Здраво дали можеш да ми пишеш порака сакам да те прашам подетално и јас сакам таму да ги правам забите
Zdravo, me interesira Skopje/Prilep/Bitola kade ima strucnjak za zabi da mi preporacate i dali e podobro cirkoni, laminati, koronki? Kolku cinat otprilika i kolku vreme e potrebno za izrabotka? Isto koja nijansa ja preporacuvate od iskustvo? Sakam da se tenki, poprirodni. Fala vi!
Циркон е тип на материјал, а ламинати и коронки ти е вид на изработка, значи различни работи. Најдобро е ламинат, ама не е работата што сакаш туку што може. За најприродна нијанса, А2. Ама зависи од твојот тен и боја на коса, возраст, претходна боја, колку и кои заби ќе се прават. Се на се, не може никој на форум да ти каже што е најдобро за тебе лично. Ќе одиш на консултација кај повеќе доктори, па ќе одлучиш.
Ве молам кажете ми за колку време ги приготвуваат привремените заби? Ги истружив забите, ми стави од таа навлаката за заштита и денес бев пак на контрола, 2 заби ми се скршија од навлаката, не можам ни да зборам ни да јадам, до пола заби ми е за непцето да можело да заздрави. Не ми стави друга навлака, ме пушти ваква да шетам и ми рече за неколку дена ќе се готови, луѓе на свадба сум викендов кај ќе одам ваква, плус мртва гладна сум што и да јадам мислам дека ќе ми ја скрши пластикава. @Spidy можеби ти најдобро знаеш за колку дена одприлика се приготвуваат? Знам дека е индивидуално но барем трошка надеж ми треба дека утре, задутре би биле готови. Мислам дека денес се нарачани пошто денес ми ги скенираше стружените заби. Ќе пукнам.
Најмногу 1 недела ако ти ги погодат ако не ќе чекаш уште неколку дена.. Со лесно, вреди за насмевката да трпиш малку
Една недела?? Не е проблем за трпењето ама полудев од нервози како ке одам вака на свадба, старосватица сум, не можам ни да зборувам ни уста да отворам, посебно што веќе цела навлака паѓа. Апсолутно никакво чаре нема сега?
Привремените коронки се од релативно мек материјал во споредба со трајните, се случува да се скршат. Ама ако треба да ги носиш подолго и се скршени би требало да се заменат. Што е поентата на привремена коронка ако не задоволува ни функционално ни естетски? Металкерамички коронки по редовна постапка се прават за една недела, со проби неколку пати во тој период. Целосно порцелански се прават побрзо ама пак треба една проба барем. Циркон коронки се прават и за 2-3 дена. Сите можат да се направат за 48ч ако побараш итна постапка, ама обично се плаќа плус 50-100% од цената за да техничарот остави се што работи и да ти ги направи тебе прва забите. Ако мерка ти земале вчера, викендов не очекувам дека ќе ги имаш трајните заби. Така да подобро да ти направи нови привремени. Дури и да треба да доплатиш за тоа, ако ти е за свадба тоа ти е најдобра опција во моментот. Твоја грешка е што си почнала со правење заби 5 дена пред свадба, зошто мислам дека стандард сите стоматолози викаат недела-две, зависи викенди празници како ќе те фатат.
Немам привремени коронки туку само таа меката пластика над струганите заби, фактички од моите стари заби во моментот беше приготвена и ми ја стави само за да ги заштити додека ги чекам привремените да не одам стругана. Зарем за привремени до недела дена да чекам. Претходно прашав ми рекоа за два дена, затоа и се нафатив, иначе ни на крај памет. Циркони ќе ставам иначе.
Јас секаде што прашував ми кажаа за николку часа ги изработуваат Па треба да си стои на збор кога ќе каже два дена значи два да бидат инаку јас треба да менувам коронки таму каде што прашував ми кажаа дека веднаш добивам привремени. За неколку часа истиот ден.
Кога ги истругав ми рекоа утре ќе добиеш привремени, дури и ме праша дали сакам да платам тој ден или утредента кога ќе ги земам за привремените. Кога отидов утредента само ме скенираше и ми рече за неколку дена. Прашав за искуства за колку време обично се готови, да знам дали да паничам. Ако не се готови до утре ќе ги замолам барем нова пластика ако може да ми изготват.
И тоа се привремени коронки, само правени ти се во ординација најверојатно место во техника. За нив не се чека една недела, максимум 1 ден, за трајните реков една недела. Циркон може за 2 дена да се направи, ама мораш да напоменеш дека ти е битно. Зошто ако нешто искочи, може ќе треба корекција, ќе биде викенд и на крај ќе испадне понеделник. Технички е три работни дена, ама тебе за битното ќе ти пројде возот. Пак ќе речам, не се прават заби во очи нова година. Се може да искочи, ќе ти ветат за 2 дена, ќе се разболе техничарот па баш се паднало викенд, не работи докторката и место 2 ќе бидат 5 дена. Не дека е нешто страшно, ама ако ти било за свадба малку подобро требало да се испланира, а не во 5 до 12 да паничиш. Ќе ти се направат заби, ама може на свадба и со привремените да одиш зошто не биле направени за 2 дена што е реално краток рок.
Нормално е да шуштам после ставање на забите? Ги носев и привремено ама сакаше да ги здебели, па ги цементиравме и сега еве многу шуштам посебно на буквите С и З. Како да свиркам буквално
Интересира ме кога ќе дојде време за ставање заби каде немам која е најдобра опција од здравствен аспект не само изглед. Импланти никако не сакам тоа ми е нај најпоследна опција, воопшто немам убаво мислење за импланти. Во семејство ми имаат па знам која мака е, а и не дека на изглед се нешто посебно. Собирам информации и искуства.
Здраво, сакам да прашам дали некој бил во оваа ординација во Скопје да прави заби “Вега за вашата насмевка” и може да ми каже колку кошта од заб цирконски или ламинатски, не живеам во МК и не можам да отидам да прашам, а не сакам да знаат дека живеам во Странство па да ми наплатат дупла цена вака одприлика цена да знам, за да знам што да очекувам одприлика. Ви благодарам.