Од вчера пребарувам низ содржините на форумот,но не најдов одговор. Препораки за во Кавадарци за изработка на порцелански мостови? Ми падна едниот мост а ги имам 2,но сега сакам безметални. На интернет ги најдов ФуџиДент и Cad/cam Филипови. Некој да има искуство со некоја од од овие две,или друга ординација? А добредојдена е и информација на актуелни тековни попусти/промоции со zirconium/циркониум,доколку има такви моментално. ☺️ @Annath zirconium наспроти E max ,предности недостатоци разлика во цена,и во кои ситуации се пожелни или не?
Па скоро да се исти во поглед на издржливост, цврстина, трајност, донекаде emax е поцврст, генерално исти индикации имаат, ама emax е потранспарентна, за разлика од циркониум, па за дисколорирани, темни заби е препорачлив циркониум. Цена, зависи каде ќе ги правиш. Немам поим како одат, искрено, не работев многу со тие материјали. Едит: Претходно немав време многу да пишувам, немам ни сега, ама за фронт ако прашуваш, можеби подобра варијанта е emax, џа поприроден изглед.Освен ако забите што ги ставаш под навлака не се премногу темни. А за бочните регии не е толку важно, естетиката не треба да има предност пред функцијата на забите. Таму може и метал керамика како поевтина варијанта.
Многу ти благодарам за одвоеното време,утре закажав консултација,па ќе видам што ќе ми кажат. Десниот мост си стои, не мрда ама левиот ми падна ,тоа ми е маката. Не знам колку би било изводливо после метал керамика да добијам Емакс, гледам потемнети ми се Инаку правени пред 7 години. И да функцијата е пред естетиката ,но супер е кога може и 2во 1 ☺️ Благодарам уште еднаш,и секое добро.
Emax, т.е прес керамика има најдобра естетика. Но за бочна регија е контраиндицирана, ако некој те убедува спротивно, нека ти даде гаранција за истата. Цирконијата е за нијанса потврда, но сепак тоа се материјали кои повеќе можат да се користат за фронт. Покрај метал керамика има и титаниум. Титаниумот е цврст, но лесен и многу попријатен за ткивата. Обично е индицирана кај лица со алергии на никел. Цената е тука некаде. Побарај препарација со стапалка, подобро се адаптира на самиот заб и ретко може да се забележи црниот раб на металот. Јас би одела на варијанта титаниум, со оглед дека се работи за бочни мостови, а и финансиски е исплатлива, може некои 10 еу поскапа.
Не се баш бочни(не знам точно како да се изразам), левиот ми е од 1до 5 со извадена 4ка,а десниот од 1 до 6. Пред 7 год кога ми ги ставија ме кошташе 70е од заб ,не ми текнува точно зошто беа поскапи од тие 50е по заб,но знам дека платив дополнително. Црн раб за овие 7год не видов,гингивата ми е добра не е модра. Причината што левиот падна е моја вина,тогаш требаше да патувам надвор од државата и во многу краток период откако ми ја извадија 4ката се цементираше и мостот-на мое инсистирање.Се сеќавам со некаква ламба ми правеше третман на местото на извадениот заб,за побрзо да зарасне.Стоматолог дури беше и во паника,првиот месец ме контактираше на телефон да не имам некаков проблем. Со тек на времето приметив дека не ми лежи убаво левиот мост како десниот,но не се појави никаков проблем и еве истуркав 7год. А десниот мака нема,не мрда. Е сега во споредба со безметалните од естетска гледна точка се разликува ,не можам да лажам. А и видов дека има пукнатина на керамиката на едниот заб дури сега откако падна ,претходно ја немав приметено. И не знам дали е поврзано со мостовите но ми се зголемила и празнината меѓу двете единици напред . Не премногу,но мене ми пречи. Благодарам за советот,денес сум на консултација,па ќе видам што ќе кажат. Проблемот кој ме мачи е што не познавам никој да ми препорача ординација во Кавадарци,а да патувам во друг град би било многу тешко,3 деца,маж на работа ,нема баба -тета сервис...Па одбрав нешто од златна книга,ќе видам како ќе поминам .
Ако не лежи едниот мост како што треба е вина на докторот или техничарот. Или е земена лоша мерка или мостот клацкал уште кога бил во метал, дури и ако се прави врз тазе извадени заби има решение. Најверојатно мостот, т.е делот кај извадениот заб е направен подлабоко и фактички со зараснување на раната го подигал према нагоре. Пак не е твоја вина, се формира слој на отпечатокот, токму ради тоа, или уште кога бил во метал, требало да стругнат. Доколку ти била хитна работата, се прават привремени мостови од пластика, кои се со ниска цена, а се изработуваат најчесто за такви ситуации. Ако се одлучиш за безметална ќе треба барем двете страни да ги менуваш, зборам за 123 123, бочните заби мање више, ретко кој има толкав осмех. Има драстична разлика меѓу металкерамиката и безметалната. Има поголема длабочина и транслуценција. Едноставно ќе се разликува. Доколку не планираш да ја менуваш другата страна остани со метал керамика или титаниум.
Дефинитивно ќе ги менувам со безметални,ама циркониум . За Emax немам доволно средства, а изгледа ќе треба плус уште 2 заба да влезат во мостовите. На левата страна под мостот што падна ,последниот заб ми е во лоша состојба,а на десната на крајот на мостот имам висечки член, за кој не ни знаев Од паднатиот мост мораше да го исече последниот ,,заб" за да ми го залепи привремено, ама никако не беше возможно да се фиксира цел, докторката остана вчудоневидена како ли стоел пред да падне,а стоеше се до пред 3 дена,ама не со толкава празнина и штрчење како вчера кога се обидуваше да го намести. Е сега прво стоматолошки поправки на моите заби на долна вилица па чистење и белење ,а имам и една од тие старите амалгамски пломби сакам да ја сменам и на крај мостовите. За претходните мостови не добив никаква сметка, потврда за извршена услуга. Сега ќе барам,имам право да барам нели?? 2000е ќе дадам па логично ми е да добијам некаква сметка, потврда ,гаранција Патем докторката многу примедби имаше за мостовите. А јас пак си ги испофалив
Што мислите за порцелански ламинати? Ваљда така им е правилен назив. Дали се трајни, се оштетуваат ли многу забите?
Ако се одлучиш за цирконија, многу е битно и кој ти ги прави. Коштаат многу, а некогаш нема да го добиеш она вистинското. Сум видела секакви заби кај луѓе, од компири до врвна естетика. Јас сепак би те советувала да дојдеш до Скопје, има барем три техники кои соработуваат со повеќе доктори и навистина прават убави заби. За мене е умешност да направиш природен заб, а не еднобоен, без дефинирани рабови и граници. Од прилика 7 дена треба за изработка на заби, може и преку викенд да одиш на проби. Но, сепак како си се одлучила така, не ги знам во Кавадарци, може и добри ќе ги направат.
Ако се работи за здрави заби, јас не би идела на варијанта некој да ми делка од забот. Струган заб не се регенерира. Јас молам бога да ми траат барем до 60 години, па после да правам мостови, циркуларци.
Спојлер ординација Fuji Dent ,,Фуџи Дент"-Кавадарци Зарем не е возможно докторката од тука да прати модул во некоја од тие 3 техники? Или мора да имаат некаков договор за соработка ? Не ни прашав со кого соработува, бидејќи поголемиот дел од разговорот беше за средување на моите заби .Па отом потом за мостот. Ако сакаш пиши ми порака кои се тие 3 техники во Ск. Па да видам дали ќе успеам да се реорганизирам. Многу ти благодарам за одвоеното време и советите.
Здраво, ме интересира следново, некок стоматолог да одговори ако може, при вадење на заб со циста - не е ваден цистата туку целосно забот после тоа се јавува инфекција на раната и стоматологот дава антибиотици, дали е сериозно!? Зошто се јавува таа инфекција и дали не дај Боже може да предизвика други компликации и воспаленија во телото? Се работи за мајка ми, претходно е оперирана од други работи и дали ова може да се рефлектира на целото здравје или е нормална работа и честа и кај др пациенти? Ве молам за одговор. Фала Ви
Зависи од твоите заби. Транслуцентната изгледа поприродно, ама проѕира твојата природна боја одоздола. Ако имаш потемнети или пожолти заби, опактна е подобра. Докторот што ќе ги работи забите најдобро е да ти препорача која е подобра за тебе.
Здраво. Има парадонтопатија и ми предложија да направам ласер. Дали има позитивни резултати од ласерот или е индивидуално.Ме интерсира и искуство со апликација на фасети од нанокомпозитнипломби и искуство со ординацијата Dentissimo Aesthetic dr. Sanja Dimova. Благодарам ❤️
Сакам да правам мост на горната вилица еден заб. Па ме интересира која е цената како се движи колку би чинело од прилика
Сакам да ставам безметални порцелански заби,горе кецовите ми се криви една врз друга,на еден кец имам вадено живец,а инаку и двојките и кецовите ми се со пломби. Дали е потребно на сите да се извади живецот,пред да ставам порцелански?
Не сум стоматолог, така да не земај го мојот одговор здраво за готово но речиси сум сигурна дека мора да се вади живец. Тоа од единствена причина, за да не случано забот проработи и треба да се вади навлаката а кога е ваден живец, тој заб е мртов и не може да работи и да те боли или било каков проблем да направи..
Јас ги направив скоро цела горна вилица, исто едниот кец ми беше со изваден живец, и ставена навлака на него претходно, па сега на ниеден заб не ми беше ваден живец, и не сум слушнала воопшто дека има таква постапка некаде,да се вадат, а да нема потреба. Би те советувала само, да потенцираш таму доколку е можно да ти ги лепат еден по еден, а не сврзани два со два, или сите 4ри заедно, или 3по 3... Еден по еден, па доколку недај Боже дојде до проблем со некој заб, навлаката се вади за 2 мин,решен проблем брзо и лесно, а ако се повеќе заби сврзани треба сите навлаки да се извадат заради тој еден заб. Се надевам ти помогнав