Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Порцелански заби или не?

Дискусија во 'Лице' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ставам метало-порцелански навлаки. Докторот ми понуди од 50 и од 75 евра. Разликата е во соодносот на метал со порцелан. Тие од 75е некако ми изгледаат поприродно, а и потенки се. Ќе ги правам кецовите, двојките и тројките, последниве не мора, пошто се здрави, ама едната тројка ми е малце крива и заради естетика ќе им ставам. Уште да се одлучам од колку пари и едвај чекам нови заби
     
  2. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    Разликата сигурно не е тоа. Освен ако металот не е видлив позади кај забот и на џвакална површина, дебелината е иста. Евентуално може поинаку да препарира или да праќа кај друг техничар. 50 е цена за внатрешноста, 75 би рекла за ск метал порцелан.
    @Annath да ме поправи ако грешам.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.755
    Пол:
    Женски
    Тој ми рече дека кај овие од 75е,металот бил дупло потенок од тие од 50е. Ми покажа и слики. Некако поприродно изгледаат. Сестра ми има од 50е и се познава дека не се нејзини забите, поиспакнати се.
    Извини метало керамички се, не метало порцелански
     
    Последна измена: 11 септември 2021
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    14.419
    Пол:
    Женски
    Ги осеќа ко страно тело затоа што не му се добро направени. Јас имам и коронки и фасети и понекогаш заборавам дека имам заби кои не се целосно мои. Слободно нека си јаде, не мора јаболки да гриза, ама нека си џвака нормално, нека не се плаши.
     
    На buba4e89 и anggell им се допаѓа ова.
  5. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.768
    Допаѓања:
    23.993
    Пол:
    Женски
    Ако воопшто може да си дозволите, ставете безметални и одберете добар стоматолог и техничар.
    Разликата со метал внатре и без е огромна, речиси кај 90% од металните потемнува непцето над мостот.
    А, тоа дека некој ги чувствува како страно тело е само поради нестручна обработка на истите.
     
  6. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    3.479
    @forumce тие од 75€ можно е да се титан-керамика, кој исто така е метал но е полесен од класичниот.
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.550
    Допаѓања:
    201.678
    Пол:
    Женски
    И тоа е ниска цена за таа опција, да се праша човек што всушност ставаат.
     
    На naturally и forumce им се допаѓа ова.
  8. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Јас сум многу млада (20год.) и од страв забите страшно си ги уништив. Сега собрав сила, ги средив, поправив ама предните ми се потемнати двете 2ки и еден кец. Сега се одлучив дека најдобриот начин за да си го продолжам животот нормално е да си ставам навлаки на горните предните заби. За цена не сум воопшто загрижена имам заработено доволно за сама да си го покријам трошокот и да ја одберам подобрата опција.
    Она што ме измачува е дали забот се стружи многу па за 20, 30 години да немам воопшто заби на тие места, дали потоа ќе можам да јадам нормално или ќе треба да пазам? Дали да дозволам и тој еден здрав кец да го стружат за навлака (иако би морало зошто се малку искривени)?

    И уште едно, на извадена 5ка и 6ка дали да се прави мост или само од оние мали виличина кои нема да ми сметаат?

    (Ве молам без осудувања, низ овај проблем лугето ги осудуваа и моите родители и мене за "негрижа", а се работеше за невиден страв)
    Ви благодарам.
     
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    3.849
    Пол:
    Женски
    Порцелански ли ти се? Јас сакам мост ќе се гледале телчиња или жички што се не знам, не знам дали станува збор за исто ама заболекаров ме убедува подобро без мост да се стругаат околу нив по еден заб и порцелан. Ми фали 3ка и 5ка мене од десна страна.
     
  10. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.819
    Допаѓања:
    39.462
    Нема да ти "исчезнат" стружените заби се стружи колку што треба , ни премалку ни премногу.
    Ако имаш 7 и 4ка евентуално и 3, секако дека се прави мост. Имплант за млади е подобро но и поскапо
     
  11. Lady..M

    Lady..M Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Женски
    Мила ако ги правиш, прави ги сите заедно. И здравиот кец. Да бидат исти. Инаку ќе дели. Мене ми е скоро цела горна вилица направена и не жалам. Јадам се. Велат јаболки неможеш со такви заби. Можеш. Гризам се. Сега нема да кршиш ореви, да отвараш пивски шишиња нели? Тоа ни со свои заби не го правиме.
    За 4ката и 5ката (ако се горе) исто навлаки ќе ти стават, ама за да држат ќе треба и тројката од таа страна. И бидејќи едната тројка ќе ја направиш, ќе мораш и другата. Ќе ти дојде скоро цела вилица.
    Ако имаш пари собрано, слободно ич не думај се. И бидејќи си млада, немој никогаш во животот мислењето на другите и осудувањето да те прават несамоуверена и да те туркаат. Само напред :l:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Моите кецови горе беа криви еден врз друг и имав многу корења, имав извадено многу заби. Јас сама се доведов до таа ситуација на млади години да бидам без заби затоа што кога ќе седнев на столот добивав анксиозни напади. Сите ми се порцелански, и напред и назад. Немаат изгубено боја,немаат потемнето,јас воопшто не ги осеќам,се јадам и гризам. Се стругаат забите,се прават по мерка, за загризот се зима мерка се комплет.

    Јас те разбирам истото го поминав, најдобро стави порцелански мост каде треба и цел живот ќе се смееш,ќе ти се дигне самодовербата и ќе јадеш полесно. Нема да се мачиш со болки повеќе. Слушни повеќе мислења од различни доктори.
     
    Последна измена од модератор: 16 септември 2021
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.745
    Допаѓања:
    14.419
    Пол:
    Женски
    Ако предните заби не ти се ептен криви, ако релативно ти се здрави и сакаш да направиш само корекција на бојата, може да ти направат бодирање на забите, фасети или ламинати. Не мора коронки веднаш.
    Сепак тоа мора да оцени стоматологот, зависно од состојбата.
    А за задните, можеш мост да направиш.
    Знам дека многу велат дека е греота да се стругаат здрави заби, ама па животот е премногу краток за да не се чуствуваш убаво или да се криеш додека се смееш. Мене самодовербата драстично ми се смени откако направив неколку зафати на забите.
     
  14. teressa

    teressa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    429
    Допаѓања:
    514
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки имам едно прашање. Дали за ставање навлаки (тие што ги лепат врз ваши заб самп за естетски изглед) дали може да се стават ако забот е претходно пломбиран? Не ми се допаѓаат забите естетски како ми изгледаат и би сакала да го средам тоа. Знам опција е Цирконија зафатот сличен како порцелан што е ама тоа ми е последна опција па би сакала за предлог некој што би ги зачувала своите заби и врз нив нешто да се направи без да треба да се стругаат до тој степен како за порцелан што се. Благодарам однапред.
     
    На *Лаванда* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ElenaBUTTERFLY

    ElenaBUTTERFLY Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2021
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Колку чини мост на еден заб кој недостасува? Фала ❤️
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.092
    Пол:
    Женски
    Ќе те фати некаде 150евра за три заба. Тој што фали + два држачи.
     
    На ElenaBUTTERFLY му/ѝ се допаѓа ова.
  17. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.587
    Допаѓања:
    10.817
    Пол:
    Женски
    Само доколку имам потреба некогаш скраја да е, инаку здрав заб не би менувала.
    Секој со своето размислување.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anche1111

    Anche1111 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    96
    Пол:
    Женски
    Здраво да прашам се решив да ставам порцелан горна вилица бидејќи скроз ги изгубив забите во бременост(почнаа сами да се кршат да се ронат) а и претходно ми беа подрасипани и сега идам ги лечам, прашањето ми е дали некој што го лечел па ставал порцелан колку време траела таа процедура со лечењето одприлика ?
     
  19. *Лаванда*

    *Лаванда* Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2021
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    1.505
    Постои нешто такво и се вика фасети. Разговарај со стоматологот, сигурно убаво ќе ти објасне:inlove:

    После вака ќе бидеш --> :D
     
    На teressa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dekorado

    Dekorado Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2020
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Здраво

    Дали некој скоро ставал мост и дали може да ми кажете цена за мост за еден заб. Негде горе прочитав 150 евра за заб плус држачи ама некако страшно многу ми дојде.
    И дали некој може да ми каже процедура колку трае се тоа преглед мерки изработка колку дена дека многу ми се брза