Благодарам за несебичниот совет.. А колку време би требало за да фиксен апарат ги доведе забите во ред и колку чини?
Ај некој нека ме просветли за естетските фасети Lumineers...Како што ,колку им е цената.,како оди постапката?
Ако може некој да ми одговори. Мајка ми се договори за порцелански навлаки на 10 заби, но не и’ кажале дека всушност за таа цена се метал-порцелан, па се разочарала вчера кога отиде на проба и и’ ставила цела споена метална конструкција. Добро, врз тоа оди порцелан и естетски нема да биде лошо, но проблемот е што била целосно споена, а мајка ми мислела дека ќе бидат посебни навлаки за сите заби. Ништо не и’ објасниле. Кажала дека не сака така, затоа што ако има проблем со еден заб (а проблематични и’ се забите), ќе треба целата таа навлака да се вади па да се преправа. Па се договориле да бидат споени негде по 2, негде по 3 заби. Прашањето ми е до стоматолозите на форумот, @Annath, мислам дека и @blueberry93 е од таа област. Дали е во ред ваква изведба, или да си бара друг стоматолог со време? За цената знам дека е голема разлика, па веројатно сепак ќе биде метал-порцелан. Какви проблеми би можеле да се појават? Дали е прифатлива опција? И дали е океј ова со по неколку споени заби? да не изгледа ептен грдо?
Сега дури го видов ова, не сум добила нотификација. Практика е кога се прави мост сите заби да се споени во конструкцијата. Небитно дали е метал керамика или чиста керамика или пак друг материјал. Ретко се одлучуваат за посебни навлаки оти е покомплицирано, треба повеќе стругање на забите и подолго време за пасување (проба и прилагодување) на секоја навлака посебно. Металот нема да се гледа воопшто ако е добро направена конструкцијата. Проблеми - секогаш кога постои туѓо тело било каде во организмот, прво е потребно време да се навикне. Може да нема никакви проблеми со години, може уште првата година да се јави нешто, но најчесто нема проблем ако се направила снимка, и ако се изработени како што треба. Инаку, може да дојде до пребојување на непцето, до отекување и крварење, појава на џебови шо се контролира со редовна хигиена и чистење. Може да дојде до инфекција на струганите заби, ама тоа многу поретко, иако не е исклучено, ама се случува, од џебови, од нелекувани заби, направен превид при решавањето на ситуацијата, во смисла кои заби да се стругаат, кои да се вадат, ако не е направена снимка и слично.
Ќе стaвaм пoрцелaнски зaби сите кoмплет,прaвев aлергoтест и aлергичнa сум нa никел ќе ми прaве ли прoблеми?Немoжaм дa a дoбијaм дoктoркaтa нa oдмoр е. @Annath ме интересирa твoе мислење или друг зaбoлекaр aкo имa нa фoрумoт
Стaви сaмo пoрцелaн, без метaлнa oснoвa. Акo веќе мoрa метaл, некa се oсигурa техникaтa декa метaлoт штo ќе гo кoристaт немa никел вo сoстaвoт инaку белјa ќе си нaпрaвиш. И јaс сум нa никел aлергичнa.
Дијaгнoстицирaнo ми е уште вo среднo, сaмo избегнувaм дa нoсaм тoa штo ми предизвикувa прoблеми. Никaквa диетa ни вaкцинa не е пoтребнa.
да ве прашам дали ако ставаш порцелански заби пример врз твојот заб (не зборам за здрав заб) мора штрафче да има или не?
Кога ќе заврши растот на вилиците. После 18-20 години. Може и порано, ако е само на еден заб на пример, ама ретко се практикува пред 18 години.
Да ве прашам, пред 4 дена ставив мост. Во моментов е привремено, неделава треба да отидам повторно, но овие неколку дена умрев од болка....Скоро секој ден барем еднаш дневно пијам кафетин... А загризам ме боли, исто така ми реагира сеупте на топло/ладно. Ме интересира нормално ли е таква реакција ?
Зависи, до 18год фиксна е 300 евра, а мобилна е бесплатна или нешто ситно се плаќа. А за над 18 знам само дека една мобилна, горна или долна е 6000ден. Колку би ја носела и која е подобра за тебе е индивидуално, зависи од распоредот на забите, најдобро да се консултираш со ортодонт
А каква врска имаат годините? Нели порцеланските заби и онака не ги покрива фондот? 50-60+ евра од заб? Мајка ми ја носам на клиника, ги вади сега забите и ни рекоа во зависност од тоа колку заби ќе и фалат, толку и ќе си плати. Секако зависи и од материјалот што ќе го избере.. Сега ме збунивте