Посвојување. Биолошки родители.

Дискусија во 'Дете' започната од karak, 20 јуни 2010.

  1. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    4.297
    што мислите дали децата доколу се посвоени треба да си ги барааат билошките родители?
    колку е болна вистината кога ќе дознаете дека сте посвоени?
    дали би дале некогаш дете на посвојување?

    ајде сеа едно мое мислење
    сметам дека многу е важно да се знае кој те родил и кој ти се билошки родители, меѓутоа јас лично никогаш не би ги побарала. може бе вистината боли кога ќе се дознае дека тие што те гледале на тие што си им кажал првпат мама или тато не ти се вистински родители, меќжутоа не оправдувам ни една причина да некој некого остави а јас да го сакам. пред се неизмерно би ги сакала тие што ме одгледале што ми дале живот, што ме тргнале од безната на пропаста, затоа што многу добро знаеме како растат децата во домовите. лично нокогаш и под никој разлог не би дала дете на посвојување. а би ги советувала децата кој се посвоени дека не е важно кој ги родил важно е кој ќе им ја даде целата љубов и грижа, а лично доколку не би можела да имам дете и тоа како би посвоила.
    и ова ќе го кажам само на личноста која ме замило да ја отворам темата што кога ме родила мајка ми што кога сум нејзино билошко дете кога после разводот со татко ми не кренала телефон да ме праша дали сум жива??? така да биди среќна ако имаш некој вистински да те сака и да се грижи за тебе , таа е вистинска љубов. мислам дека си задоволна :hug:
     
    На glosipgirl, BuBeMa, Rosemary и 4 други им се допаѓа ова.
  2. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    никогаш не би си оставила дете, ма какви проблеми и да би имала.тие луѓе според мене не заслужуваат прошка.сметам дека не е доволно некој да те направи и да те роди. родители се тие кои ке те израснат,тие кои ке плачат со тебе кога ти ке плачеш,тие кои ке те проплескаат кога ке направиш глупост ...едноставно после толку години, после толку голема и взаемна грижа и љубов, се чувствуваш како дел од нив и што менува ако после 20 години дознаеш дека тоа не се твоите родители??? ништо,треба да ги сакаш уште повеке...а ако јас би имала можност и подршка еден ден не само што би си родила туку и би си посвоила деца...
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.476
    Па самата љубопитност те наведува да посакаш да ги видиш. Не дека ти не ги сакаш луѓето што те чуваат ама... сакаш а прашаш што се случило, како изгледаат тие луѓе на крај краева сигурно имаш полубраќа-сестри. Да и се согласувам дека е најважно кој те изгледал а не кој те родил. За да дадам дете на посвојување можеби и би дала ако пред се немам материјални средства бидејќи не сакам моето дете да се мачи без да можам да му обезбедам основни работи
     
    На pahuljica sneza му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    има многу семејства кои не можат да имаат деца, и убаво е што на еден начин можат да ја почувствуваат среќата... со тоа што ќе посвојат дете.
    мислам дека убаво е да си ги знаеш биолошките родители, да знаеш кој те родил и кој те оставил. а во вакви ситуации секогаш ги сметам и ги оправдувам оние ,,родители,, кои го изгледале детето, му овозможиле да расте во семејство, да е среќно, школувано... па ако не го посвоеле и не му пружиле топол дом... каде ќе било тоа дете? во дом? до 18 год, а потоа?

    оправдувам да се посвои дете и да му се пружи љубовта на тоа дете... но не оправдувам да се остави!!!
     
  5. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    KARAK KAKO PRVO EDNO GOLEMO BLAGODARAM STO J OTVORI TEMAVA.MORAM DA TI KAZAM DEKA ME RASPLAKA SO TOA STO GO PROCITAV,I MNOGU MI E ZAL STO TAKA TI SE SLUCILO. JAS IMAM 25 GODINI POSVOENA SUM OD BEBE T.E ME ZEMALE OD BOLNICA NA 7 DENA.MNOGU SUM IM BLAGODARNA NA MOITE STO SE GRIZAT ZA MENE,I KAKO STO KAZA STO SUM IMALA SREKA DA BIDAM SPASENA OD DOMOVI,POSEBNO NA TATKO MI KOJ STO DODEKA BESE ZIV I POSLEDNIOT DENAR GO DAVASE ZA MENE ,ZNAM DEKA SEKOJ RODITEL GO PRAVI TOA NO TOJ POSEBNO ME SAKASE ON ODESE SO SKINATI KONDURI SAMO JAS DA IMAM SE ME VIKASE TATIN SIN NO SUDBINATA BESE TAKVA GO IZGUBIV MNOGU MLAD UMRE NA 52 GOD JAS TOGAS BEV 15 GOD.I MNOGU MI E ZAL STO NE BEV DOVOLNO ZRELA DA MU POKAZAM KOLKU MI ZNACI.MAJKA MI E PREKRASNA ZENA SIROTA SE MACI SAMO JAS DA IMAM,ZABORAVIV DA KAZAM MAZENA SUM VEKE 5 GODINI IMAM SINCE 3 GODISNO.MALKU ZABEGAV SO MUABETOT SAKAV DA KAZAM NE DEKA NE SI GI SAKAM MAJKA MI I TATKO MI KOI MI DALE SE I ME CUVALE POVEKE OD RORDENO DETE ,OTKAKO DOZNAV DEKA SUM POSVOENA A BEV MNOGU MALA VO TOA VREME SE BUNTUVAV JA PRASUVAV MAJKA MI ZA TAA STO ME RODILA,NO NE DOBIV NIKAKVA INFORMACIJA MI KAZA DEKA NE ZNAE NISTO I MUABETOT OSTANA NA TOA SE DODEKA NE NAJDOV EDEN DOKUMENT T.E KARTONCE STO GO DAVAAT KOGA SE RAGA BEBE I TAMU PISUVASE MOJA DATA NA RAGANJE I KLINICKI CENTAR OHRID OLKU USPEAV DA VIDAM NAIDE MAJKA MI GO VRATIV TAMU OD KAJ STO GO ZEMAV I POVEKE NE GO VIDOV NITU POBARAV.A SO NEA NA TAA TEMA NE MOZAM I NE SAKAM DA RAZGOVARAM.NO POSILNO E OD MENE ZNACI OTKAKO GO POCUVSTVUVAV AJCINSTVOTO NON STOP MISLAM NA TAA ZENA STO ME RODILA.NE DEKA JA OSUDUVAM ILI OPRAVDUVAM VO TOA VREME PRED 25 GODINI I NE BILO LESNO DA IMAS DETE A DA BIDES NE MAZENA DA TOA GO ZABORAVIV MAJKA MI MI IMASE KAZANO DEKA SUM BILA PLOD NA PRELJUBA.MNOGU ME KOPKA SAKAM DA JA VIDAM T.E DA JA NAJDAM NO NEMAM HRABROET A I NEZNAM KAKO A DA NE I NASTETAM SEPAK TAA SIGURNO SI IMA FAMILIJA.A I MNOGU SUM EMOTIVNA I ZNAM DEKA I DA SE VIDAM SO NEA BI SE UTEPALA OD PLACENJE.PA DAVAJTE SOVET DALI DA JA BARAM I KAKO ,A NIKOGO DA NE POVREDAM .TOLKU OD MENE ZASEGA NEMOZAM DA PISUVAM POVEKE POGLEDOT MI E ZAMATEN OD SOLZI NE GI GLEDAM BUKVIVE
     
    На Mari*, Whitecloud95, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  6. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.476
    ненушка идентичен е и мојот случај и мислам дека ако сакаш да ја побараш нема никој да ти се лути и треба секој да свати дека тоа е посилно од било што да ја дознааеш вистината на твоето настанување и целата приказна во животот да си дојде на свое место. Само што тие информации се доверливи и не знам како би можела да дознаеш нешто повеќе
     
  7. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    DA ZNAM DEKA E TAKA NO AKO TOA E PRELJUBA TAA MOZEBI IMA DRUG MAZ KOJ STO MOZEBI NE GI ZNAE TIE RABOTI OD MINATOTO KOE E BOLNO,A DA RASTURAS BRAK NE BI SAKALA
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    и да немам доволно материјални средства... никогаш не би дала дете на посвојување :!:
    ќе живеам и ќе работам за него. ако треба јас гладна ќе останам ама тоа ќе биде задоволно, среќно и нахрането :!:
     
    На Lady_021, Boka.A, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.476
    Да ако успееш да најдеш работа или ако мора да се влечкаш под станови еве на пример ако не те прифаќаат дома тогаш е малку тешко изводливо ако одиш на работа некој ке треба и да го чува детенцето значи и градинки така да не би можела да бидам сигурна од тој аспект
     
  10. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    JAS MISLAM DEKA ZA DA DADES DETE TREBA DA IMAS EPTEN JAKA PRICINA STO SE VIKA DA BIDES POD PRITISOK OD NEKOGO INAKU NE NI E JASNO KAKO MOZE 9 MESECI DA ME NOSELA VO NEJZE ZA NA KRAJ DA ME DADE :sweat: A STO SE ODNESUVA DO MATERIJALNA STRANA NIKOGAS NE BI GO OSTANILA PA MAKAR I DEN I NOK BI RABOTELA
     
    На Merlin_Monroe и Whitecloud95 им се допаѓа ова.
  11. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    AJ KE VE ZAMOLAM ZA SOVED DALI DA JA BARAM ILI DA GI OSTAVAM ABOTIVE KAKO STO SE?I AKO IMA NEKOJ SLICNA SO MOJAVA PRIKAZNA TO JA PRONASOL NEKA PISE KAKO I KAKO BILO
     
  12. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    178
    леле еј многу сакам даа помогнам ама незнам како стварно..искрено јас да сум на ваше место би сакал да ја најдам за да можам едноставно да продолжам да живеам....значи мајками е израсната само со мајка значи а таткои несаакал да слушне за неа у никој слуцај незнам зашо шо се десило али тоа е тоа..теткаи значи сестра на таткои пишувала писма у тоа време за да остане у контакт со мајками и бабами ама дедоми да кажам ги фрлал не и давал да ги прака..е мајками дури после 35 години реши да ја дознае вистината и еве шо излезе..
    пошо мајками е родена во русија и како мала дошла во македонија со бабами, седна на нет и 2 дена по ред бараше некој информации за нејзината фам,илија т.е за таткои и некако преку некој човек дојде до бројот на теткаи се јави се сслушнаа тоа незнаете каков муабет беше по телефон и тогас и се сруши цел свет кога дозна дека има полубрат,кој никогаш не ни знаел дека има полусестра :( :( :( и дека таткои починал 2004год..после тоа беше она у русија и ја дозна цела вистина ,така да со ова сакам да ви кажам дека по мое мисленје би требало да ги побарате вашите биолошки родители затоа што некој пат кога стварно ке посакате да ги побарате може да биде касно...ова не сум го осетила на моја кожа али знам колку тешко и било на мајками :( :( ...поззз и се најубаво
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    што и да кажам може грешка ќе биде :(
    како и да е, биолошка мајка ти е... колку и да не сакаш да си признаеш, сепак сакаш да ја најдеш... барем да ја видеш :worried:
    од друга страна, понекогаш убаво е да се остават работите како што се само заради среќата на другите... ама секогаш заради туѓата среќа ние сме нереќни :(

    што и да одлучиш, како и да постапиш... ќе биде исправно! и за што и да ти треба ние барем сме тука :)
     
  14. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    621
    Допаѓања:
    430
    FALA NA SOVETITE STO I DA RESAM A NAJVEROVATNO KE TRGNAM DA JA BARAM BAS OD TIE PRICINI STO MOZEBI NEKOGAS KE BIDE KASNO.A ZA POLUBRAKA I POLUSESTRI MNOGU BI SAKALA DA ZNAM KOI SE ODSEKOGAS KOPNEJAM DA GI IMAM
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.725
    Допаѓања:
    4.297
    ајде ненушка и јас да ти дадам советче ;) штом веќе имаш пронајдено некое документче дека колку што прочитав од охрид значи имаш почетна база од каде да тргнеш. немора никој да знае( мислев на мајка ти која те посвоила) можеш да кажеш дека ќе земеш одмор ќе отидеш до ох. пред се можеш да тргнеш од клиничкиот центар мора да има архива од било која година а веќе ја знаеш точната година и дата и мислам дека ќе биде лесно. мал град е доволно е да ја најдеш населбата и ко по некое непишано правило македонија е трачарска земја ќе прашаш постара жена каде живее таа и таа и се ќе ти кажат. меѓутоа во никој случај не се откривај која си изнајди причина зошто ја бараш, како што кажа незнаеш кој и како можеш да повредиш. јас сум да ја најдеш но не да тргнеш со големи очекувања. во никој случај што и да се случи да не се разочараш, секогаш мисли дека сепак ти имаш мајка (посвоителот) и биди среќна значи кој и да ти е крајниот исхот лош или добар уживај со сознанието дека за твојот живот твојата среќа сепак се грижеле луѓе во вистинска смисла на зборот. никого не осудувам и не ги знаеш и никогаш нема да ги знаеш причините зашто си оставена меѓутоа навистина е поважно кој ќе те изгледа а не кој ќе те роди. може би звучи трагично но навидум многу вистинито. па едно големо среќно и пиши што ќе направиш ти ја пуштам среќата да успееш.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Мило јас сум со приказна како твојата. Кога дознав дека сум посвоена, тоа беше на некои мои 16 години, седејќи и гледајќи слики со мојот дечко од мене кога сум била малечка, забележав дека на една слика, кога мајка ми требала да биде веќе 7-8 месец, таа воопшто не е бремена. Тогаш се ми стана јасно, цел свет ми се сруши... Имав чуство дека тој живот што сум го живеела до тогаш не е мој. Се што сум мислела дека сум и дека имам, како наеднаш да стана невистинито. Секој што го среќавам на улица може ми е вистинскиот татко, мајка, брат, сестра... Наредниот ден моите ми признаа дека сум посвоена. Единствено нешто што знам е дека сум родена во Штип, па потоа оставена во домот за сирачиња во Битола. Никогаш не би сакала да знам која била таа што ме оставила... Можеби имала добра причина за тоа, но, јас сеуште неможам да го прифатам тоа. Можеби еден ден би сакала да знам и да ја слушнам приказната но сега... Што ако уште повеќе се разочарам? Среќна сум била со моиве кои цел живот ми го посветиле мене, ми дале се да имам, ми пружиле неизмерна љубов. За мене тие се единствените родители, тие кога биле со мене во секој момент од мојот живот, кои биле тука со мене кога сум проодела, кога сум го кажала првиот збор, кога сум растела... Единствено би можела да признаам доколку таа жена ме оставила поради болест. Тогаш секоја чест што подарила живот на некое дете, но во секој друг случај, таа не постои за мене и несакам ништо да знам за жената која ме оставила во дом, на милост и немилост. Се што би сакала да знам е дали имам полубраќа и сестри. Одсекогаш во животов ми фалеа и само нив би сакала да ги пронајдам. Би ве замолила доколку има некоја од Штип, што има некој близок кој работи во гинеколошката болница таму и би можел да ми помогне со некакви информации, нека ми испрати приватна порака. Би сакала да и го знам името на таа жена и којзнае, можеби и јас би сакала да ја запознаам еден ден :worried:
    Значи ненушке, јас мислам дека подобро би било да ги оставиш работите такви какви што се, зашто може да дојде и до поголеми разочарувања, но, доколку тоа ти е преголема желба, тогаш обиди се некако да дознаеш. Иако верувам дека е тоа премногу тешко и возможно. Мислам дека кога се остава дете на посвојување, тогаш биолошката мајка се откажува од тоа дете и никогаш нема да го побара назад. Информациите се строго чувана тајна во домот каде што се остава детето и мислам дека е речиси невозможно да се дојде до нив. Можеби и грешам, и ако некој знае повеќе околу таа постапка би сакала да знам како иде тоа. Како и да е ненушке, што и да одлучиш ти посакувам многу среќа. Поздравче :*
     
    На pahuljica sneza и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  17. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    480
    Имам другарка која е посвоена и која уште од мала знае дека родителите со кои живее не и се биолошки родители. Цел живот знае дека е посвоена, и јас ги оправдувам нејзините родители кои така ја воспитале. Ниту сака, ниту помислила да си ги бара вистинските родители. Не израснала во илузија и нема лажна слика за нејзиното семејство која може подоцна да се сруши. Ако детето мисли дека живее со неговите биолошки родители, а подоцна дознае дека е посвоено, целата блискост се урива и оттогаш ништо веќе не е исто. Не дај боже ако нема да можам да имам деца и потоа посвојам, и јас така ќе го воспитам, едноставно нема да сакам да го лажам и да кријам од него нешто.

    Нормално е да постои љубопитност за тоа кој те родил, кои се твоите корени, зошто те оставиле, која била причината. Така што ги охрабрувам сите оние посвоени деца кои сакаат да ги пронајдат вистинските родители. Тоа не значи откажување од оние кои ти пружиле дом, оние кои те одгледале, туку едноставно запознавање со оние кои те створиле.
     
    На samovila.red., MarchelineAmaru и smile.for.life им се допаѓа ова.
  18. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.476
    Вака е мојот случај, јас значи се обидов со гинеколошки книги во болница и не можев да добијам пристап таму, можеби со добри врски и ке биде ама еве јас немам и не ми дозволија. затоа отидов во центарот за социјални грижи и прашав таму за податоци бидејќи веќе бев полнолетна ми ги кажаа без проблем најосновните информации т.е име и презиме на биолошки родител датум и час на раѓање на бебето (мене) и евентуално дали било едно дете или близнаци. еве сега јас го знам нејзиното име и презиме но пак не можам да направам ништо, треба многу распрашување по луѓе а јас не сакам со тоа на некој начин да ги повредам моите блиски а и најверојатно таа жена е сега мажена и има сменето презиме така да останува на едно често македонско име. не велам дека е невозможно ама треба многу растрчување и барање по муабети и луге
     
    На lejla5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.809
    Пол:
    Женски
    Ненушка, најпрво да ти се извинам што не ти одговорив на прашањето во СДП, доцна го видов, како и да е, Kарак ти помогнала :)

    Сега, на темава. Посвојувањето деца прави среќни две страни-родителите кои не можат да родат сопствени, и децата кои завршуваат по домовите и по улиците. Јас имам двајца другари, кои се на иста возраст, заедно учеа, прекрасни деца и двајцата. Посвоени. Сега и двајцата знаат. Едниот уште како помалечок му кажале, а другиов разбрал сосем случајно. И секако година дена не можеше да се соземе, го мачеше тоа. Ама не сака да ги види своите вистински родители. НЕ ги сакал, ако требало да биде со нив, немало да го остават. И премногу е поврзан со своите, благодарен е што воопшто некој се грижел за него, примил љубов повеќе од биолошките родители што би му дале.
    Другиов сега се женеше. Има бебенце мало. И тој не ги бара нив. Ама татко му(вистинскиот) го побарал него. На крај испадна дека тој бил толку блиску до него. И сега како да го сака? Кога тој свесно цел живот знаел кое му е дете и не го погледнал, сега кога доби внуче си го сака синот назад. Е нема, си има бебето баба и дедо.
    Еве ти две приказни кои ми се блиску, и во двата случаеви тие не сакаат да ги видат родителите. Ти си знаеш најдобро како се чувствуваш. Ако решиш да ја најдеш мајка ти, тогаш немој да ја повредиш таа што те одгледала, болно е тоа за неа. АКо не тогаш живеј си го животот, уживај си со своето дете, и биди среќна шот тие што те посвоиле и ти пружале Живот. Да те советувам дали, не можам, бидејќи ти си таа која треба да реши дали сака да си стави трн во здрaва нога или не.
    Можам само да кажам дека јас никогаш не би си го оставила детето, само ако умрам.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  20. maleckata.22

    maleckata.22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    16
    Се сложувам со Карак...Ако толку многу сакаш да ја видиш или да ја прашаш било што направи го тоа без никој да знае.Јас да сум на твое место никогаш не би ја побарала ама никогаш.Кога на нејзе не и било тешко да се одвои од дете што го носела 9 месеци, зошто јас да повредувам други со тоа што ќе ја барам а не сум осетила никаква љубов од нејзе? Но тоа е индивидуално,секој со свое мислење.Ти си знаеш најубаво дали си спремна за таа средба и дали навистина сакаш да ја запознаеш таа жена.Среќно и извести не што си одлучила.