Посвојување. Биолошки родители.

Дискусија во 'Дете' започната од karak, 20 јуни 2010.

  1. Arya

    Arya Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    и јас сум посвоена, цел живот знам за тоа (буквално непаметам кога и како ми кажале моите небиолошки но сепак најдобри родители на свет :) )
    никогаш ја немам распрашувано мајка ми околу тоа, несакам да ја повредам знам дека ќе се натажи и ќе ме свати погрешно, но колку и да ми е совршено со родителите, секогаш висат прашањата дали на мојот роденден дали и текнува на мене? дали имам полубраќа и сестри (дека сум едеиница во семејството сега)? зошто ме оставила? од каде сум? како изгледа?... едноставно неножеш против тоа.... :(
    тажното во мојата приказна е тоа што јас немам идеја од каде да почнам... :( незнам ни каде сум родена ни ништо... во изводот го пишува градот во кој сега живеам, но не е можно тука да сум родена...
    првите слики со моите родители ми се пролет или лето, а јас сум родена во јануари, значи со нив сум уште од моите 4-5 месеци... уффффффффффффффффф
     
    На MarchelineAmaru, svetlanakojceva и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Јас сум посвоена ,моите родители ме имале кај себе од мои 8дена
    (не сум баш легално посвоена)
    за мене тоа не беше болна вистина затоа што моите родители се добри, се грижеле за мене ,ме прифатиле,ме згрижиле во својот дом,се потрудиле да ми обезбедат образование и подобар живот ,сум имала навистина среќа затоа што не сум завршила во некој дом .Мајка ми ми кажа дека сум посвоена ,кои ми се биолошки родители ,ние сме во блиски роднински врски ,имам браќа и сестри за кои бев среќна дека ги имам ,со некои од нив сум во добри односи со некои не .
    Не гледам зошто да се бараат биолошките родители кога веќе си имаш семејство што те прифатило и знаеш каде припаѓаш,ако ним им било грижа први ќе повеле иницијатива да ве пронајдат .
    НЕ!Ако не сакам да имам дете попрво би да абортирам .Не гледам зошто би го родила тоа дете ако треба да го дадам на посвојување? Не би го дала своето дете на посвојување затоа што кога веќе сум решила да го родам ,ќе се грижам за него ,тоа е прво ,второ сметам дека не секое дете што ќе биде дадено на посвојување ќе биде добро згрижено и прифатено во новото семејство .
     
  3. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.030
    Допаѓања:
    4.604
    Пол:
    Женски
    Родителите (небиолошки) на мојата другарка со години се труделе да имаат деца ама кога виделе дека не можат решиле да си посвојат и ја земале неа. По две години (дали откако ја земаа им се намали стресот) им се роди син. Јас имав слушнато дека другарка ми е посвоена, ама не можев да верувам зошто неа секогаш повеќе ја гледаа од брат и, повеќе и купуваа, не е побогата од мене ама секогаш беше подотерана дури и ја разгалија малку. Во мало место живееме се скара со едно дете од класот и тој и рече дека е посвоена. Дома и го потврдија тоа, другарка ми година дена не знаеше кај е, ама се помири со тоа. Во годините на пубертет ако татко и и забрани излегување додоцна таа велеше ’’така правиш оти посвоена сум’’ ама кога помина пубертетот се смири работата. Сепак девојката немаше среќа. Таткото и мајката (постари беа зошто 15 години се труделе дете да имат) умреа. Уште додека мајка и беше жива и кажа од каде и се вистинските родители ама таа заради чест нејзина рече додека се овие живи тие не ги барам. Другарка ми се омажи и остана без родители. Не знам дали од тоа што стана мајка или сирак и се наврте во глава да си ја бара мајката вистинска. Јас имам потекло од тој град па ги ангажиравме моите, маж и и тој луѓе фати од некоја болница (да знаете оти во болницата има такви документи) и оваа ја најде мајката. Закажа средба и со мајката и со вујкото. Не сакаше ни пари ни имот, ниту пак одеше преку друг трет да разберат сите членови од фамилијата на мајката која се премажила. Не сакаше објаснување само сакаше да ја види. Жената одби рече јас не сум имала керка никогаш. Другарка ми тоа ептен ладно го прифати ама пуста љубопитност, отидовме друг ден и чекавме `сабајле пред продавницата леб кај шо купува. Дојде жената и не можев да им поверувам на сопствените очи. Иста другарка ми тело, очи лице , глас. Арно ама и нјзе сумливо и падна шо ја гледаме и се заврте кога ја виде другарка ми ги пушти ќесите на земја од шок. После си ги прибра и набрзина си отиде. Сега другарка ми контактира со вујкото, така ко пријатели се имаат. Работат слична работа, успешни се, па братучедите и рекле заедно да работат ама она не сакаше.

    Знам и еден случај кај што мајката ја бараше керката па таа не сакаше да ја види.
    Муабетот ми е дека е можно да си ги најдете родителите ако ја знаете датата на раѓање и ако имате некој во таа болница па дури и да подмитите нели Македонија и се е можно. Прашање е колку сте вие спремни на таа средба. Таа жена се откажала од вас одамна не знаете како ке реагира. Симнувам капа на другарка ми, не знам како и беше на душата ама од сцената во продавницата јас два дена плачев, а таа се однесуваше ко ништо да не било.
     
  4. mecheto

    mecheto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    4
    Ме расплака си имала срека што баш такви луѓе те посвоиле.
     
  5. svetlanakojceva

    svetlanakojceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    Сакам да го искажам своето мислење во врска со темава која што многу ме потикна. Тешко им е на оние деца кои се посвоени, ги подржувам во нивните желби дека сакаат да ги запознаат своите биолошки родители. Но секогаш да имаат во предвид дека во потрагата на биолошките родители тешко се доага до податоци, бидејки секогаш кога некоја идна мајка ке се одлучи да го остави своето дете на посвојување имала некоја голема причина (неприфатена од околината и семејството, материјално необезбедена - невработена , напуштена од идниот татко..........). Потрагата на биолошките родители е тежок процес кој што може да предизвика разни сакани и несакани моменти, бидејки најчесто мајките кои ги оставиле своите деца на посвојување најчесто се откажале.
     
  6. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ме интересира кои се моите биолошки родители, причината поради која сум била напуштена и нешто повеќе за тие луѓе, но не би остварувала контакт. Моите вистински родители се оние кои ми дале кров над главата, ми дале леб и ми осигурале иднина. :talk:
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Ако се среќни весели и радосни со нивните родители кои ги посвоиле НЕ зошто може да дојде до непријатности и да не сакаат биолошките родители никаков контакт со детето. Сигурно е тешко да се дознае дека си посвоен, но сепак луѓето ако ти пружат љубов и разбирање нема зошто да се биде разочаран, знаеш дека некој те сака тоа е важно :) :)
     
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Пишав во друга тема дека сум единче и дека сакам брат или сестра. Денес ќе разговарам со мајка ми и ако не може да има дете од здравствени причини (ми има спомнувано дека имала тешка бременост со мене) да и спомнам да посвоиме (ако се согласат со татко ми бидејки моментално татко ми не е тука). Какви се процедурите за посвојување, и дали во изводот потоа ке ги пишува родителите кои те посвоиле или кои те родиле?
     
  9. Bubbles92

    Bubbles92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    13
    Колку само тажни животни приказни, најискрено се расплакав..Се надевам дека сите ќе успеете да ја потполните онаа празнина која ја чуствувате но никогаш не треба да заборавате дека сепак не сте останале сами, дека до вас има луѓе кои се спремни да ви пружат секаква сатисфакција, луѓе кои го потполниле местото на родител и кои никогаш нема да ве напуштат..

    Имам 2 братучетки близначки кои се посвоени.. тетка ми и тетин ми чекаа 6 години за на крај да дојде тој момент тогаш тие веќе беа 6 месециња. Девојчиња се и имаат скоро 3 години се знае дека мајка им е битолчанка но живеела во Германија а таткото Германец (или барем живеел одамна таму) децата биле ставени на посвојување бидејќи мајката веќе имала доста деца (мислам дека беа 4) и таткото ја принудувал на абортус но таа се вратила во Македонија и откако ги родила ги дала на посвојување..

    За жал се случи несреќа и тетин ми почина пред околу 9 месеци и тетка ми остана сама.. секој викенд ги чувам за да може да иде на работа. Децата се преубави со кадрава косичка, полни уснички, прави кукличиња.. Постојано некој ги гледа и имаат буквално се што може да посака едно дете внимание, играчки еден тон, неизмерна љубов што им се пружа секој ден...

    Но постои сепак еден проблем сега се сеуште мали и не разбираат но се плашам за тоа што би било кога подоцна би дознале? Знам доста ама доста случаеви каде што откако децата дознаваат дека се посвоени се придружуваат на група деликвенти и ги тормозат родителите со нивните бунтовнички испади иако сепак и ним им било пружано се.. На сите ни е страв да не дојде до таа ситуација особено тетка ми планира никогаш да не им каже секако треба за некое време да се преселат во друг град и онака таму никој нема да ги познава, ќе почне од почеток и искрено после сите постови кои ги прочитав мислам дека би било најразумно.. Сепак некои работи е подобро да не ги дознаеме.. Мислам дека сите поставуваме прашања иако навистина не сакаме да ги знаеме одговорите а уште помалку знаеме да се соочиме со нив. И онака нема причина за да се случи нешто како да се сретнат со мајката и со нивните полубраќа и сестри. Ќе остане само разочарувањето.. Љубопитноста е одлика на секој човек и знам дека тие подоцна нема да се помират само со фактот дека имаат биолошка мајка таму некаде... И ќе бараат и се повеќе ќе се разочаруваат... Па дури и да дознаат и да ја најдат иако е ептен мала шансата уште помала е шансата дека таа мајка откако имала срце да ги остави сега едноставно да ги прифати и да продолжат како ништо да не се случило и да сака мајката да се зближи со нив, како тие би го надокнадиле сето изгубено време? Како ќе и го соопштат тоа на жената која има работено и по две смени да и угоди и да ги разгали .. Животен пресврт кој не мора да го дозволи и двете девојчиња би продолжиле со нормалниот живот.. Секој има изговор за направеното но не секој е доволен.. Поз до сите и се надевам дека ќе успеете во потрагата по вистинската вие..

    П.С. Мислите ли дека таа одлука ке биде некако злобна и себична?
     
    На nenuska new му/ѝ се допаѓа ова.
  10. macencetoo

    macencetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    3
    Прочитав многу тажни приказни,јас одев на пракса во домот во битола и има деца остаени оти различни тажни причини ,но и од неоправдани причини :@ сега кога пишам за нив многу ми фалат цела љубов му ја давав нив :inlove: ;( .Иако се оставени на милост и немилост има фалилии што неможат да имат деца и ке си посвојат и цел свет ке му го подарат со голема љубов,за жал има мал број кој останват не посвоени од здраствени причини. ;( ;(
     
  11. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    моја поддршка до сите вие кои сакате да си ги пронајдете своите корени...им се поклонувам на сите кои сте посвојале дете....тоа е голема работа и теба човек да е со големо срце,браво!секое дете заслужува да има фамилија љубов и некој крај себе...жално е за тие што неможат да го имаат тоа.вистина е дека во секоја фамилија има икавги и се ама знаеш дека секогаш имаш некој крај себе...
    не би дала свое дете на посвојување ке трпам за леб за тоа да има барем основни средства за живеење....
    секој што е посвоен колку и да не сака се во некој момент се прашува себе си од кај е чиво е зошто????
    кога си ги барате вистинските родители бидете подготвени дека нема да ве прифатат и ај да речам моја молба да не си ги вргате по никјоа цена тие што ве посвојале..добро кажа некој погоре дека некои почнуваат да се понашаат деликвентски ама не да не е убаво туку е ептем грдо?зошто да ја носат тие луге горчината и последиците од таквото понашање кога лугето ви дале се што имале?????да не ја должам многу...него сакав на баблс 92 да и кажам како размислувам за случајот...
    дел од тоа што го наведе е многу точен дека кога девојчињата ке пораснат може да не ја прифатат вистината на убав начин и да станат деликвенти.....мегутоа и да се преселат каде никој не ги знае не верувам дека баш никој нема да ги знае...никогаш незнаеш кај ке те однеси животот и кој ке ти ја плесне вистината во лице..и за зал мислам дека е себично да се скрие вистината од нив...според мене е многу поприфатливо да им ја каже вистината дуре се многу мали од сега ако се само 3 години ама кога ке порастан нив ке им биде многу нормално дека се посвојани....вашата фамилија колку и да не кажува за зал се ке се најде некој што ке знае и ке ги повреди со тоа....има во оваа тема предложи како да им се каже најбезболно прочитај ги сите ....
    прочитај како им е тешко на тие што се посвојани кога не знаат од каде да почнат со барање..и види каков преплет на емоции има зената која научи дека е посвојана на 40 години???мислам дека е тоа потешко од него да се свесни уште од мали...а за да станат деликвенти секое дете може да стане деликвент било да е посвоено било не...
    ова е само мое гледање на работите што незначи дека сум 100%во право....сепак тетка ти треба да си одлучи што понатака или пушти ја нека ги прочита овде постовите па нека заклучи самата што за во иднина.поздрав и секое добро од мене
     
  12. svetlanakojceva

    svetlanakojceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2

    имаш ли некои податоци од местото на рагање, дата и година
     
  13. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Да се самоцитирам, да не ме занемарите :)
     
  14. Arya

    Arya Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3

    значи во изводот на родени како роден грат ми го пишува оној во кој живеам (а тоа не е можно, живеам во градче од 15 илјади гарант до сега ќе се спомнеше нешто, само не ми е јасно како можат да напишат за родено место - место во кое не си роден?!?!?!) и за дата на раѓање ми стое 10ти јануари, ама мајка ми (онаа што ме посвоила) еднаш во еден неврзан разговор ми рече дека сум родена на 9ти јануари, иако во изводот ми стои 10ти ?!?!?!?!??!?! е оваа ситуација најмногу ме буни
    мајка ми или лично се знаела со мојата биолошка мајка па го знае тој податок, или овие од локалното матично ради некој причини го смениле датумот и местото на раѓање од оргиналниот документ.....
    друг документ не најдов, и тоа е се што имам :(
     
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Имам внук кој што е посвоен инаку Ариа. Братучед ми уште кога го зеле си ги дозна сите информации за мајката, биолошката на внук ми, бидејќи поради лошото искуство на едни нивни пријатели кои посвоиле дете и не му кажале, а тоа само дознало... решија внучево мое така да го пораснат. Да му раскажуваат од мало преку приказни дека тие не му се вистински родители дека го зеле од болница, каква болница, дека друга мајка го родила итн.
    И братучед ми ти велам се знае за мајката, која кога го родила била малолетна инаку, затоа што од друга страна сакаа да имаат податоци, доколку внук ми некој ден се одлучи да ја побара да поразговара со неа.
    Така да, не знам можеби најдобро е прво да поразговараш со твоите и од нив да дознаеш прво што они знаат и заедно да побарате... чисто онака да ти е мирна душата колку толку дека имаш некаков податок за себе си, за своите корени.
     
  16. svetlanakojceva

    svetlanakojceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2
    sepak samo sakam da ti kazam deka pri posvojuvanjeto na dete posvoitelite imaat pravo da gi menuvaat podatocite na deteto , pa zatoa i kaj tebe e smenet datumot na raganje, no sepak najdobro moj sovet ti e da porazgovaras na ovaa tema so tvoite roditeli ,mozno e da ti pomignat okolu podatocite koi gi znaat za tvojata bioloska majka.
     
  17. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    поголем родител од оној кој те изгледал,те хранел,те негувал,спиел до тебе кога си бил болен,ги гледал сите твои падови и среќни моменти нема.
     
    На nenuska new и Neytiri им се допаѓа ова.
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.745
    Пол:
    Женски
    И јас сум за тоа децата да си знаат. И така не би можеле да го злоупотребат тоа, со самото оставање тие родители немаат никаква обврска кон нив. А и тие дечиња нели се луѓе како сите нас? Не ли заслужуваат да знаат кои се, од каде се...Па ако се оставени не се пола луѓе, не се репка без корен...штознам јас да сум некој авторитет, би била за тоа на одредена возраст да им се каже.


    и со ова потполно се согласувам, ама мислам дека секој треба да знае од каде доаѓа. Не викам сеа да ги мани тие што дале се за него, но ете, како и сите други луѓе да знае од каде доаѓа. И треба да се одбере вистинската возраст да се соопшти тоа, не шокирај го детето сред пубертет и после секако погрешно ќе изреагира и ќе направи избор за кој ќе се кае.
     
  19. svetlanakojceva

    svetlanakojceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2

    aria sakam nekako da ti pomognam dokolku mozam zatoa te molam pisi
     
    На Arya му/ѝ се допаѓа ова.
  20. svetlanakojceva

    svetlanakojceva Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    2