Еии темава била порцелански заби, упс Последното прашање беше за фиксни и мобилни протези и на тоа вратив, а за порцелански везе неам
Упс..видиш и јас не дочитав Кој знае кој на што мислеше.. Мислев дека мисли на заби..а може и мислеше..може и не Еве овие на татко ми се вадат по потреба..не се фиксни
Ааа он значи од мобилните, за +18 има И апел до членката ако нешто не и е јасно, слободно нека се обрати, ги баратеме протезиве
фиксна е подобро, ама и далеку поскапо се носи година - 2 фиксната, на почетокот е тешка за свикнување
Ве молам кажете каде најевтино да ги направам забите на клиника како се се со цени за вештач5и прашувам или негде на рати
Здраво. Јас имам едно прашање до оние кои имаат порцелански заби..Дали е голема разликата од вашите нормални заби кога беа и сега порцеланските? Нели, секако дека не е исто но ме интересира колкава е таа разлика, дали ви беше лесно да се привикнете, и дали сте задоволни се на се? Јас се мислам да ги направам сите порцелански бидејќи не сум задоволна со нивниот изглед но сепак ми е голем чекор и никако да се одлучам. Ако може и препорака за некој добар стоматолог, би ви била благодарна. Поздрав на сите
Јас имам повеќе од 10 години 5 порцелански заби,и сум многу задоволна правени ми се кај др.Маркоски спроти скопјанка се навикнав брзо на нив супер ми ги направија ми ги погодија проблем никаков сум немала,зависи како ќе ти ги направат како ќе ти погодат боја изглед,мене никој не ми ги приметува дека не се мои предните горе ми се порцелани,барај само спремна ординација тоа ти е најбитно
Mене ми се сите порцелански, веќе две години како ги ставив и немам никаков проблем. Разлика нема никаква, бар ја не осеќам, освен поубава насмевка. Многу брзо ги навикнав, за недела дена ќе ги чуствуваш како твоите заби. Ми велеа дека често крвареле непцата со порцеласнки заби, ама јас немам таков проблем. Со редовна орална хигиена, четкање два пати на ден со Лакалут Актив и плакнење со Листерин, досега не ми се случило да ми закрвари непцето. Целата процедура е безболна и брза. Со неколку посети на стоматолог ќе имаш нова насмевка. Еве ти поопширно за целиот зафат. Многу е битен изборот на стоматолог Подобро плати малку повеќе, ама да е квалитетно. Естетиката е битна да, ама функционалноста е многу побитна. И многу е битно дали ги имаш сите заби. Јас немав четворки горе и петки доле и ми беше неправилен загризот. Многу е посложено да се става навлака на сите заби со мостови онаму кај што фали, со неправилен загриз. Ама за се има решение, не се секирај Јас ги моите ги ставав во Ендомак и топло ги препорачувам насекаде, зашто досега сум многу задоволна од забите. Ниту изгубија боја, ниту пожолтеа, а пушач сум. И функционални ми се, немам проблем со ништо, јадам исто како порано, зборувам исто, фацата не ми е сменета, освен насмевката. Ако те интересира уште нешто, слободно прашај.
Многу ти благодарам, знам го читав твојот пост пред неколку години кога и тогаш се мислев, и на сликата се сеќавам, и баш ми е мило што се уште си задоволна. Ќе можеш да ми кажеш колку отприлика те фати? Можеш и во пп да ми пишеш ако е проблем тука
Пoрцелaнски ми се сите 27 зaби и немaм никaкoв прoблем.Ми беше мнoгу стрaв дaли ќе ми се пoгoдaт,сум виделa сo пoмoдрени непцa,и гoлеми зaби нo кaкo штo кaжa бoaвистa мнoгу е битен дoктoрoт.
И мене ме интересира колку чинат порцеланските заби во Ендомак. Преглед и панорамска снимка без никаква интервенција е 1000 ден, и некако многу ми се виде, што знам, па уште од сега страв ме фаќа која е цената тек за порцелански заб. Ако може некој да ми одговори баш би ви била благодарна
Ако ти ги направат добро забите, нема да имаш никаков проблем. Моиве ми се веќе "втори заби", правени секако меѓутоа ни со првите, ни сега со новиве немав никаков проблем за навикнување. Е сега зависи какви сакаш да ги направиш, со метал или без. Јас би ти препорачала безметални да бидат, зашто многу поприродно делуваат. Ова ти го кажувам од искуство, зашто првите ми беа со метал(не дека се лоши) но не се споредува со овие сега. Или барем предните заби да бидат без метал, ама се тоа во договор со стоматолг секако
@BoaVista и мене ме интересира колку се порцеланските заби таму..Јас немам двојки и забите ми се никакви па сакам што побргу да ги средам но не знам дали може а и многу ми е страв од вадење правење лошо ми станува право..Може и лп да ми пишеш
За 22 заба со метални коронки, панорамска снимка, мал зафат-сечење на гингива, 22 привремени заба и вадење на два заба платив околу 1400-500 евра. Мислам дека металните коронки беа по 60 евра од заб, безметалните 200 евра од заб, привремените заби беа по 300-400 денари од заб. Тоа пред 2 години. Можете да си закажете бесплатен преглед и консултација, така беше ја кога ги ставав, и докторот ќе ви направи неколку понуди, па ако се најдете во некоја ок, ако не никому ништо. Мене многу скапо ми излегуваше со безметални коронки, некаде околу 5000 евра, затоа се одлучив за коронка со метал. Досега немам никаков проблем, заботе се убави како првиот ден кога ги ставив, металот воопшто не се познава, ако некад не дај боже излезе некој проблем предните ќе ги сменам со без метални. Сега за сега се е ок. @blessed.an @Трепетлика @angelaxD @Stefanija.whiz
Ти благодарам за одговорот. Јас закажав преглед, ама ми рекоа дека за тоа заедно со задолжителна панорамска снимка се наплаќа 1000 ден, така што претпоставувам дека и останатите цени се сега повисоки ама ајде да видиме неделава