Вака пример за боја не се користи. Боја на заби се бира на природно светло во живо. Од слика или на флуросцентно светло во ординација многу различно може да изгледа, плус зависи и од тенот, бојата на очите и бојата на косата. Разликата помегу две соседни нијанси (како А1 и А2) е минимална, скоро непостоечка гледано на слика.
Изгледаат убаво и природно Јас ко ги видов во ординацијата сите ми изгледаа многу жолти дури и привремените се исплашив ко ги видов си викам можно ли е да не сум приметила дека забите ми се толку жолти..Ама ко ги видов дома друга е бојата, белички се...Исто приметив кај другарката во затворена просторија забите и беа многу жолти а ко излеговме надвор не беа толку жолти.
цела вилица за покри со навлаки? И јас сум во процедура ама ме тепаат црни мисли , дека нема да ми лепат убаво, дека ќе ми дише забот, така некако..... абе хаос сум.си мислам дека нема да можам да јадам. Како помина ти? брзо им се навикна за јадење? јас заради тоа што предните заби ми се трошат и ронат, па стоматологот ми препорача од 6 до 6 навлаки заради загризот да се подигне. @Annath ја пукнав од вакви прашања. Основани ми се моите црни мисли?
Ако му веруваш на докторот, нема зошто да се опседнуваш со црни мисли. Подобро е да ги заштитиш забите сега, отколку да чекаш да се изронат, затоа што тогаш ќе биде потешко.
Треба да вадам 1 заб и тоа место да го покријам најверојатно со мост со соседните заби. Прашањето ми е, за колку време најбрзо би се завршила цела процедура? @Annath @Spidy
После вадење заб треба да чекаш барем 6нед да зарасне коската како што треба. Можеш и одма да си направиш мост, ама после кратко време ќе се повлече непцето ако се избрза со целата процедура.
Девојки Ставив цирконија на горна вилица цела. Уште не ми се фиксирани. Ама се ми е чудно. Страв ми е да јадам. Крајните добро ги осеќам ама предните баш како да не се мои, и си мислам готово ќе ми паднат. Можеби дека ми се малку подолги направени бидејќи кај мене глеѓта беше намалена на забот и ќе треба плус да се стругнат ми закачаат. Вие што ставивте коронки/мостови скоро на цела вилица за колку време се навикнавте? МислаМ дека 5 кила ослабев дека само сум на мекана храна.
Има неколку дена откако ми се фиксирани .И јас не можам да јадам се..Вчера порачав хамбургер лебчето не можев убаво да го загризам како гума да јадев.. 6ката и 5ката ги осеќам како да ми се меки не знам зошто, ми сметаше малку коронката јас со забите си ја изгмечив и направив да ми е таман не знам колку е нормално тоа...
На цела вилица ставаше? Како ти се во блокови? Јас некако тешко ги осеќам кецови и двоји бидејќи ми се споени сите. Ваљда треба време
Ај со здравје да си јадеме . Јас ептен сум во паника леле шо направив ама ај бидна. Многу се лични ама психата никако да ми се смири.
Јас не се замарам толку за тоа..Само чудно ми е што осеќам како едната коронка ми е мека и си ја "џвакам" нон стоп не знам дали да се јавам на докторката да ја прашам зошто е така
Колку што ми е мене познато од другарки со коронки, мостови итн. не ги чувствуваат и најнормално си џвакаат. Ама не сум упатена во проблематикава и не сум ни забарка, така што сепак не можам со сигурност да тврдам.
и претходно имаше коронки така? со тек на време не ти се пикаше храна внатре? Абе секој ден имам по некоја дилема. . Абе се самоутепав со ова еј
Имав на предните 6 само ..Не ми се пика храна внатре. Треба да одеш кај стоматологот да провери шо е работата, па ако треба да ги преправи
Ама мене сеуште не ми се фиксирани, само со привремено лепаче малку некој ден да ги носам за да видиме како ги осеќам кај да се стругне дополнително.
Ахам...Мене одма ми ги фиксира..А привремените ми паѓаат среќа шо не голтнав некоја Пак си ги ставав и продолжував да јадам