@Annath приметувам на долната вилица кај едниот кец како да ми е повлечено непцето. И при земање воздух осеќам болка на дола вилица. Првично мислев дека е ради ерозија/абразија што имам. Ама сега се замислувам дали е тоа почеток на парадентоза? Со оглед сум во план да ставам цирконија на горна вилица за почеток, а планирам после и на долна...што во ваков случај ако ми се повлекува непцето на долна вилица,...дали решение е коронки или? Ако ставам коронки, а непцето почне да се повлекува и на други заби што во таков случај?
Пародонтолошки третман прво, ќе се консултираш со специјалист за тоа. После коронки ќе правиш. Ако е преголемо повлекувањето, да се работи на враќање на непцето, ако треба и хируршки да се среди за да не се повлекуваат понатаму.
Ќе одам деновиве кај стоматологот секако да ме види. Договараме цело време за горна вилица дека ми се кршливи фронталните и да ги заштитиме со коронки. И на долната не ни обрнуваше внимание претпоставувам. А ова може и поголем проблем да биде. Пример ако се востанови тоа дека е парадентоза, дали е препорачливо да ставам коронки на горна вилица а за долната да чекам да видиме што ќе се случува со непцето или? Јас сакав да ставам посветла нијанса (бидејќи моите се ептен жолти). Е сега ако ставам на горна вилица коронки посветли долната ептен ќе двои, а па и ако се искомплицира со долната да не можам да ставам коронки, е тогаш жива ќе се изедам. Денес само тоа го мислам дали и да почнувам со стружење на горна. Уф. Дај утеши ме нешто.
Пред да правиш било што горе или долу, направи пародонтолошки третман. Така и треба по правило, ама кај нас не секој оди по протокол. Ако имаш пародонтопатија, не е пречка за да ставаш коронки, напротив. Само пак ќе кажам каде што е повлечено непцето, макар било само на еден заб, пожелно е да се врати во првобитната состојба и после да се оди со коронки. Ако не се врати со класичен третман, непцето секогаш може да се среди хируршки, не е ништо страшно тоа.
да така и јас размислувам. Ќе откажам стругање засега, прво преглед на долна вилица, па после се друго. не сакам да ставам нијанса две посветли горе, па после да се установи дека имам проблем со долното непце, па да шетам со распар вилици . стравот ми е дека и ако ставам на долна вилица коронки после третман на непцето, за некоја година да не ми се повлече пак, е дури тогаш ќе ми бидат уште поосетливи . Леле те пукнав. Ама мислам дека стравот ми е оправдан, иако забарот ми вика е шо има врска горните коронки шо ќе ги ставиме со непцето на долна вилица . дотолку повеќе што реално мене ми се истрошени кецови и двојки горе и заради тоа ајде да ги покријам сите со коронки. а на десна страна па скоро сите ми се со минимални пломби.значи не ни мора да ги стружам ама јаде барем да ставам посветла нијанса на сите.
Секој протетичар сам си одредува цена на коронки, нема една цена кај сите. Металкерамички коронки се околу 70-80е во просек, целосно порцелански 160-180е, ама има доктори што имаат и пониска и повисока цена од ова.
Има безметални и за 100-120€ се зависи до тоа колкав апаш е стоматолог кај што одиш...Еве мојот стоматолог ми ги искрши моите предни заби бидејќи го мрзеше да струга за да го извади стариот мост и кажа на сестрата не можам да се замарам...И за секој заб шо ми стави колче и некаква си пломба додатно ми наплати ненормална сума
100е за безметална коронка е нереална цена. Ако на стоматологот му се исплати да направи заб за таа цена, нешто не штима, негде крати на квалитет. Ако ти ги цементира со несоодветен цемент пример, бидејќи е поефтин, автоматски нема да ти траат толку долго. Тоа е само еден прост пример како ниската цена го афектира крајниот резултат. Чисто за споредба, јас лично платив 200е за една целосно порцеланска коронка, плус скоро 200е за лекување на забот со колче и пломба. Знам дека има поефтино кај некои стоматолози, ама немав намера да ризикувам кога се работи за мој сопствен заб. Сама на себе не можам да си го направам за да поминам поефтино.
Кој ги знае шо прават, мош има различни материјали кои влијаат на цената. Секој техничар си одредува цена дали му се исплаќа или не. Сигурно материјалот за еден заб не кошта повеќе од 100€ па техничарот сам може да си одреди колку ќе биде ќар. Некој шо ги наплатува поевтино може да придобие повеќе муштерии и да има поголема заработка од тој шо ги продава поскапо но може да биде и обратно. Исто како занаетчиите некои работат со ист материјал а земаат различно за работна рака, некој може да работи со полош материјал и да зема помалку за работна рака но може да зема и повеќе за да има поголем ќар. Тука не можеме никогаш да бидеме 100% сигурни. Лично јас попрво би одбрала циркониум од 100€ отколку со метал за 80€. Првиот мост кој го правев пред 10 години од прилика ми падна после 3 години а ги платив 150€ од заб. Сега одбрав од 120€ па ќе ви пишам ако има некој проблем Само знам дека 70% од износот оди за техничарот остатокот е за стоматолог, барем така ми кажа докторката што првиот пат ми ги правеше.
Јас сум стоматолог, затоа давам пример и јас лично колку сум платила. Точно знам колку зема техничарот, а колку стоматологот, а знам и зошто има различна цена на различни места. Проста споредба да направам, во ординацијата кај што една пломба беше 600ден, тубата со композит беше околу 800ден. Во следната ординација кај што работев, една пломба беше 1500ден, а една туба над 3000ден. Двете туби се нанокомпозити, и во двата случаи јас исто ќе го сработам забот, ама не е исто од која пломба ќе ставам. Нешто слично е и со коронките.
Зависи колкави пломби. Ако се големи, што 80% се, можеш и со 3-4 пломби цела туба да ја потрошиш. Плус во таа цена прерачунај компреса, сисалка, памучиња, дезинфициенси, стерилизација на инструменти, плус работна рака на доктор и сестра. Ако сака докторот да наплати поефтино, логично дека ќе купи поефтин материјал зошто другиве работи сите од истите веледригерии ги купуваме, и струја исто плаќаме.
Ахам разбирам...Фала на одговорот. Имам уште едно прашање Дали според тебе а2 бојата на циркониа коронки изгледа многу жолта?
A2 е најсекојдневната боја на заби, најприродна бела боја на заби што не е премногу бела (има жолт тон). Ако имаш желба за впечатливо бели заби, има и побели нијанси. Ако сакаш скроз просечна боја, А2 таман ќе одговара. Зависи и од почетната боја. Ако природните заби биле А3-А3,5, кога ќе смениш на А2 ќе изгледаат значително побели.
Бојата на моите природни заби е А2 многу се двоумев помеѓу А1 и А2...Не сакам премногу бели. На интернет разгледував, многу имаа пишано дека А1 биле многу бели и изгледале неприродно затоа се одлучив за А2. Се надевам не погрешив.
A1 е исто боја која некои луѓе природно ја имаат, само поретко. Премногу бела не е, ама А2 е сосема океј, чим и твоите заби биле таа боја, сосема одговара да се избере истата.