Порцелански заби или не?

Дискусија во 'Лице' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Машки
    Не е страшно тоа. Најдобро е да појдеш кај некој стоматолог па да ти ги погледнаат подобро и да земаат мерка. Бидеќи ќе стругаат повеќе од едната страна барем колку толку да се исправаат за да може коронките да бидаат делумно прави. Само мој совет би ти дал, доколку имаш здрави заби не се замарај со тоа бидеќи нема ништо подобро од природните. Доколку дојде до опаѓање на некој заб во нивна близина тогаш размислувај за оваа опција.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    724
    Не ми се мене баш понапред, туку горната и долната вилица односно забите кога ќе ги спојам се допираат баш. А инаку горните заби треба да се понапред, но и моиве не се и тоа исто е обратен.

    Јас се плашам повеќе од последици кои можат да произлезат од стругањето отколку од самиот чин на стругање. На пример, а што ако вештачкиве заби почнат да се одлепуваат и паѓаат...
    Или дали при бременост би имало ризик ако непцава почнат да се воспалуваат.

    Ти благодарам. Сите со кои сум се советувала го делат твоето мислење, дека нема поубаво од природни заби.

    А и јас самата.

    Ама верувај ми како врви времето се повеќе и повеќе ми влијае врз самодоверба, психички ме јаде и колку и да се обидувам да го прифатам нивниот изглед, не ми оди. Затоа сакам промена.
     
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.547
    Допаѓања:
    28.522
    Пол:
    Женски
    Колку шо знам ќе ти направат снимка и ќе се види дали забите ти се здрави. Ако се здрави и ако ти ги истругат ко шо треба, не би требало да имаш проблеми.

    Јас носев мобилна протеза одамна, и некои горни заби ми дојдоа точно врз долните ама некои уште си стојат поназад.

    Кога планираш да одиш?
     
  4. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Машки
    Не се одлепуваат лесно, ама и нема да загризуваш тврда храна во иднина, залепени се добро али нема да ги чувствуваш како свои и цело време само ќе ти пречаат. Инаку мислам може да се исправаат со тоа што при стругањето се праваат правците. А коронките мислам дека ќе може да ги наместаат понапред. Али најдобро е да си појдеш и да ти дадаат стручно мислење. Јас споделив искуство спрема тоа што ги правев. Моите горни беа нанапред и криви па некако ја решија со стругање навнатре.... Не секој стоматолог се нафаќа на тоа. Ако сакаш можам да ти го препорачам мојот стоматолог доколку си од Ск па да ти даде мислење. Бесплатен преглед е. Али имај предвид дека ќе ти бараат 3Д снимка.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.547
    Допаѓања:
    28.522
    Пол:
    Женски
    Дај ми и на мене контакт од тој стоматолог, и адреса и населбата.
     
  6. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    724
    Може, пиши ми кај си ги правел.
    А колку време ги имаш?
     
  7. pance24

    pance24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2024
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Машки
    Скоро година време ги имам. Ти пратив и на тебе порака.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  8. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    4.440
    Ти немаш обратен загриз туку тетатет, тоа е кога се допираат забитете раб на раб. Ако ти се навистина здрави забите, нормален доктор што не му е до пари никогаш не би ти ги истружил. Мое мислење е да си ставиш протеза, без разлика на годините. Бенефитите од правилен загриз се многу подобри на долгорочно одколку од навлаките. Плус имај на ум дека ништо не е вечно, па за околу 10 години ќе треба да ги менуваш што значи повторно стружење и поголем ризик за умртвување на забите.
     
    На BubamaraM му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.962
    Допаѓања:
    203.353
    Пол:
    Женски
    Искрено, поголем бенефит ќе имаш од фиксната терапија, отколку од ставање вештачки заби. Ова го зборувам како стоматолог пред се'.
    Стружењето на забите е комплициран процес, посебно ако треба да го менуваш загризот и не секој е способен и може да го направи како што треба. Моментот што го спомна некој погоре, дека нема да ги осеќаш како свои - не треба да го има, ако ги осеќаш забите како туѓо тело, не е сработено како што треба и понатаму ќе има последици по забите и загризот.
    Фиксната терапија од друга страна, иако ќе трае долго време, има позитивни ефекти, особено ако работиш со добар ортодонт. Кај тебе е проблем психолошкиот момент, треба да ја надминеш одбивноста/негативноста спрема фиксната терапија. Не си спремна да носиш фиксен апарат 2-3 години, ама спремна си да имаш вештачки заби до крај на живот? Размисли убаво за ова.
     
    На Elenpelen, naturally и јolene им се допаѓа ова.
  10. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    724
    Потполно си во право, имам психолошки проблем во однос на забите. Имам 35 години, не знам зошто веќе сум увртела в глава дека е доцна за фиксни протези.
    Меѓудругото, ми препорачаа и хиракс дентал, еден од докторите со кои разговарав ми рече мора да те предупредам дека хираксот е претерано болен кај возрасни. Тоа уште толку ме исплаши. Јас по интернет читам дека и хираксот не е така наивен и дека си носи последици и треба добра проценка пред ставање... Не знам колку тоа што го читам е точно додуша.

    Да не спомнувам други проблеми со кои се соочив - неповрзани со оваа тема, но поврзани со психолошкиот момент кај мене сега. И некако само сакам да го решам проблемот, и само гледам да најдам побезболен начин да сум задоволна.

    Ти благодарам за одговорот. :l:
     
  11. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.018
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Ако треба да носиш хиракс, во ниеден случај не треба со стружење да го исправаш загризот, речиси сигурно ќе имаш потреба од лекување на повеќе заби заради претераното стружење за компензација.
    Само протеза, никогаш не е доцна.
     
    На Annath и BubamaraM им се допаѓа ова.
  12. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    724
    Мислиш дека би завршила со потреба за дополнително лекување на стружените заби (како често расипување или други интервенции), поради отстранувањето на премногу забно ткиво?
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.018
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Да. Кога загризот не е правилен, обично се струга повеќе од едната страна на забот наместо еднакво од сите страни. И затоа често се отвара нервот на забот и мора да се лекува пред да се стави коронка. Тоа е буквално умртвување на здрав заб само заради лош загриз.
    Коронките се решение за оштетени заби или заби кои недостасуваат, ако имаш проблем со положба и ротација на заби или лош загриз, тоа се решава со ортодонтска терапија. Не може едното да се користи наместо другото, некој може и ќе ти го направи за пари, ама едноставно не е правилен третман за проблемот кој го имаш.
     
    На Annath и BubamaraM им се допаѓа ова.
  14. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    724

    Ти благодарам за одговорот :l:
     
  15. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    1.625
    Допаѓања:
    4.440
    Има многу повозрасни што носеле протези, годините воопшто да не ти се пречка. Хираксот е болен, се сложувам ама ќе го носиш неколку месеци. Само најди добар ортодонт и биди одговорна со месечните контроли, се ќе си се среди:).
     
    На Annath и BubamaraM им се допаѓа ова.
  16. Dorae

    Dorae Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2023
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    36
    Здраво. Ке ставам безметални навлаки на горна вилица и ми треба мислење бидејќи сд двоумам. На кецовите и двојќите дали навлаките да бидат споени или за секој заб посебно. Дали доколку се посебни има шанси да се полнат со храна и да бидат потешки за одржување? Од друга страна мислам дека доколку се посебни за секој заб би изгледале по природни. Доколку некој има и лично искуство ве молам споделете.
     
  17. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    724
    Лично немам искуство, ама од се' што се изнагледав периодов, посебни изгледаат најприродно.
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.018
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Од секој аспект е подобро посебни да бидат. Ако има услови за тоа, инсистирај да бидат посебни.
     
  19. izgubena:)

    izgubena:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2021
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    169
    Пол:
    Женски
    имам следен проблем:

    планирав да ги правам забите со венерки. Имав пред неколку години несреќа на скии, првиот заб е инсуфициентен. Значи црн со што и непцето поцрни со самото потемнување на забот. Во меѓувреме ставив на тој заб една промба нормално привремена. Кога бев тинејџер носев и мобилна 2 години и после фиксна 5 години, со апаратчето на горното непце што беше наменето да ми ја рашири горната вилица. Забите после тоа нажалост ми се вратија во првобитната состојба, односно уште се криви.

    Со тоа што планирам да правам венерки отидов во Едномак. Заболекарот јасно ми кажа дека нема шанси да ми ги фати забите, било што да прави на нив заради тоа што горната вилица е потесна од горната, според неговата изјава, забите после фиксната протеза горните посебно се катастрофа.
    Така да неговиот предлог е или да :
    ставам фиксна протеза или
    GNE операција , извинете не знам како се вика на македонски, фактички проширување на вилицата со операција, фактички кршење на горната и со тоа заздравување.
    И дури после 2 до 3 години да бидат ставени венерките.

    Моето прашање , заради тоа што не се разбирам баш од стоматологија, ортодонција, максилофасцијална хирургија итн.
    Дали вие би ставиле протеза или би иделе на операција?
    и што доколку се врати вилицата пак во првобитната состојба откако ќе ги ставам венерките.. дали е тоа воопшто можно?

    и дали имате некоја друга опција или некоја претпоставка што би можела во овој случај да направам?
    Бев и пред неколку години на консултација во дентиссимо и таму имаше докторката поинакво решение со комбинација од венери, имплантати, порцелани..
    Што би направиле Вие на мое место?

    Благодарам однапред.
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.018
    Допаѓања:
    14.833
    Пол:
    Женски
    Зависи од моменталната состојба. Оди и на трето и на петто мислење ако треба. Ако ти се криви забите и лош загризот, правилната одлука е протеза пак. Ако загризот е добар, само забите се со големи пломби, или потемнети, лекувани, тогаш подобро е само протетика. Не може никој да ти каже што треба да направиш зошто никој ги нема твоите заби и твојата состојба. Стоматолог треба да ти ги каже сите предности и недостатоци на опциите кои ги имаш и сама да одлучиш што повеќе ти одговара.
     
    На izgubena:) му/ѝ се допаѓа ова.