Зависи колку се напред. Ако е малку, без проблем ќе ги направат наназад коронките. Ако е многу, ќе треба да се умртват забите, ама пак може да се вратат наназад, само послаби се забите така.
Докторот ми рече не биле многу , а јас не прашав како оди тоа со навлаките , ти благодарам на одговорот
Ве молам кажете ми за естетска корекција на двојки најдобра опција? Читав нешто за нанокомпозитни пломби, дали се трајна опција?
Во стоматологијата ништо не е трајно. Се треба да се менува на одреден период, и пломби, и ламинати, и коронки. Зависи што проблем имаш со забите. Ако ти се здрави, само формата не ти се допаѓа, може со пломби да се среди и убаво да изгледа. Ако се со поголем кариес, или веќе имаат големи пломби кои се пребоени, или ако е умртвен забот и потемнел, за тие работи подобро е коронка.
Стоматолог сум. Ако добро се одржуваат, со минимално полирање може и 10+ години да траат. Ама зависи од ситуацијата во уста, сум видела и на помалку од 2 години да ги менуваат.
Јас барам препорака односно некој што го правел ова и да е задоволен. Јас имам простор помеѓу горните предни заби. Не сакам да стружам здрави заби за порцелански, а многу сакам да немам размак. Дали само се пополнува празниот простор, или се обвива цел заб?
Зависи колкав е просторот. Ако е мал, може слободно со мали пломби на двата заба да се пополни, не се струга воопшто од забите, значи и да се оштети пломбата, забот одоздола си е комплетно здрав. Се додава само на страната до празниот простор. Ако просторот е поголем, тогаш најдобро е со протеза да се затвори, зошто и со коронки да се затвори нема да изгледа убаво, твоите заби ќе изгледаат премногу широки. Ако сакаш, прати ми слика во лп, ќе ти кажам што мислам дека е најдобро за тебе. Мислам дека имам и некои слики од вакви пломби што сум ги правела, ќе ти покажам да видиш како изгледа.
Zdravo. I jas imam na edinicite edna dvojka i edna trojka navlaki na zabi znaci 4 zaba.Gi imam veke 2 godini ama od pocetok imam problem. Imeno od 12 godini imam problem so gnojni cisti na kraj veke stomatologot mi predlozi edinicata i dvojkata dagi izvadam mislejki deka taka ke pomine problemot ama odkako gi staviv migi istruzi drugata edinica i trojkata ama jas od pocetok imam maka nemozam da zagrizam ili da jadam jesto so niv osekam bolka kaj mestoto od edinicata sto e ostra izvadena i trojkata.Mozno li e da nese namesteni zabite kako sto treba?
Многу работи може да се причина за ова. Мораш на стоматолог, да се консултираш, најдобро протетичар да види како изгледа мостот што веќе го имаш. Во најлош случај ќе треба да се извади тој мост и да се направи нов, ама тоа само со преглед и снимка може да се каже.
Еве слика од моите заби, ако може ваше мислење околу тоа колку се напред забите и дали би се средило тоа со ставање на навлаки.По препорака од стоматолог да се извадат двете двојки бидејќи тесен е просторот за вака да се направат.Поздрав
За тебе само протеза. Да се исправат забите, па после се друго. Што и да се направи во оваа ситуација нема да биде добро. Може ќе бидеш задоволна дека ќе изгледа малку подобро, ама функционално воопшто нема да биде. На ваква состојба протетика не треба да се прави.
Јас ставив порцелански 4 напред, баш поради таа причина, не сакав да носам фиксна протеза, предните заби ми беа многу напред излезени. Колку што можеа ми ги направија поназад да бидат, ама не е голема разликата. Стоматологот ќе ти каже колку најмногу може да се подисправат.
Некој да вадиш заби пред консултација со повеќе стоматолози. Не ми изгледа дека има потреба за вадење на заби, повеќе би ти била потребна протеза како спомна корисничката погоре.
Теоретски да. Сепак треба да ги прави некој кој има искуство со естетски пломби за да изгледаат убаво на крај, ама нема потреба да е специјалист.
Здраво Дали може некој да ми даде искуство за ставање на винири/ фасети? Оние како тенка лушпа што се, и се лепат на заби. Која е цената од заб и каде во Скопје е најдобро за ова нешто?
Здраво,јас сакам да прашам како може естетски да се средат предни заби на пр кецовите се со пломби а едниот е умртвен и малку има сменето боја потемен е од другиот кец,тројките малце се испакнати и едната четворка малце повнатре е и малечка. Освен кецовите со пломби другите се здрави заби,и заборавив кецовите се малку искривени една врз друга ,што е најдобро да се направи?