Циркониум коронки имам ставено. Забите се готови за 2/3 дена, ама финално лепење зависи како ќе легнат, треба да почекаш малку да ги поносиш, да видиш како ќе функционираш. Некој тера и по година дена со привремено залепени. Јас ги фиксирав за недела дена
Каде ги имаш правено? И која цена?Преубави ти се. Ако ги мењам металкерамичкиве еден ден, да ставам вакви.
Во Велес во моментов со циркониум се 100евра,мажот ми ги прави сега, за неколку дена треба да ги стават, зошто такви цени од 200евра кажувате искрено не знам, а за Куманово ни кажаа и нас дека 70евра се циркониум ама одењето до таму неколку пати ни изгледаше баш малтретирање и земање денови од работа па затоа одлучи тука во нашиот град да ги прави
90е е циркон коронка од техничар. Толку чини да се изработи. А каде е припремата за забот, мерките, корекции, цементирање, на крај и профитот на докторот? Не се сомневам дека во Скопје е поскапо од другите градови, и еве да ми речете дека 150е чини во Куманово, сосема логично ми е. За 70-100 евра за една циркон коронка е нереално ефтино. Истата коронка во Европа е 1000е, во Америка е скоро 2000 долари. Како може за 70 да е истото?
Ако работат со кинески блокови, не би ме чудело, имајќи предвид како се движи цената на кинеските блокови, споредено со попознатите европски производители. Ако еден реномиран европски производител кој кај нас е доста популарен, дава цена од 150 евра по блок за производител, а кинеските се по цена од 40-60 евра по блок, се знае од каде ќе купи техничарот во помал град. Квалитетот е дискутабилен. Особено кога прават циркуларци со големи растојанија меѓу носачите. Не дека на европскиве производители се екстра квалитетни, ама искуството досега покажало дали вреди да се плати поскапото или не.
Во Велес е толку, 100евра, прашано е кај неколку стоматолози иста е цената, а за тоа каков е материјалот европски или кинески не се разбирам Прашав сега кај еден стоматолог од Скопје, ми одговори дека е 140евра таму, мислам дека дефинитивно треба убаво да се праша на повеќе места па да одлучите каде ќе ставите, сепак разликата во цената е преголема
Јас пред да ставам циркониум коронки една година одев по стоматолози така што ги знам скоро па на памет цените. Кај сите поквалитетни стоматолози да кажам цената беше таа 190-200 евра и нагоре.
Здраво. Сакам да прашам дали има можност за ваква пломба доколку имам простор меѓу двојка и тројка од левата страна? Од естетска причина сакам, забите ми се здрави. И дали знаете како се движат цените?
Да ама ќе ти изгледаат различно забите од лево и десно, а симетријата е најважна за убава естетика. Сепак нема никаква штета, можеш да пробаш, па ако не ти се допаѓа ќе ги извадиш пломбите. За цена зависи каде ќе одиш, ама мислам дека под 3000ден за естетска пломба нема да поминеш.
Како се ставаат циркон коронки, се струга твој заб и на него се става? Дали е болна процедурата? Дали со коронки има некоја заштита на забот или? Ме нервира што некако многу брзо ми се расипуваат забите, ги чистам, мијам по неколку пати на ден тоа е отсекогаш така ама џабе
Мислам дека цела тема ја прочитав и не можам да сфатам што е поскапо ламинат или коронка и колку во Скопје?
Ве молам за мислење. Ставив метал-керамички мостови горе напред и по еден бочно.Од што изгледаа супер и веднаш легнаа, не приметив дека едната страна посебно ми чукаат три заба врз долните заби каде сеуште не се ставени мостовите. При јадење на таа страна буквално се удираат горните со долниот заб моите долу. Дали ова може да се поправи со стругање на коронките каде што се случува контактот. Исто така, дали некому му се случило тие заби да кои не се ваши да ви се чинат подебели од тие што сте ги имале, да имате кратко гадење и буквално да се плашите да јадете со нив...Буквално го слушам тропањето кое ми личи на удирање на камен врз камен.Да напоменам дека ми фалеа заби горе пред ставање на мостовите и имам неправилен загриз од секогаш.