Здраво. Некој во скоро време што ставал порцелански заби да ми каже како се движат цените, мене двете единици ми се порцелански, 4 год ги носам и некако бојата ми е сивкаста не ми се допаѓа тоа па сакам да ги сменам или ако има начин дали можат да се избелат некако … @Spidy ти си стручна за ова, те молам одговори ми
Околу 80-100е за металкерамика, 150-200е за целосно порцелански. Има и за помала и повисока цена од ова, зависи кај кој стоматолог ќе одиш, ова е просекот. На коронки не може да им се менува бојата, само нови да се направат.
Океј. Фала ти многу. Колку време би ми требало да ставам нови единици, живеам во странство, тука сум на кратко па да знам одприлика дали да почнам сега или следното доаѓање да се организирам..
Зависи. Теоретски може и за 3 дена, ама не секогаш оди се по план. Може кога ќе ги извадат статите коронки ќе има нешто што треба да се корегира пред да се прават нови. Зависи и техничарот колку работа има и дали може одма да ги направи. Минимум 10 дена, идеално да имаш до 2 недели на располагање.
Се размислувам за имплатанти на горната и долната вилица па ми го препорачуваат Др. Стојановски. Дали некој има искуство кај него?
Што мислите вие дали е подобро да ставам протеза на криви заби долни или да си ставам циркониум коронки? Забите што ги имам се здрави, но сепак доста криви.. Еве пред некој ден чистев забен камен, па сега на пиење вода осекам минимална болка.. Цената и за двете опции е тука некаде, но периодот за протеза е долг, а пак од друга страна еднаш стругани заби засекогаш стругани.. посебно ќе ми биде мило доколку ми помогнат докторките @Spidy @Annath
Здраво, би сакала да прашам за искуство со ламинати? Имам ставено нанокомпозитни фасети пред 6 години, досега ми беа супер, но сменија боја, а и почнаа да се кршат. не знам што е правилно, дали пак да ставам фасети или би било најдобро ламинати. Знам дека се доста поскапи, па затоа ме интерисира искуство, како и избор на стоматолошка ординација која е најдобра во овој дел.
Ако имаш опција за фасети без стругање на забите (тоа зависи од формата на природните заби) тоа е најдобрата опција. Ако мора да се стругаат, а ако не ти пречи на 5-6 години да ги менуваш пломбите, композитни фасети ти е втор избор. Да не ги стругаш забите, а да имаш убав изглед. Ако веќе ти се стругани, или брзо се оштетува композитот, тогаш порцелански фасети. Ниедна опција не е лоша опција, само ти ги подредувам што би било најдобро со најмногу заштита на природниот заб. Споредбено, ако имаш многу оштетени заби и треба да се прават коронки, тогаш би рекла подобро коронка отколку крпење со композит. Се зависи од здравјето на забите и твоите желби и можности.
Многу ти благодарам на одговорот.Само не те разбрав добро за првата опција- фасети, се однесува на обични фасети нанокомпозитни? или има и некои други?
Фасети е се што се става на предната површина на забите. Оригинални фасети се мисли на veneers/lumineers, порцелански. Нанокомпозитните се само пломби, ама дека се ставаат исто на предната површина, па ги викаме исто фасети. Во муабетот погоре, првата опција мислам на порцелански фасети, конкретно no-prep (без стругање). Класичните фасети се порцелански со стругање од 1-2мм, на такви мислам во третата опција.
Фала ти премногу.Ова не го знаев, односно не знаев дека lumineers се без стружење.Да го знаев ова, ќе се одлучев сигурно за тоа опција.Мене ми се ептен здрави забите, ама со ставањето на нанокомпозитните фасети со стружење, верувам дека ми се имаат малку оштетено.Сега знам што да барам во ординација, баш ми помогна.Фала најмногу.
Кога би одговорила директно на прашањето би рекла порцелански заби да доколку мислите дека можете да се навикнете на нив и доколку ги сметате за поразумна опција. Ако природните паѓаат поради парадентоза или испадне заб при јадењето може да влијае на физичкиот израз на лицето и предните заби да ја изгубат својата природна положба односно позиција. Во тој случај доколку сакате да остане вашата физиономија добра треба да се стават порцелански заби.
Некој да сподели искуство...Мајка ми пред 5 години намести порцелански заби....Е сега почна забот да ја боли и докторов вели да се вадат забите ...Како ќе се извади кога тие се поврзани и ако ги извади како ќе ги намести пак....Или после ќе треба вилица???
Ќе ги извади порцеланските заби со сечење, секако на пет години е препорачано да се менуваат. Ќе ги среди забите, и на тоа што ќе остане, ако е доволно, се прават нови порцелански заби.