Не најдов тема соодветна, па ќе поставам прашање тука. Следам една ординација на инста, каде што забите ги средуваат со техника "бондинг". Ме интересира дали е добро, што се случува после кога ќе треба да се изврши поправка на некој од тие 10 заби кои што се опфатени со техниката, дали чувството кога јадеш и џвакаш е исто како со природните заби?
Јас правев такво на сите предни. Тоа е нешто како само предна маска на забите... Како листови... Ти го мачкаат забот со керамичка пломба. Океј е за поткршен заб. Ама не би гласал „за“. Кај мене, на пример, уште истата ноќ ми се скршија тие од 2 заба. Џабе фрлив пари...
Јас од кога ставив порцелански заби...полошо не сум се чувствувала во животот....еве и моите одоздола мене ме заболуваат..а здрави беа ...слушнав дека за 10 години тие доле нашите се расипувале и ќе мора да се вадат .. За тоа здрави заби под навлаки не ставајте никогаш .. Јас така ги уништив мојте....камо да не направев ваква грешка. Никогаш не сум била толку лошо
Исто и јас се осеќам . И цело време сум на апчиња од што ме болат , не можам асално да џвакам не ни можам , не ми се дроби храната како со свои заби. А кај мене е работата што морав да ставам бидејќи имав доста пломбирани и изгубени заби .
Дали со избелување може да се добие боја а2 од а3? Правам мост, природната боја ми е а3 стоматологот ми рече дека се жолти но сега како што читам по нет гледам дека најчеста боја за природен заб е таа. До сега не сум заприметила баш дека ми е темна коската но сега се замислив. Не знам дали да го правам а2 па да избелувам после.
Може да ги избелиш, ама не ти препорачувам. Ќе потемнат за брзо пак, особено ако си пушач. И да не си, од кафе, чај, вино пак ќе се пребојат. Од избелувањето може да ти станат осетливи на дразби. Лично јас одбивам избелување на заби оти кога еднаш ќе почнеш, ќе ги избелуваш постојано и никогаш нема да си задоволна со бојата.
Инаку а3 не е лоша боја, заедно со а2 и ц1 се можеби најчестите бои што се употребуваат кај коронки за да изгледаат природно. А познативе користат или bleach што е тотално неприродно и премногу бело, или а1 што е исто така прилично бела. Може да ти ги изнијансираат за да личат повеќе на твоите природни, пошто ни природните заби не се клот една боја, туку имаат нијанси, ама за такво нијансирање треба навистина добар мајстор.
Фала ти за одговорот. Не сум јас за holiwood smile за таква вештачка белина само се изненадив зошто а3 ми дојде некако многу темна. Ќе размислам во секој случај како ќе го правам не сакам да ми деле од моите.
Imam zab, ne možam da se setam dali e moj pa nešto okolu nego praveno, ili pak e so kolce onaka praven, mislam deka e taka kako vtoroto, sega mi se klati, kje padne kaj i da e sigurni. Bev na zabar, taa mi vika da go skinam da vidam što imaš, ama ne i dadov pošto za 4 gore se raboti, epten kaj kje odam takva haha. Mi vika ne znam što kje pravime koga kje padne kje vidime, za sega ništo ne možam. Pa valjda 21 vek ima čare za zab što kje padne bez razlika dali e moj ili e bil mrtov pa praven Ne smeam na snimanje, pa e ograničeno sega. Ama pak ako padne što da pravam?
Зошто не смееш да се снимаш, трудна си? Во секоја друга ситуација може слободно да снимаш. Мора да се види каква е ситуацијата со коренот, ако е со колче и падне, тешко може пак да се стави, најверојатно коренот е доста деструиран штом е таква ситуацијата, ќе мора да се вади. После тоа ќе си ставиш заб, секако некое време ќе мораш да шеташ така.
Да, затоа ништо од снимање наредни 8 месеци. Па зарем баш таква да се шетам, нели и е полесно да направи сега заб вештачки, па кога ќе падне, а ќе падне, да го стави? Колку време би се шетала така, не можам, од дома нема да искочам
Како да го направи, ако не е добар коренот? И да го направи, ако отечеш и ти направи проблем, а ти трудна? Терај вака сега, ако падне, тогаш ќе видиш со стоматологот што ќе правите.
Ако дојде проблем и трудна ќе си го правиш забот. Јас сум 7ми месец, скршив заб, и се снимав, и го лечев, и коронка ќе си направам пред да се породам. Подобро сега, него пред пораѓај да ме здоболи. Ама ако немаш болка, инфекција во моментот, најдобро да почекаш после 3ти месец. Идеално ако може да чека до после бременоста тоа, ама ако не може, подобро една локална снимка и анестетик и да се направи, отколку да потечеш, па антибиотици или вадење да треба, особено на крај на бременоста. Лично, без проблем сум поправала заби на трудници, од 4ти до 8ми месец, дури и самата јас имам поправано заби и во првата бременост. Првите три и последниот месец само ако мора, ама ако дојде таква ситуација, не е и тоа крај на свет.
Voopšto ne me boli, samo se klati. Mislam deka mi e toa zab so umrtven koren, pa onaka napraven za izgled pa kolku tera
Најдобро е да се извади, па ќе си направиш мост. Тоа можеш од 4 месец да го правиш. И јас работев со трудници од 4 до 8 месец, сум поправала, сум лекувала заби, сум вадела. Нема никакви пречки за интервенцијата ако се работи за нормална бременост.