1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Порцелански заби или не?

Дискусија во 'Лице' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    И јас сакам, затоа што горните, предни два заба ми се одвоени и изгледа неубаво. Сестра ми имаше исти и ги смени, ама се сеќавам дека мама со денови зборуваше колку скапи биле. А моите навистина сакам да ги средам, ама не сакам да бидам досадна на моите. :?:
     
  2. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Мене ми беа скршени горните единици уште како помала и тогаш ми ставија порцелански мислам по 50евра беа. Ама пошто бев помала требаше од 16-18 години да ги сменам зашто вилицата расте или што знам. Вториов пат ги направив и двојките до нив што се, само што овие се во составот други, не знам како се викаат, знам докторот спомна нешто стаклени :lol: . За овие платив 850евра, 200 евра за секој заб и 50евра за едното "колче" на двојката (бидејќи при стругање се скрши), на единиците имав од претходно, а едната двојка ми ја иструга. Знам дека цената е далеку поголема, сите четири ќе ги направев по цена на еден ваков ама ефектот е далеку подобар. Забите изгледаат многу по природно, непцето горе претходно премногу ми помодре, сега можеби за една нијанса дури и не се приметува, што е многу важно. Исто братучетка ми ме прашуваше дали ми се сменила бојата на забите, бидејќи така и рекле за порцеланските. Мене ме зачуди, на овие не ми случило, а за порцеленските не памтам баш. Кај вас како е?
    Што се однесува до тоа кога ќе ти ги истругаат или ќе ти ставам метални "колчиња" (така си ги викам :) ) обично ти ставаат навлаки кои се како забите. Барем кај мене така беше. Навлаките легнуваат убаво ама јас едната можев да ја вадам, па бев популарна тогаш како девојката која може да го извади и стави забот :rofl: мала бев тогаш, не ми замерувајте
     
  3. S-Sister.91

    S-Sister.91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    35
    Мене предните 2 заба ми се порцелански ги сменив пред 3 месеци бидејќи имав несреќа и ги скршив :( дадов 100 евра 50 евра е еден заб, бојата ми е иста и не ми се приметуваат вопшто , исти се како моите. Само многу ми е модро непцето горе. ме интересира дали секогаш ќе биде така или ке се врати пак како што ми било порано?
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.774
    Допаѓања:
    7.293
    Пол:
    Женски
    Не знам, можеби кај секого е различно, ама кај мене со тек на времето се повеќе помодруваше :worried:
    Инаку ме интересира тие што имате порцелански веќе со години, дали ја имаат сменето бојата?
     
  5. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сите заби ми се порцелански, безметални. Ги правев во странство 2004та година и до денеска немам никакви проблеми, само холивудска насмевка ;)
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mameha

    Mameha Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    490
    И мене ми се предните два заби порцелански ама не ми е помодрено непцето горе а мислам дека до самиот доктор а за понатаму да ти осветлат непцата невервам оти то е со самото местење, а за бојата јас ги имам веќе 5 год и поќе не е сменета бојата исти си се
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Irena-2

    Irena-2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    7
    Е вака...јас имам процес горе на кецот лево, и плус ми е крив и потемнет забот. На стоматолог ми кажаа најубаво да го извадам, бидејќи се обидуваме веќе со докторот два месеци да го спасиме ама ништо, и да ставам мост а со тоа и естетски сите 4-ри заба напред ќе ми изгледаат поубаво, бидејќи вилицата ми е многу напред и немам убава насмевка. Плус тоа носев четири години фиксна протеза и забот повторно ми се врати во првобитна состојба, ништо не бидна од протезата и од маката што предходно ја имав дадено за забот да ми биде здрав, не ми го направиле како што треба и сега си имам поголеми проблеми неможе да ми се излечи мора да се вади. Сакам да ве прашам каков мост да ставам, дали се добри тие со метална основа, бидејќе сеуште не сум економски стабилна да дадам 700 евра за имплант. Споделете некое искуство тие што имате коронки или мост со метална основа. Фала ви однапред.
     
  8. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Хмм се мислев дали да пишам, ама ќе пишам! Барам совет околу моите заби ... :tmi: :tmi: :tmi:
    Работава е што на фаца сум преубава, едино Господ не ме благословил со убави заби! ;(
    Е сега значи цел живот имам комплекси ради тоа, џабе ми е лепотава на лице и тело кога забиве ми се лом!
    Значи 1 и 2 катастрофа, криви ( носев фиксни 2 год, па мобилни...не помагаше ништо живо), неправилен облик, каде помало, каде поголемо.....едноставно крш ми се забиве на горнава вилица!
    Сега сакам да направам промена, сакам ХОЛИВУДСКА НАСМЕВКА! Ако има тука стоматолог или некоја феминка која го имала овој проблем.. да ме посоветува,за тоа какви опции имам, бескрајно благодарна ќе сум! :*
     
  9. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    порцелански
     
  10. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Истата ситуација и кај мене... Нема ништо друго на мене што не го сакам освен забите. Во горниот дел единиците ми се два пати поголеми од двојките. Дали може да ги корегирам само единиците, дали ке се разликуваат од останатите заби?
     
  11. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Може да се корегираат поединечни заби меѓутоа ако ги намалат само единиците, ке се јави повеке простор, ако се толку големи како што велиш. Друг момент е дали се во иста линија, да не се некои заби понапред, други поназад, може подобро ке биде да се направат и двојките за да се постигне целина. За разликување не би требало да се разликува бидејки бојата се бира според бојата на твоите заби. Обрати се на лекарот како што ти пишав во ЛП за консултации, конкретно ке ти предложи решение.
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Носев мобилна протеза уште од малечка, ама само на долната вилица. Ортодонтот кај кој одев постојано ми викаше дека и премногу рано за да почнам да носам и горна, се додека еден ден мојата матична заболекарка не дојде заедно со мене, за самата да го праша зошто е премногу рано, кога беше очигледно дека ми е потребна протезата. Неговиот одговор беше дека тој заборавил за горната, па сега веќе е и премногу доцна за мобилна, дека таа можеби малку би ги разместила другите заби, ама за двојката која беше завртена за речиси 90 степени не можеше да се направи ништо. Да ставам фиксна за еден заб не ми се исплатеше, а тоа ќе беше и долг и мачен процес. Во меѓувреме бев принудена да ја сменам мојата заболекарка со еден заболекар од кој добив совет штом наполнам 18 години да отидам кај него да ми стави навлака на забот. Мајка ми баш немаше многу верба во неговата работа, а и јас е бев нешто посебно воодушевена од мојата прва пломба, па одлучив да си ставам навлака кај друга заболекарка.
    Таа ми рече дека може да ми стави навлака кога сакам, нормално, иста нијанса како моите заби и сé,.. ама секако ќе се разликува од моите заби, ќе се познава дека е вештачки заб. Ми предложи, наместо да останам без цел заб, да ми го иструга само вишокот, а на него да го доизгради со пломба забот што би ми одговарал на формата на моите заби и на нивниот распоред на вилицата, само после ќе требало да бидам многу внимателна, да не гризам на тој заб, па после од кога падне пломбата да ми стави навлака. Јас нормално се согласив. Изгледа совршено, никој не може да погоди дека не е мој заб. Еве, ја носам пломбата веќе 2 ипол години и не внимавам кој знае колку. И тетка ми исто има таква пломба и ја носи можеби 20 години. Воопшто не се каам што не си ставив навлака :)
     
  13. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Од кога знам за себе си патам од огромен комплекс поради кој ми е срам да зборам и да се смеам пред луѓе, цел живот добивам неубави коментари за забите. Не знам зошто, никогаш не ставив протеза, ми беше срам како помала и не дозволував, иако да можам да се вратам одма би ставила во петто одделение, а не сега на 18 години.
    Забите ми изгледаат отприлика вака
    [​IMG]
    односно долната вилица ми е 95% иста како на сликава(ама не ми се приметува многу кога зборам, затоа не и се замарам) а на горната двојките од двете страни ми се уште повеќе излезени од ова, што е ужасно страшно и грдо.
    Сакам да ги сменам само двојките, ама не знам дали е можно. Не ме интересираат ни понатамошни проблеми, ни болка, ни пари, ни ништо. Само сакам да се смеам секогаш кога ќе посакам.

    Знае ли некој дали е изводливо?
     
  14. traumhaft..90

    traumhaft..90 Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    ^^ изводливо е зошто да не но прашањето е дали сакаш да ги корегираш сопствените заби или би ставила порцелански твое е да одлучиш,не сум експерт но баш денеска бев кај заболекар само што кај мене друг е проблемот.Не ми се допаѓаат горните двојки секачи оти се од типот оризови заби а тоа значи изгледаат баш како ориз и имам простор меѓу кецовите и двојките.Обично се смеам со стиснати заби па не се многу забележува овој мој комплекс но сепак сакам да го корегирам.Отидов денес на заболекар па кога ми дојде со цена од 500 евра за два заба со брзина на светлината ја напуштив ординацијата.Се надевам наскоро ќе имам прилика да си појдам у МК оти и таму има способни доктори па не се откажувам од милион долар смајл :D голема желба ми е
     
  15. pehcevo

    pehcevo Активен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Извадени ми се горните предни четири заба, ќе ставам порцелански од 3 ка до 3 ка, ме интересира колку време ќе треба за да ми зарасне жлебината на извадените заби.Ви благодарам однапред за одговорот.
     
  16. IviA

    IviA Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    24
    Се уште ми се здрави забите , ама кога ќе дојде време да си ставам дефинитивно си ставам :D
     
  17. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    Не разбирам зошто ти е срам да носиш фиксна протеза... Плус има сега и порцеланска, што е бела и не се ни примеќа, има и од позади од внатрешноста на забите што се става, таа па ИЧ не се примеќа... Јас на 18 носев протеза година ипол и сега ми се прекрасни забите, јас за овие видови на протези знам дека ги има кај мојата забарка кај што ставив протези, незз навистина за други места... Значи твои заби си се твои заби, како твоите не се ниедни други, зошто кога можеш за една година да не те примети никој дека ги носиш, да си ги задржиш твоите заби и да ти бидат ТОП... Не те разбирам навистина... :/
     
  18. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Немам потреба уште , но ако имам ќе си ставам :D
     
  19. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски

    Зошто не ги извадиш на пример, четворките и си ставиш фиксна протеза? :) А и со мобилна може. Кај мене и двете тројки беа ептен напред пошто ми никнаа касно, посебно десната, ги извадив четворките, ставив мобилна и почнаа веднаш да се симнуваат. Десниот дури ми беше тргнал хоризонтално веќе, а другиот е речиси на место. Ја носам протезата едвај 2 месеци и веќе има резултати. Со фиксна сигурно би било подобро ама моите не можат да ми дозволат ама и со мобилната сум задоволна. Штом не е работата до пари стави си фиксна, може само за некој месец ќе ти се средат. Инаку, и кај мене долните се ептен разиграни, кој напред кој назад, ама не се замарам со нив, не се уприметува толку кога се смеам или кога зборувам. А и мене ме гледаа чудно секогаш кога ќе се насмеев демек и многу ми сметаше кога ќе почнат да ме прашуваат демек они се совршени. |(
     
  20. Viiiiip

    Viiiiip Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    399
    На мајка ми денес и се скршила 3ката лево, не само што и се скршила цел заб и останал. Тој и онака беше потемнет, бидејќи и беше мртов заб, ама сега уште толку отишол. Многу е разочарана како била грда ваква таква. Ве молам, ако некој се соочил со истиот проблем, да ми каже најдобро решение за проблемот и отприлика цена? Морам да и најдам решение. Греота е... И дали се прават на клиника или исклучиво по приватниве... :)