Подобро е да немаш на имплантите привремени, има можност за пластичен мост од 5 до 8 кои ти се веќе стружени. Тој ќе ти биде само за естетика, за јадење никако.
Подобро импланти, не стругај заби безпотребно, млада си. Инаку чудно е да се одлепи мост после година и пол, можеби осмицата била премногу стружена, па нема ретенција, ама и лепењето можеби не е изведено како што треба. Има многу можеби, јас лично кај млади ако имам избор, не стругам тројки. Ама во твојов случај дискутабилно е 4 и 5 дали ќе го поднесат оптоварувањето, ако осмицата е мала. Ќе попуштат и тие за кратко, оти товарот ќе е главно на нив затоа подобра опција ти се импланти, ама и за тоа нема 100% гаранција. И гледај да биде некој добар имплантолог, не некој приучен.
Осмицата е мала ептен Истото го мислам и јас, иначе да се одлучив за импланти, и сеа додека се тоа потрае бидејќи ќе биде подолг период 5ката што ми беше стружена и ставив навлака, заболекарот вика не знаел колку така ќе стоела сама, можело да се одлепи.
Наредна недела треба да ги стружам забите за коронки. Какви се вашите искуства, дали е болно, како функциониравте тие денови додека да ви ги стават коронките?
Не е лесен процес, но се трпи. И брзо се заборава кога ќе се видиш во огледало со новите заби Ако се сеќавам добро, имав привремени навлаки, малку шушкав при зборување од нив и тие денови јадев кашеста храна ( супа, палента, јогурт…). Може малку осетливи ќе ти бидат непцата и забите, ама се издржува неколку дена.
Искуство некој или што мислење имате за овде? https://m.facebook.com/story.php?st...JTDA9Dv47l&id=116756958008473&mibextid=Nif5oz
Не се разбирам во фасети, венири, коронки... ама ме интересира што од овие е најдобро во случај на предни заби (единици и двојки) што се разместуваат по вадење фиксни протези? Дали некои од нив спречуваат натамошно искривување? @Annath
Под разместување мислиш разделување или? Ако да, тогаш најбезболно е пломби измеѓу. Без оштетување на забите и новчаникот
Работата е во тоа што на забар не ми објаснија многу, ми ставија некои пломбички од предната страна на забите, малку ја изменија формата, ама не помина ни година а пломбите почнаа да пукаат и да се познаваат дамки. Така што сега и тоа ми е проблем. Не знам дали се исплаќа да ги средувам така почесто или да ги стругам забите.
Не ни требало да се разместуваат ако носиш ретејнер или мобилна протеза после вадењето на фиксниот апарат. Ама од овие погоре набројаниве, коронки врзани во блок се опција да не се разместуваат забите.
Пишав и во темата мајки во германија, па ај викам и тука. Колку пари е еден преден заб на долната вилица да ми стаат? Ова за во Македонија. А ако знаете може и за во Германија да ми кажете.
Не знам за Германија, ама сум слушнала дека таму фондот покрива за предни заби, не знам дали до 3ка или до 4ка. Распрашај се како оди тоа. А тука имплант е околу 600 евра, и е подолга процедура. Ако ставиш порцелански заб мора да се стружи и тој до него и да се стави навлака и на него, за да има на што да се држи. Еден заб е околу 60/70 евра
Здраво, Дали ставивте коронки на забите и какви коронки (метални или нематални),како се чуствувате со новите заби?
Стружењето не боли затоа што се прави со анестезија, по стружењето може да имаш болки ама поминуваат со еден бруфен или нешто за болка. Додека ги стружат се изработуваат привремени навлаки за да не си со затворена уста додека да биднат трајните и тие ти ги лепат после. Дефинитивно безметални ако си во можност. Имав коронка на преден заб (само една) метална и по 2-3 години потемне непцето над коронката, многу лошо изгледаше. Ми рекоа дека е така кај металните колку добро и да се направени. Потоа ставив од циркониум, и многу подобро изгледаат. Чувство имам со забите исто како да се мои, никаква разлика. Непцата легнаа скроз врз забите и изгледаат многу природно. Ако не кажам сама никој не ни помислува дека се вештачки зошто се потранспарентни на врвовите каде што се тенчат, исто како природен заб. Се надевам помогнав со моево искуство.
@*Лорена* дали мост правеше или само еден заб како што имаш пишано? Колку време веќе ги имаш? Јас треба летото да ги правам но сеуште сум на мисла.Јас сакам да ги правам за естетика, бидејки немам двојки. Моите заби се здрави но многу ретки. Па се мислам што ако згрешам.Но еве вака искуства и мене ми се добредојдени
Мост, од тројка до тројка. Една коронка имав претходно, таа беше метална и добро изгледаше само првите 6 месеци. Од естетски причини ако се работат повеќе предни заби препорачуваат да е тоа од 3ка до 3ка. Освен на клиника, таму сакаа заб преку заб, да не се сите зошто се ептен економисти, па ми викаа дека немало потреба. Имаше опција и од 2ка до 2ка да ги направам, но ме посоветуваа вака и не згрешив. Сепак кога ќе се насмееш нели ударно се гледаат од 3 до 3, па пофино изгледаат вака слеани. Сепак за конкретен случај ќе ти каже стоматологот нели. Мене и ми вадеа заб и + други фактори имаше па на карај испадна вака. Ако ти мачи за тоа какво ќе ти биде чувството после и дали ќе ти е чудно (мене од тоа ми беше најмногу страв) во мојов случај ги чувствувам исто како свои. Година дена ги имам и до сега бев еднаш на чистење (пескарење или како и да се вика) и не сум имала никаков проблем.
кај ги правеше ако не е тајна и колку време траеше процесот - од стружење до фиксирање? Привремените навлаки ги ставаат веднаш после стружењето или мора да помине ден?
Да предлогот беше и кај мене од 3 до 3 да се направи мост како посигурно дека е. Но не разговаравме многу на таа тема бидејки не планирав тој период да ги правам само така ми кажа и рече кога ке решам ке се направи слика се комплет и тогаш ке разговараме подобро. Само мене ми е страв после неколку години да не попушти се тоа. Дали ви Скопје ги правеше? Јас не сум од Скопје но ако има некој навистина добар доктор професионален во оваа работа не ми е тешко и таму да отидам да ги направам И уште нешто сакав да те прашам колко од прилика излегуваат со цена? Мене ми рекоа како прилично околу 1300-1500 евра безметални да бидат. Искрено не се разбирам многу што е најдобро и затоа и читав многу на оваа тема. Сепак ти благодарам за споделеното искуство