@teressa кога се прави мост дали исто се стругат забите Немам јас двојки и едната страна единицата и тројката ми се скоро еден до еден,но другата страна имам многу простор и плус помегу двете единици имам поголем простор Е сега ми предложија мост на шест заби Незнам јас како оди таа процедура само тоа ми го кажаа као дека два ке има носачи нешто рекоа Е сега ми е страв дали со текот на времето може моите заби да се расипат или тоа нема врска со тоа што ке ми го прават Првите четири ми се здрави веке четворките и петките ми се сите правени и некој имам умртвено И ми е страв со тоа што јас немам двојки а и немам простор од едната страна за друг заб,на другата имам само како ке се изведе тоа да изгледа ок Нема да ми бидат големи ? Некако имам многу страв,и тоа правење мост дали се става заб кога фали во случај како мене Не сум во Мк да разговарам сега детално со докторот,предходно разговаравме но само ми предложи тоа дека треба мост од 6 заби со два носачи и тоа рече дека кога ке се вратам и ке бидам одлучна да ги правам дека ке разговараме подобро што и како Секој совет ми е добредојден дали да се решам на оваа опција
твоите заби ќе бидат стругани во форма на колче и на нив се ставаат порцеланските или цирконските заби,можноста за расипување секско не е исклучена,а зошто не ти предложиле фасети ако веќе твоите заби се здрави само колку естетски да ти се корегира насмевката без стругања на постоечките заби
Како што пиша членката пред мене тие заби што треба да го држат мостот се стругаат и ти го става мостот за да се пополнат празните места нели. Ако имаш повеќе простор најверојатно 2 заба наместо 1 ќе ти стават ама сепак тоа докторот на лице место ќе го види и ќе ти каже што највеќе ти одговара. За величината ги прават да одговараат на останатите заби. Јас ги направив поголеми ама тоа ми беше и потребата мене бидејќи требаше да се подигне вилицата и плус јас скоро сите на горна вилица ги правев. Ќе ти земат мерка според остатокот од забите и така ќе ги напраат не се секирај. Во секој случај ти кога ќе дојдеш во Мк распрашај се и побарај 2 мислења пред да одлучиш.
порцелански заби и мост исто е? колку коштаа ова процедура во нашата држава? Имам 4ки и 6ки за во отпад ахахах затоа прашувам
Двете единци ми се порцелански скоро година дена. Имам чувство како да ми се мрдаат малце додека ги пипам со јазик а вака кога јадам или било што друго не, мада не знам дали тоа е затоа што сум голем паничар и само на најлошите работи мислам… Дали имал некој вакво искуство и дали мојот стоматолог може да примети дали навистина ми се мрдаат…
Фала ти на одговорот. Ако на пример навистина забите ми се малце “олабавени” да кажам, како може тоа да се реши? Дали треба нови да ставам или
Треба да се види причината, дали се мрда твојот заб или е одлепена коронката од забот. Ако е одпелена има можност за прелепување. Најдобро е да те види доктор.
Zdravo devojki moze li sovet bidejki pred nekolku dena gi izvadiv site zabi i gorna i dolna vilica bidejki nemozese nisto da se napravi ve molam za sovet dali obicna vilica ili so kolcinja i kako se dvizat cenite vi blagodaram
Za toa da si najdes nekolku doktori i da si razgovaras za cenite i koja ti odgovara da si izberes. Obicna vilica e daleku po eftina od implatanti.
Mene edinica i dvojka ( spoeno se drzat fakticki) mi se gi imam veke 15 godini,eve sega pocnav da custvuvam kako da mi mrde i posto sega sum vo faza pravam zabi vadam ziveci, ja prasav mojata doktorka.i ona go fati vika ne e nisto,a i nedaj Boze da padne ke go zalepime.pak....taka da ic ne se sekiraj
Фала ти многу на одговорот, јас сум целата испаничена затоа што некое време нема да бидам тука за да можам веднаш да реагирам кај мојот стоматолог а имам такво чувство као да ми се мрда…
Не може никој на форум да ти каже што да правиш. Дали ќе ставаш импланти или обични акрилатни протези (пластични), може да ти каже само стручно лице. За да се види дали може твојата ситуација да се реши со импланти, прво треба да се напрват соодветни снимки и врз основа на тоа дали имаш услови (доволно коска во двете вилици е минимумот), ќе се реши дали може да ставиш импланти. Исто, важна е и причината поради која си ги извадила забите, дали поради напредната пародонтопатија, или од негрижа и нередовно одење на лекар. Ако е пародонтопатија во прашање, дискутабилно е решавањето на ситуацијата со импланти, има ризик да се расклатат исто како твоите заби. Освен тоа, процесот со ставање импланти трае долго, чини многу, и имаш 50-50 шанса да биде успешно. Акрилатните протези се поевтина и побрза варијанта, преку фонд може и на пет години да ги менуваш. Консултирај повеќе специјалисти, види што ќе ти кажат. Не барај мислења од луѓе на форум, оти никој не може да ти каже што треба да одбереш како решение.
Здраво,дали некој во поскоро ставал навлаки на заби без стругање на заб,да сподели искуство каде и колку чинат?
Само на два заба ми треба навлака ама забарот рече на сите дека после ќе се разликувала бојата. Па после прочитав коментари за клиниката дека само пари гледале да земат па се запрашав дали мора на сите навлака или само на тие два, а на другите белење на заби?
Јас планирам да ставам фасети на два заба, се консултирав со докторката и баш ја прашав конкретно за ова: дали може да се стави само на два заба и дали би имало разлика во бојата во однос на другите заби. Ми рече дека бојата се прилагодува на природната боја на забите и нема да има никаква разлика
Јас дури дома кога дојдов отворив рецензии да прочитам на гугл и си поврзам, викам да не не мора така да прашам и тука подобро. Стварно значи за пари е работава, за странство се работи.