Не, јас кога бев 4 ми правеа и се зезнав, после 6месеци пломбите ми паднаа што никогаш не ми се случило такво нешто да имам проблем со пломби, многу ги фалат ама јас не сум баш задоволна мораше после пак да ми стругаат заби за нови пломби а платив, рачунај по 2 000 пломба.......
На долна вилица сите бочни заби се зафатени со еден нерв и со една анестезија пола вилица се анестезира. За долен фронт и сите горни заби се става анестезија за секои 2-3 заба, толку фаќа од едно боцкање. Значи за стружење на сите заби во двете вилици треба околу 10 боцкања минимум. Зависи колку твои заби имаш и кои заби се во прашање, можеби може да помине и со помалку.
Горна вилица, од 5ка до 5ка или евентуално до 6ките. Ќе поминам значи со 2-3 боцкања? И тоа се прави се во еден ден?
4 минимум. До 6ка сигурно 6 ќе требаат, по 3 од двете страни. Стругањето се прави во 1 ден ама после тоа уште 2-3 пати се оди додека да бидат готови забите и зависи колку работа има може да треба пак да се стави анестезија некогаш.
Јас низ цело Скопје прашував, најевтино 10 000 , па 15 000 од заб за циркониум коронки. На крај ги направив во Куманово и сум презадоволна.
Здраво. Планирам да ставам безметални навлаки на горна вилица. Лево до 6ка и десно до 6ка. Десно имам извадено 4ка и 5ка и лево 4ка. Дали има некој стручен овде или некој што правел вакво нешто да ми каже како оди процедурата со делот каде што недостасуваат заби. Дали при ставањето на навлаки на соседните заби се прикачува целосен заб , односно се прави мост или? И колку се движат цените за безметални навлаки и колку се движат цените за ставање на заб каде што недостасува. Дали постои можност во еден ден да се истругаат сите заби или се оди повеке пати? Благодарам
Ќе ти стават мост. Ќе ти стругаат и соседните заби. Тоа се завршува во еден ден. Јас имам метални навлаки. Цена за една навлака е 4000, а за безметални 10000 денари. Мислам дека стоматолозите различно наплаќаат.
Десно би имала мост од 3 до 6, лево 3 до 5 мост. Меѓутоа ова зависи од неколку фактори, докторот ќе одлучи од целокупната ситуација и состојбата на забите. Најдобро е да направите снимка, да се види дали има нешто за лекување па после ќе се одлучи дали има можност за соло коронки ако не, циркуларец (кога сите заби се опфатени со еден мост) е опцијата. Во еден ден е стружењето.