тек на време кај речиси сите се повлекува малце гингивата и доаѓа до израз металот. Значи и да трае 15 години коронката, нема да изледа исто добро на првиот ден и после неколку години. Едит: сигурно си гледала на гугл, ама еве слика за појаснување. Иако двете металкерамички коронки се со убава боја и форма, се познава метална линија до непцето, а на безметалната коронка во средина тоа го нема. Не дека не може и металкерамика да се направи убаво, ама таа мала линија да ја имаш напред на единицата на пример сигурно нема да ти се допаѓа иако можеби забот како целина изгледа супер.
Благодарам на сите, се работи за предни и бев наклонета кон безметални од почеток, ама сега дефинитивно. Изгуглав доста, гледав примери на пациенти на мојот стоматолог, ама сакав уште едно мислење.
што ке ми препорачате за предни заби? како одат 'навлаките' и која цена се, кај кој заболекар сте задоволни?
Зависи што проблем имаш, јас три години мака мачев со лечење на каналите на предните заби, на три различни места бев низ тие три години и никако не успеваат да ми го решат проблемот -кога гризев ме болеше. И не ставав навлаки бидејќи имав болки. Пред 6месеци бев ја Др Томо во Каракамчев ординација и ми го реши проблемот. Он работи со некоја друга техника, машинско чистење на каналите, ласерска стерилизација, топла вертикална исполна(не се стандардни гутаперки) и ми помина болката. Вредеше за сите пари. Поскапо е од стандардно но за мене е бесценето после долгата претходна голгота со 3-4разни забари. И после тоа ставив безметални коронки, на мое барање, имаат форма на природни, слични на моите вистински заби. Имаат дури и некоја проѕирност баш ко вистински.. Цена... 100 еур лекување и 200еур коронка од заб.
пломбирани единици и двојки горни, едниците скратени( од кратење една пукната) и преклопени малку, а долните здрави ама криви, кога веќе ги средувам да ги средам сите предни.. за фиксна протеза ми кажа подобро не, 700ЕУР за малку искривени заби не ми препорачуваат. Од мобилна фајде нема. И како се плаќаат коронки,фасети.. се одеднаш или може на рати?
Таа е реалната цена за добро сработена работа. Мило ми е конечно да слушнам некој што дал доста пари, ама смета дека вредело. Кога работев во ординација со плави картони, за лечење на заб 400 денари (после пломба/коронка е плус), многу скапо им било, бидејќи 300 денари е вадење. Со здравје да те служат забите
@Eni.r Јас здрави заби никогаш не би ставила под коронка, природно си е природно . Е сега зависи како се чувствуваш со твоите заби. Моите беа болни и темни. Ем не убави ем ме болеа. Долните и мене ми се криви ама таква ми е устата па не ми сметаа нивниот изглед многу. И друго што сакам да ти кажам, чувството во устата не ми е како со природните заби, ми требаше доста време да се навикнам, дури и вежбав изговарање на сите букви правилно. Да имаш на ум, чисто да знаеш што ќе те чека и целиот процес не е баш безболен. Ако не е оштетена голема површина од забот, можеби со нови пломби може да се реши проблемот, ама па викаш пукнат заб... За тоа не знам... Сепак јас не сум стоматолог, но имам некое искуство со многу стоматолози Така што јас се консултирав со неколку забари пред да донесам конечна одлука што и каде ќе правам. За на рати, не знам дали даваат, евентуално ако имаш некоја картичка со која што можеш да плаќаш на рати па така некако. @Spidy Да, скапо е, ама стварно вреди. А бе со киф да се насмеам и да грознам леб без да ме боли. Ееее три години не гризев (со предните заби) и пазев додека џвакам случајно да не ми дојде парченце храна напред, само со нож и вилушка јадев, или кинев парчиња. Јас имав стварно мака. И претходно плаќав за лечење, снимки итн ама тоа беа џабе дадени пари. На крај пак ќе речам вредеше. А различни луѓе различно гледаат на скапо - ефтино Мене за нешто за кое што не ми се даваат пари и 5 денари да е ми е многу Секој со својот став...
Иста мака имам.. заради предните заби несмеам да загризувам И каде ги правеше ти? Јас сакам безметални да ставам на кецовите горе, ама ми е страв дали ќе го изберам правиот стоматолог.
Ги правев во Каракамчев кај др.Томо http://www.karakamchev.com.mk/ Отиди на консултација, да видиш што ќе ти каже
Здраво девојки! Сакам да ставам фасети на предните четири заби, моите се здрави, но се премногу ситни двојките и не се еднакви со единиците кои се преголеми. Како решение ми предложиа композитни фасети затоа што моите се здрави, а сакам да ставам само поради естетска причина. Кои забари се професионални во Скопје кои од искуство може да ми ги препорачате? Колку е од заб цената? Поздрав
Искрено, јас да имав здрави заби никогаш немаше ништо да им правам заради естетика. Ништо не е исто како природен заб... Но сепак тоа си е твоја став... а и битно е да се чувствуваш убаво и ако веќе си одлучила да правиш види имам пишано погоре, од Др Томо сум презадоволна.
Истото прашање го поставив и во друга тема, но предоцна ја најдов оваа, се извинувам. Ми треба сериозно мислење за добар стоматолог, т.е најдобра стоматолошка ординација во нашата држава. Од искуство или од искуства на ваши познаници, искрени мислења. Проблемот поточно: Имам 4 порцелански заби, но сакам да ги сменам поради тоа што изработката е катастрофална и не изгледаат убаво на мене. Таму кај што ми ги правеа ме промашија ептен. И бојата и формата на забите. И плус се начекав 1ипол месец додека да ми ги стават. Знам дека несмеам да одам кај било кој стоматолог за ваков зафат, затоа ме интересира кој во Мк најдобро работи со таа техника, пред се квалитетно но и естетски убаво. Очигледно бев кај луѓе што немаат појма од естетика. Што мислите за Ендомак? Предложете ми ваши мислења и искуства.
Здраво , сакам да ставам порцелански навлаки на горните заби,но проблемот е што горните единици ми се малку напред.Дали и после ставањето на навлаките пак ке ми бидат напред? Доколку некој има некое искуство ќе ве молам да споделите