Околу 50 евра, зависи каде, имаат различни цени. Зависи и со каков материјал се комбинира порцеланот, дали се вградува метал, титаниум..., а сега во последно време имаат циркониум.
Метал керамика од 50 евра нагоре, безметална од 150 евра нагоре, циркониум од 200 евра нагоре. Цената е по заб.
Јас лани ги правев, мислам дека беше околу 150-200 еур од заб, извини не се сеќавам точно, бидејќи и попуст некој добив за се комплет што правев.
Јас сакам безметални, тие ми изгледаат подобри тие со метал после некое време немцата помодруваат и не изгледаат убаво.
Не мора да значи дека ќе помодрат, ако помодрат не се добро направени забите, значи дека премногу притискаат на непцето. Инаку од естетска гледна точка секако дека безметалните се подобри.
Не знам вака сите што ги знам, а имале метал керамика после некое време немцата им се како виолетови зелени.
Дечки а искуство со забни ламинати? Имам ставено пред 5 години на два заба, едниот ми сменил боја па сакам да ги обновам. Препораки и цени ако може
Јас имав еден заб веќе 12 год метал керамика, воопшто не беше променета бојата на непцето. Сега го сменив и него, заедно со другите до него. Па ќе видиме. Немора да значи дека омодрува.
Ми треба мислење, гледам дека @Annath и @Spidy се стручни за ова, па затоа ќе ги тагнам. Забите ми се перфектно прави, освен предните два, т.е. кецот и двојката. Едниот кец ми е благо над другиот кец, а двојката е малце повеќе закривена и е над него. Како скали ми се. Не знам колку убаво објаснив, не би да прикачам слика од моите заби вака јавно, па еве најдов некои слики одприлика колку да се долови ситуацијата, одприлика ми се вака, само малце поблага варијанта од ова, не ми се толку криви колку на сликиве. Ме интересира дали може ова да се реши со коронки или со било што освен протези?
Ако забите се здрави, најдобро решение е протеза. Најверојатно може да се среди со коронки, ама зависи колку се криви забите. Просто кажано, ако место има за еден ипол заб (и затоа забите се преклопиле), и во истиот простор со коронки се постават 2 заба, тие заби ќе бидат помали или поистурени према напред, и можеби нема да изгледаат најдобро. Некогаш и може убаво да се среди со коронки, ама и да е така, подобро е да се исправат и наредат, отколку да се стругаат здрави заби. Со протези терапијата трае долго, ама барем на крај ќе добиеш тоа што сакаш и сеуште ќе ги имаш своите заби.
Здраво на сите, ве молам за одговор од стоматолози (се надевам дека ги има тука) или некој што нешто од ова му е познато.. Не знам дали се работи за глупост или има некаква врска со вистината.. Се работи за мајка ми, жената е на возраст од 50 и претходно имаше правено операции (немаат врска забите со операциите) и плус зема редовни терапии за висок притисок, тахикардија и слично.. Вака, прави целосна горна вилица порцелан меѓутоа имала некаква циста на двојка (стоматологот препорачува хир.интервенција). Во процесот на стругање на забите и вади патем два заба и веднаш после самиот процес и се слошува (кажува дека немала сила да стане од столот) и ја праќаат во болница на инфузија и после неколку часа фала ѓу на Господ е добра. Стоматологот и дава антибиотици да пие па после десетина дена да продолжат со работа и хир интервенција.. Во разговор со пријатели дури слушнав дека човек (нивни близок) имал срцев удар по правење на забите.. Ве молам некој стручен да напише има ли некаква врска сето ова или некој сака да не исплаши!? Тоа што и се слошило на мајка ми значи ли дека стоматологот можда има некаква врска? Да промениме нешто? Што да правиме? Совет!?
Ако се претерало со количината на анестетикот при интервенцијата, комбинирано со здравствените проблеми што ги има, ништо чудно што и' се слошило. И стравот си го прави своето, затоа што се зголемува количеството на адреналин во организмот, па кога ќе се опушти, се осеќаат последиците. Не мора да се прави се' во една посета, можело прво да се вадат забите што биле за вадење, да се струга во друга сеанса, а не истовремено да се направи се'. За цистата на двојката обавезно да се направи интервенција додека не е ставен мостот, каналот на забот соодветно да се дезинфицира и наполни за да нема проблеми понатака. Не е многу често да се случи срцев удар додека пациентот е на стол, ама секогаш има ризик, особено кај луѓе со коморбидитети. Зависи од ситуацијата.
Боли кога ќе те боцнат за анестезија,но кратко, боли кога ќе ти помине анестезијата, не многу, можеш апче да се напиеш, боли кога ќе ти го монтираат забот кога ќе го стиснат, но многу кратко. Се на се боли, ама не многу долго а и секој има различна толеранција на болка
Искрено, имам ставено два и не боли воопшто. Барем мене не ме болеше, фала му на Господ. Искрено, при ставање на анестезијата (кога ќе те боцнат) и после тоа прицврстувањето ќе осетиш ама тоа не е ни болка, минимално се осеќа и не е воошто страшно. Малку непријатно чувство но сосема нормално и кратко. Не се секирај воопшто. Мисли си на нешто убаво додека си таму и брзо и лесно ќе си поминеш. Со Господ напред за сите и за тебе!