1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Порцелански заби или не?

Дискусија во 'Лице' започната од SLATKA23, 17 јануари 2010.

  1. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Е супер многу фалаа, јас денес вадев ама дека сум си малце паничаркаа и од страв не ми делуваат малце анестезииве го оставивме ова за во понеделник. Сега ми е полесно барем да не се тресам до понеделник :D :D
     
    На buba4e89 и senza.parole им се допаѓа ова.
  2. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    22.751
    Пол:
    Женски
    ^^
    Не само што не боли, туку и кога ќе го видиш крајниот резултат, ќе се самозаљубиш. :D
    Туку паричиња кошта, тоа е. За болка кој те прашува. :D
     
    На natemila му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    5.035
    Пол:
    Женски
    Nati.P не е исто, за порцелански заби се стружи забот и потоа врз него се става навлака. Но, доста е поболно и попроблематично отколку што изгледа. вака нешто http://t3.gstatic.com/images?q=tbn:ANd9GcT7GURXACywLcpbTQB4ksV0QYRX0dX2XFiHc35J_0eTVPfDYK3_Pw А за имплати напишав подоле бидејќи видов се спомнува и тоа :)
     
  4. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Е да паричињата си коштааат и тоа многу, но тоа е сега кога не сме мислеле на време :D А за болка и да боли сигурно не е поболно од вадење заб :D :D
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  5. barcagirl.999

    barcagirl.999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Ги извадов двете двојки на горната вилица и сега сакам да наместам други..Ќе ми стават порцелански или коронки ? .. ништо не се разбирам :x :worried: :doh:
     
  6. Platoniclover15

    Platoniclover15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    58
    дечки мене едниот прв заб горе ми е доста потемен и имам многу ниска самодоверба при смеење... сакав да го заменам со порцелански, но ми рекоа дека металот во нив можел со тек на време да оксидира и да пуште сива боја на непцето :/ исто така не знам дали многу ќе двои од другата нормална единица шо ми е и дали лесно се кршат? фала ви мнооогу
     
  7. majaskkkk1

    majaskkkk1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2013
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    79
    Дали поради криви единици и двојки здрави би ставиле навлаки? Протези во никој случај не би носела, ве молам за помош и совет. Фала.
     
  8. Jovana.P

    Jovana.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Хммм можеби прашањето не е за тука ама сепак да пробам јас :)
    Баба ми од фондот зеде бесплатни вилици, и убави си се. Па се прашувам дали има од фондот бесплатни порцелански заби или слично?
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    5.035
    Пол:
    Женски
    @Jovana P нема, евентуално може некој попуст за одредени случаи како социално загрозени и сл. Инаку еден заб е околу 50Е, па никој не е толку дарежлив :)
     
  10. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Порцелански заби и навлаки исто ли е ? вчера кога бев на заболекар ми кажа заболекарката дека на двата умртвени заби ке ми става навлаки,ама заборавив да ја прашам колку коштаат,може некој да ми каже да си знам од прилика ?
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    после 3год носење протези се одлучив за порцелански навлаки двата кеца ми беа црни бидејки бев двапати правена операција и ми беше умртвен живецот , и ми ги истружи кецојте и двојките (заради убав естески изглед и да не делат и двојките ми ги стружеше) и на нив ми стави порцелански навлаки , верувај после само ке се смееш и самодовербата ке ти биде поголема :D
     
  12. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.474
    Воопшто не е исто. За поставување порцелански навлаки (фасети) кои се во форма на лушпа се струга само емајлот на забот, па потоа се цементираат врз забот со што се менува само надворешниот изглед. Додека пак порцеланските коронки се целосна замена за забот.
    Со фасетите се менува форма, големина и боја на забот, додека коронките се поставуваат кога има голема оштетеност на забот од кариес, или пак скршен заб итн.
    Е сега, имаш инвазивни и неинвазивни методи за поставување фасети. Пример Lumineers се поскапи од "обичните" порцелански фасети бидејќи методата е неинвазивна, па ако некогаш сакаш повторно да си го добиеш стариот изглед на забите, можеш да ги извадиш. Само што бараат поголема стручност, и има доста незадоволни од нив.
    Според мене кога станува збор за естетика Ендомак ти се најдобри, цената од 100-150е од заб.
     
  13. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Треба да одам неделава да ставам навлаки на предните заби.Ми кажуваше мајка ми на еден комшија што му ставале навлаки прво му ги стурале забите,и така истругани му стоеле една недела,па дури после тоа му ги ставиле навлаките.

    Некој од вас што има ставано навлаки може да ми пише да го прашам тоа што ме интересира,или па нека ми одговори некој дали навистина треба толку време да стојат така истругани или одма ви ги имаат ставано навлаките ?
     
  14. presiosaP

    presiosaP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    2.207
    и мене ме интересира кој има ставано навлаки на заби нека каже како оди процедурата..
     
  15. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    13.295
    Пол:
    Женски
    Мајка ми кога ставаше навлаки една недела седеше со стругани заби. И ја болеа ненормално. Ништо не јадеше, само некои супи, јогурт и многу малку леб. Доста болно помина.
     
  16. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да ставам навлаки :)

    Најверојатно процедурата иде вака, посликовито, јас пишав и во друга тема, бев "на доктор" :D па ќе чекам одговор од прва рака, т.е. од Ана. Она, колку време би траела процедурата и дали вистина се чека толку време за да се стават или може и одма истиот ден. Гледам бејби пишала, но дали секаде е така, дека и јас сум за безметални туку обичните, од пеевче.
     
    На presiosaP му/ѝ се допаѓа ова.
  17. dreamland

    dreamland Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2014
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    здраво.би сакала да ве прашам нешто,имам еден заб (четворка на долната вилица) ми беше пломбиран пред 4 години и се беше во ред се додека пред 10 дена пломбата падна,веднаш бев на забар ми ставиа нова пломба,,но јас некако воопшто не се чуствувам сигурно,цело време мислам дека пломбата ке падне, а е на незгодно место некако исправена од страната на јазикот не од напред,,прашањето ми беше дали е можно само на тој заб да ставам порцеланска навлака и дали таа ке го покрие цел заб,,благодарам однапред,се надевам дека некој ке ми одговори бидејки навистина многу ми е битно,,мн сум плашливка кога се во прашање заби :)
     
  18. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.448
    Допаѓања:
    22.751
    Пол:
    Женски
    Јас ставив пред нешто помалку од две години и не, не бев со истругани заби цела недела.
    Од ординацијата ми имаа направено привремени според стариот модел на моите заби и ги носев сè додека не беа готови новите. Не сакав да се видам таква во огледало (со стругани заби) и ми успеа. :lol:
    Отидов за стружење, се вратив со привремените кои не се вадат. Сите мислеа дека тоа ми се новите заби. :lol:
    Да ти кажам право, според мене тоа што некои не нудат привремени заби доволно зборува за стручноста и подготвеноста на самиот лекар да се носи со модерните технологии, а мене тоа ми е исклучително битно.
    Инаку, зависно од типот на заби за кои би се одлучил некој, коштаат од 0-600 ден., првата цена за најскапата CAD/CAM варијанта.
     
    На papillonP и MiloMalo им се допаѓа ова.
  19. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Дали ако единиците се со навлаки,подоцна ќе имам некаков проблем со јадење,ладно/топло? бидејки се единици ме става у мисла загризот како ќе биде,има шанси да се скршат или слично? ќе морам повеќе да ги пазам,и сончоглед да не грицкам? ;( здрави ми се но сакам да ги направам порцелан бидејки едниот ми е крив па да бидат и двата идентични
     
  20. papillonP

    papillonP Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    4.544
    Пол:
    Женски
    Мислиш 6000 ден. еден заб, односно од 100 до 150 евра еден заб.
    Јас исто прашував кај мојот стоматолог и порцеланска навлака за еден заб чини 120 евра. Тоа е чист порцелан и не е исто со порцеланските заби од 50 евра по заб каде што надворешно е само порцелан а внатрешно е метал.
    И да точно е тоа дека ставаат привремени заби додека бидат готови твоите.