Па зависи што треба да се среди пред да се стави мостот. Јас имав и корен за вадење и нешто за средување па подготовката почна од таму. Инаку правиш панорамска слика, стружењето се прави во еден ден. Околу час и половина со анестезија Пред да ги стугаат ми земаа отисок за привремени навлаки. Додека ме стружеа на машина се направија привремените навлаки и по стружењето ми ги залепија. Така да не бев штрбава во ниту еден момент Пред да ме стртугаат дојде техничарот за да ме види, да го види обликот на моите заби, ликот, вилица (иако имаше и слики ама сепак друго е во живо). Мостот се изработуваше 4-5 дена, па имав проба. На пробата се направија корекции кои ги сакав (форма, боја) па за 2-3 дена беа готови. Мостот ми го залепија привремено, да го поносам недела дена, да видам дали нешто ми пречи или не ми се допаѓа за да го корегираат пред да го залепат трајно. Се беше во ред па отидов по една недела за трајно лепење. Ме чинеше 200 еур од заб, со тоа што во таа цена беше вклучен и привремениот мост. Ќе ви пратам во порака контакт од ординацијата, да не испадне рекламирам. Докторот кој ме правеше е орален хирург и кај него отидов по препорака на негови колеги стоматолози. Задоволна од ординацијата, материјали, хигиена, пристап и нивното огромно трпение. Ако можам уште нешто да ви разјаснам слободно пишете. Едит: Катја прати ми порака, јас не можам
Здраво! Сакам да менувам порцелански заби, но не знам кој забар во Скопје е профи. Доколку имате некој да препорачате, ве молам пишете ми! Благодарам однапред!
Денес конечно ги ставив, се уште не се трајно фиксирани, нели да пробам како што. Самиот процес како процес го поминав скоро па безболно. Немав некоја голема болка, минимална. Ни за време на стружење, ни по стружење. Јадев буквално се Нормално внимавав, загриз не можев правилно да правам бидејќи предните заби беа кај мене стружени. Ама сега сум со друг проблем, ги чувства туѓи, ме нервира, не ми е пријатно во устата. Мислам дека треба малку да се намалат и ќе му кажам на стоматологот, ама сепак туѓи ми се. За колку време се навикнавте на коронките?
Ставив циркониум коронки. Забарот ми ги направи во блок ( без да ме консултира) плус техничарот ги направи во бојата како со темни сивкасти цртички. Воопшто не сум задоволна. Дали во ваков случај може нешто да се превземи и дали имам право да барам да ми ги преправи без надокнада.
Ептен ми е жал што не ти се погодиле коронките, јас ставив пред две недели и позадоволна во живот не сум била од нешто. За жал исто така мислам дека ако сакаш било каква промена ќе треба пак да ти ги стругаат и пак наново. Мене како што ми објаснија ако сакам пример друга година да менувам боја треба да ги стругам пак одпоново цели. Пред да ти ги цементираат коронките не ти направија проба?
Не. Имав привремени една недела додека се изработат потоа во ординација ги проба, ми даде огледало и ме праша дало се ок . и ги залепи. Кога си отидов дома ги завележав темните цртички. Ми закажа контрола по две недели.
А замисли моите се стругани ...замисли каква несреќа од која назад нема .. И јас ви кажувам за криви заби порцелани никогаш .. Подобро штрба да бев ...од кога ги ставив не сум иста јас ни психички ниту во уста. Море подобро ич не одете на стоматолог ....јас се уништив отколку што се направив. Моја препорака криви и здрави заби не чепкајте ниту за коронки..фасети...венири што и да било. Јас стоматолог не сум погодила до сеа ...знам сите лажат.
А бе како така зборувате дека ако не се погодени мостовите пак ќе треба да се струга? Живи глупости! Се прават корекции на мостовите. Сега, не може бојата драстично да се смени, ама сепак.
Zdravo.Ve molam za pomos i mislenje.Pred 1 nedela pravev kompozitni faseti na gornite 10 zabi.Mi rekoa so minimalno struzenje, no prednite 6 zabi mislam deka mnogu mi gi strugase.Ubavo mi gi napravi, no nemase nikakva sorabotka doktor so pacient.Sto i da probav da kazam ili prasam mi velese molci ne zbori.Nemozam da se pomiram deka mi gi unisti zabite,posebno trojkite koi bea zdravi zdravi.Psihicki ne sum dobro i ne znam sto da pravam.Ve molam ako ima strucno lice tuka da mi kaze dali mozam da gi izvadam fasetite,si gi sakam moite zabi nazad.Mnogu mnogu sum tazna i ne znam kako ke uspeam da izlezam od ovaa sostojba.Imam 35 godini
Тешко да вратиш стругани заби.. И јас ги сакам моите ама нема назад ...што сме си направиле тоа ке си носиме.. затоа внимавајте на кој забар идете.
Здраво друштво , Ставав порцелански коронки на горна и долна вилица и искрено чувствово моментално е многу грдо. Осеќам болка и стегање кое ми кажаа дека е нормално. Е сега прашањето ми е за вие што сте ставале, како сте се осеќале одма потоа , колку време сте имале болка, и за колку време сте ги навикнале ? Јас дури и на моменти имам нагон за повраќање од што осеќам како тегови да имам во уста
Нормално е првите 2 3 дена стегањето додека налегнат....после тоа ке се изгуби тоа стегање. Исто беше кај мене.
Од сите што имате ставено порцелански заби ...мостови....дали ви се гади од нив ...или само кај мене е така.