Здраво Вииип, мислам дека решение е порцелански заб со штрафче, нема потреба да се вади па да се стругаат соседните два заба, само да и е добар коренот, лесно се решава, цените се различни кај различни стоматолози, јас платив 6500 за некаков титаниумски штраф, сестра ми 3000 денари, и други што кажувале меѓу овие две цени наплаќаат. Не знам дали прават на клиника..
Ми е скршена горната единиа и некако ми ја нададоа имам колче и пола забот ми е бел половина ми е прозирен а другата единиа малку ми се мрда незнам дали е од другиот ззаб и незнам дали ке се смири местото па имам неколку прашања ве молам кој знае да ми каже 1.дали ако е половина скршен забот и е на колче ке мора да се става порцелански или може да се направи некаква навлака 2.дали другата единица што ми се мрда ке се смири или мора и тој да се вади благодарам многу ако ми одговорите
Ахххх...кооолку сум среќна што ја најдов темава Од кога памтам за себе, забите ми се најголем комплекс. Кецовите горе ми се разделени и поголеми од другите заби! На 22-ри април имам закажано, ќе стругам 6 заби горе и ќе ставам порцелански. Малце ми е страв, ама желбата ми е огромна. А вашите искуства, храбри мои феминки, ми дадоа сила Ве обожавам!
Јас ќе правам 6 заби, 45 евра е еден заб. Ќе ме кошта 16550. Во таа цена влегува и стругањето, анестезиите, контролите...СЕ
Јас пред еден месец направив 8 порцелански, горе и 8 порцелански доле, ме чинеше 720 евра, а немав никакви проблеми со забите, сите ми беа здрави ама ми беа раздвоени, прво ми ги стругаше доле, па една недела си седев домче после тоа горе, пак една недела домче, осетливи се многу, посебно на ладно.Така малце е мачно ама сега кога ќе се насмеам се исплати за сите маки
Девојки, јас завршив! Ставив 6 порцелански заби, процесот е речиси безболен, а јас сум презадоволна. Конечно се смеам постојано!
Имам проблем со горните заби кецовите и двојките од кога ги забив во кола...а тројката ми се скрши...Е сега тројката беше непоправлива и морав да ставам навлака а овие другите ми се цели како испукани ко ке ги видам на светлина и ми се корегирани со пломби...Сакам да ставам навлаки од четворка до четворка и сакам да ја извадам навлаката на тројката затоа што воопшто не ми се допаѓа...Само ми е страв да не ми излези заедно со забот и да не ми се повлечи непцето...Има некој вадено навлака?!
јас имам ставано од 3ка до 3ка порцелански заби и јас истиот случај како тебе верувај не е ништо страншно ке се олесниш за цел живот ке немаш ниакков проблем
Се плашам премногу од заболекари...Но што да се прави, мора да се оди.....Е сега, имам 3 заба многу расипани и сигурно ќе ми каже дека ќе сака да ми ги умртви...но веќе имам 2 мртви, така да несакам тоа да се случи....Дали доколу се извади некој заб, постои друга алтернатива освен стружењето на заб до него па порцелански заб? Или тоа е неопходно? За имплантите несакам ни да зборувам...Болело ненормално
не боли ненормално пошто ставив имплант пред 6 месеци и супер е подобро нешто нема за замена на еден заб без уништување на соседни заби...само ненормално е скапо заедно со коронката на импалнтот ме фати 760 евра...е тоа е ненормално а не болката....едвај си ги собрав парите не се кајам нормално пошто трајно сум си решила проблем ама ова со ценава е претеризам бе!!!!
Јас имам едно порцеланско запче со навлака, и ми изгледа сосема природно, не се ни приметува. Спас се порцеланските заби.
Треба да ставам навлаки па ако може некој да ми препорача добар заболекар во околината на Скопје, Тетово или Гостивар.
Феминка кај го ставаше имплантот и колку врмеме трае целата процедура, мене 2 ми е инфецирана и се мислам дали да ставам имплант а нема да бидам во земјата неколку месеци.И додека се биде готово как заб носиш за замена, сигурно имаш заб на местото каде треба да биде имплантот. Те молам објасни ми феминка и јас сакам да си ставам па баш би сакала да слушнам искуство.
Никогаш не би препорачала имплантација доколку не е краен случај. Работата е тешка, ризична поради можност за повреда на синуси, нерви и слично, а уште пострашна е можноста за отфрлање на имплантатот од организмот како што би отфрлил и било какво друго трансплантирано тело. А и постапката, страшна е. Се буши во коската, одвратно и непотребно.
Во понеделник треба да одам да ставам навлаки на неколку заби, дали таа процедура е болна, докторката ми рече дека трае околу еден час со анестезија ке било се, но пак ме интересира дали боли ?
Не боли воопшто, јас ставив пред 4 месеци. Сè на сè и дали 45 мин. траеше вкупно (заедно со ставањето анестезија и чекањето да почне да делува) и плус местењето на привремените дури овие „оригиналните“ не бидат готови. А, рачунај јас два заби извадив за тоа време и плус четири ми стружеа.