Нема такво правило. Би требало 7-10 години ако има добри услови, ама може да мора да се сменат и за 2 години, може и 20 години да ги носиш без проблем. Се зависи од ситуацијата.
Можеби и треба, ама не значи дека мора. Оди да ги погледнат и ќе ти кажат. Обавезно професионално чистење и една панорамска снимка, може ќе траат уште.
Често одам на преглед и стоматологот вика дека се ок. Ама ме интересираше колку им е векот. Еден период имав проблеми со крварење на непцата баш кај што се забите, ама го средив со паста за заби Лакалут. Оттогаш не ми ни реагирале на топло/ладно.
Вчера ставив 4 порцелански безметални коронки горе и многу сум задоволна,изгледаат исто како моите претходни заби.И мислам дека многу природни се.
Претходно ти ги стругаа твојте? Какви се овие безметални,или така се викаат порцеланските јас врска немам не се разбирам,само знам дека горе кај непцето на некои им се познава црно,кај тебе супер изгледаат исто како природни
На горната вилица имам два кеца и две двојки метални коронки, од пред 8 год. Веќе многу се познаваат, некако личат вештачко а и моите заби, конкретно тројките ми се пожолтени па скроз се делат од коронките. Сега сакам да ги заменам старите коронки и плус да направам нешто со тројките. Исто така, нешто што најмногу ми смета се високите непциња и забите од корен се еден погоре еден подоле, личи многу лошо. И маалку е модро непцето уште кога ги ставив првите коронки.. не знам дали тоа би можело да се корегира. Читајќи ве, би сакала да ставам безметални овој пат бидејќи сакам да изгледа најневештачки што може, веќе трауми имам од сегашниве. Ова ми е многу важно и се трудам да најдам добар доктор. Ќе ве замолам за искуства и совети. За сега, прочитав позитивни критики за Зоран Шушак од Санте плус, Даниела Димитрова од Перла центар и за Дентал Крафт. Ви благодарам однапред, секое мислење многу ќе ми значи.
Данес ставав композитни ламинати на единиците и двојките. Сега имам тапа болка во двојката а истата е претходно лечена и умртвена. Како е можно?
ставив коронки од тие што се 50е пред 7 месеци и сега приметувам дека кога поттурнувам со јазикот ми се мрда. совет?
Во најдобра варијанта само се одлепила од забот, ќе ја цементираат пак. Полоши варијанти има повеќе, може да имаш проблем со забот (кариес, скршена коронка, пародонтопатија). Треба преглед кај стоматолог и снимка.
Здраво женски Утре одам на консултација за заби е, сакам да ставам навлаки, од 1до3 горе, но многу ми е страв од цел процес. Ќе може да ми каже некоја колку трае пример стругањето на еден заб, дали може оддеднаш повеќе, дали боли, иако е со анестезија мене ми е страв сепак После колку денови трајните се спремни да се наместат?Има ли некоја искуство да и бил расипан забот, дали прво се поправа, се лечи, па се спрема за навлака, или со стружењето наеднаш се се прави? Многу прашања, ама ме фаќа паника
Прво ке ти ги стругат,ишилчат па потоа ке ти земат мерка. Одеднаш ми ги истругаа 4те заба.Од анестезијата не осекав болка додека ги стругаа. Јас чекав околу 3-4 додека додека да бидат готови навлаките.
Јас истовремено ставив коронки на горни 1 и 2 лево и десно и на 4 исто горе лево и десно. Моите предни 4 заба беа за лечење сите. Прво одев за лечење на каналот, за секој заб посебно одев. Ама така јас сакав заради тоа што имав 2 месечно бебе дома и не можев да се задржам повеќе од 2 саати. А патот до забар, чекање малку, самата интервенција... и така испадна да одам за секој заб посебно. Со анестезија беше и покрај тоа што ми беа веќе мртви тие заби,јас имав болки при загризување. Ова ми беше 3 то лечење на истите заби, прво снимки, па бушење, чистење и на крај ми стави докторот некоја топла вертикална исполна, искрено прв пат видов такво нешто, не е како стандардни гутаперки(или како и да се викаат стручно) што се ставаат. Не боли во моментот, ама после тоа боли, јас освен парацетамол не пиев ништо, ама помина за некое време. Од кога ги излечив сите болни заби, повторно снимка, и почна стружење. За стружење се договорив сите во еден ден да бидат. и мерка ми зема тогаш. Останав повеќе од 2 часа. примив неколку анестезии, убоди на неколку места, од кога ги истружи забите ми направи привремени заби, дома не си дојдов со шилци. Тие привремените се вадат сами, за спиење ги вадев, за да не ги голтнам случајно. Веќе во оваа фаза ништо не ме болеше. Новите порцелански заби ми беа готови за 5 дена, така се договорив на почетокот, така и беше. Прва проба имав, ама мене не ми се бендиса еден детал, и отидов на корекција, корекцијата траеше еден ден. Во тој еден ден бев без привремените заби, односно бев само со шилци, бидејќи докторот ги исече при вадењето, не знам зошто кога отидов таму не можеа да се извадат, а претходно се вадеа сами. Како и да е , не беше страшно со шилците само еден ден. Си носев маска тогаш, како сега во коронава ПРи фиксирање на порцеланските заби осетив некоја болка, ама не голема. Јас сум многу задоволна од се. Искрено ми требаше време да се навикнам да зборувам, шушкав на почетокот, не изговарав некои зборови правилно, ми сметаа при јадење, но се навикнав за од прилика еден месец комплетно се навикнав, како да се мои. Ама чудно е, морам да ти кажам, не е како со природни заби. Но со оглед на тоа што јас 3 години не можев да гризнам ништо заради болки, сега ми е супер. Од естетски агол - го добив тоа што го брав, природен изглед, несовршени заби, такви сакав - такви добив. Кога би ги менуала - единствено што би сменила е да не бидат напред спојка сите 4 во едно, ако може. Ми фали празнината помеѓу предниите единици. Друго ништо. Се на се, можам да кажам, да боли, има доста убоди за анестезија, ама резултато е одличен и вреди да се истрпи. Со среќа и со лесно Јас бев на повеќе места на консултација пред да донесам одлука каде ќе ги правам.