Посвојување. Биолошки родители.

Discussion in 'Дете' started by karak, Jun 20, 2010.

  1. inimini

    inimini Истакнат член

    Joined:
    Aug 20, 2011
    Messages:
    215
    Likes Received:
    72
    Морам да се замешам во темава јас немам таков проблем но морам да ви казам мое мислење. Немој да кажеш со право ја викам мамо а кога незнаеш точно зашто те оставила може и дај боже да не е она крива во овој случај може татко ти бил тој а може како што има случаеви да се баби те и дедовците криви може гледаш може не емисијата Све за Лјубав и се ке ти биде јасно, пред да најдеш одговор од двете страни зашто отишле не осудувај.Моја порака е да пробаш да ја најдеш и да разговарате.
     
  2. inimini

    inimini Истакнат член

    Joined:
    Aug 20, 2011
    Messages:
    215
    Likes Received:
    72
    секога на вакви проблеми да ги наречам проблеми викам дека има и емисија не само емисија него и луѓе што знаат да помогнат. Ако неможеш ти сама да отидеш да тропнеш на врата побарај од некој друг да поразговара со нив. Рече дека живеат во Скопје а поточно во која населба се дали знаеш. Затоа што твојата животна приказна ме потсети дека има кај мене во комшии исти случај. Значи мајка ти сакала да те види но може немала храброст а и несмеела има многу работи. Биди со оптимизам верувај во себе дека сакаш да ги запознаеш, може и они сакаат може и они знаат за тебе. Дај боже да се сретнеш те прашав за населба.
     
  3. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    здраво на сите...би сакала некој да ми помогне,т.е да ми каже ако знае дали е можно да се дознаат податоците за биолошките родители од некаде ако сте посвоени директно од болница,т.е земена од болница?однапред ви благодарам позз
     
  4. soco

    soco Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2011
    Messages:
    418
    Likes Received:
    185
    прво размисли кој ти се очекувањата од биолошките родители ?и дали вредат ТИ да се интересираш за нив ? зошто мојот став е ако до сега никој тебе не те нашол зошто ти него да го бараш .
     
  5. soco

    soco Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2011
    Messages:
    418
    Likes Received:
    185
    Еве јас познавам повеке парови кои зеле деца т.е. ги посвоиле затоа што немале свои биолошки деца .Леле Јас како родител на свои деца буквално можам вода да им носам во однос на воспитување и и предавање на мајчинска љубов! Напросто се изненадив еднаш кога како гостинка ми дојде една таква мајка со керката посвоена што учеше со моето дете пред секој нејзин збор упатен кон детето се изразуваше : ајде маме,ај на мама,мамина ,мила моја, ...... ЈАС на моите деца така им се обракам само ако екстремно многу заслужиле или ме израдувале .

    ЛУГЕ јас мислам дека децата кои се посвоени ако се третирани од родители посвоители како мојов пример дека никогаш не треба да си ги бараат своите биолошки родители затоа што тие не го заслужуваат тоа .И сите што ги познавам јас што посвоиле деца сите прекрасно се изразуваат кон нив и се РОДИТЕЛИ ЗА ПРИМЕР!
     
    nenuska new and MilaP like this.
  6. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    затоа си потполно во право,дека нема потреба да ги барам,но желбата ми е само да ги дознаам нивните податоци.од кај се ,како се викаат,а за средба со нив не ни помислувам никогаш тоа нема да си го дозволам :(
     
  7. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    секагаш така се однесуваат таквите родители како на пример моите,многу сум задоволна од нив и никогаш не би ги заменила со други,не дај боже :o но самата помисла дека некоја сосема друга ме родила ,ме тера да дознаам податоци за неа :( макар само името нејзино да го знам ......
     
    pahuljica sneza likes this.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Joined:
    Sep 19, 2010
    Messages:
    15,184
    Likes Received:
    124,689
    Не си баш во право.Секогаш ќе ја копка да знае од кај и се корените.А и никогаш не треба да се суди,пред да се дознае целата ситуација.
     
    nenuska new likes this.
  9. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    токму така...затоа секогаш сакаме да дознаеме по која причина не фрлиле така да нарецам,т.е зашто се откажале од нас..затоа и најчесто се бараат биолошките родители..кој е посвоен знае како е...
     
    nenuska new likes this.
  10. soco

    soco Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2011
    Messages:
    418
    Likes Received:
    185

    :tmi: сакаш вакви родители???????????? http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/pedesetina-deca-pitachi-dislocirani-od-ulicite-vo-zemjava

    или наркомани, лузери, пијаници ? Сакаш силувана мајка? Ако некој сака да го фрли детето ќе го абортира. Давање на посвојување е трошка од совест, си мисли дека ќе усреќи некого со своето дете, со тоа си мисли дека совеста ќе и биде чиста!
    Јас лично не би дала дете на посвојување!
    Еве еден пример: еден пар пред 40 години немал деца, во соседно село на породување умрела мајката, а таткото имал уште 2 деца, а бил и сиромашен. Тогаш решил дека не може да се грижи за детето и им го дал на посвојување на лугево. Оваа варијанта јас ја одобрувам, го вдомиле детето. Сега е возрасен човек, женет, со деца, му кажаа дека е присвоен и отиде се виде со таткото и брака-сестри што имал, ама пак си живејт со посвоителите. Овој татко за мене не е за осуда, ни дечкото не го осуди, го прифати фактот дека морало така да бидит!
    Моја најдобра другарка беше посвоена од своја лична тетка и личеше со неа, нормално тетка, и ко и рекоа некои од завист дека е посвоена не им поверува! Јас малку можам да те сфатам, ама само малку, зошто со другарка ми бевме блиски и знам како и беше нејзе!

    Молим те немој да ме сфатиш погрешно. Јас само сакам да ти речам да не се разочараш и после да западниш во депресија. Ако си јака мислам психички да можиш да ги примиш информациите барај си!
     
    Meggy likes this.
  11. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    не не сосема те свакам,фала за твоето мислење,јасно ми е дека ке се разочарам ако сепак се сретнам со нив некогаш,тоа сите го кажуваат....но јас неможам да се помирам со фактот дека незнам ништо за НЕА,по која прицина ме оставила на други луѓе да се радуваат на мене..а за давање дете никогаш не би дала зашто и јас сум мајка и знам како е чуството мајчинско.. макар и од најтешки причини не би се откажала од своето чедо.Несакам никого да осудам туку си го кажувам мислењето,а сите не размислуваат како мене.....сама се прашувам дали некогаш помислила на мене???како се чуствува на денот кога ме родила,додека ја се веселам со пријателики и семејството???дали некогаш помислила да ме побара???ее тоа се многу прашања но без одговори...
     
    nenuska new likes this.
  12. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    Пишав, но темата ми е дали е можно да се раберат информации од самата болница,бидејки сум разбрала дека децата што се посвоени од дом имаат поголеми шанси да дојдат до информации за нивните родители,а за ваков случај ко мојов е многу тешко,барем така сум разбрала...ако има некој некоја корисна информација...нека пише...
     
  13. soco

    soco Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2011
    Messages:
    418
    Likes Received:
    185
    леле Емоција незнам на која возраст си ? инаку мајка ти посвоителот не ти кажала баш ништо сигурно не си паднала од марс! види порано имаше голема корумпираност во болниците дури и чистач ките беја подмитувани но сестрите знаеја но од страв не кажуваја јавно за таквите случаи ! можно е уште на пораѓај да се запишала идната мајка за да не се дознае еве ти пишав за примерот на другарка ми нејзе во извод и стои името на мајката која ја имат посвоено т.е. тетката нејзина затоа таа не веруваше дека е посвоена многу добра камуфлажа а имавме другар роден на исти датум и ја прашавме мајка му дали се секава на нејзината мајка а таа рече дека тој ден се родиле машки деца ???????????? и тогаш настана недоумица !!!! ако ја знајш болницата можеби ке најдеш некоја сестра барај кој е роден на исти датум и прашај ги мајките им зошто еве ЈАС лично знам кој мајки родија во исто време со мене така можит да дојдиш до некаков траг ! Ако имаш средства најми си некој кој можит да имт врски и да дознајт ! Ако твојата биолошка мајка ја има чувано тајната за тебе, можит да и напрајш проблем ако имат сопруг кој незнајт за оваја нејзина тајна !
    П.С. посвоителката на другарка ми никогаш не и призна дека е посвоена ! и викаше ти си моја керка. Јас те родив од завист те тераат да се сомневаш!и таја се откажа ! инаку нејзиниот случај беше фино скоцкан со мистерија таја личеше на ,,мајкаси т,е, тетка си,,и да направеше ДНК ке покажеше крвно сродство и ???? вистината пак мистерија ! Со господ напред ! ти посакувам срека и трпение ! Јас разбрав од кумот нејзин каков е нејзиниот случај ама ден денес не и кажав дека кумот Ја кажал нивната тајна сега не сме блиски со таа другарка таа и ко се мажи имаше блиски врски со нив незнам дали се живи ич не ми текнало да прашам ПРИЛИЧНО беја стари за да имаат керка на толкава возраст !

    [mod-tekst:3gniylqc][/mod-tekst:3gniylqc]
     
  14. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Joined:
    Jul 2, 2011
    Messages:
    2,129
    Likes Received:
    1,801
    Не знам зошто однапред велиш дека ќе се разочараш?
    Твое ПРАВО е ако сакаш да знаеш кои се твоите биолошки родители. Кој ти е татко (кој те направил), која ти е мајка (која 9 месеци те носела во себе).
    Да ја дознаеш причината зошто те оставиле, дали е оправдана или не, бидејќи во спротивно цел живот ќе се прашуваш: како било. И внатре во себе секогаш ќе имаш доза на општо незадоволство во животот, поради фактот дека некогаш си била напуштена! Напуштена од тие кои требале да ти бидат најблиски!
    И не е целата ситуација околу мајката, исто мора да биде вклучен и самиот татко! Одговорноста е еднаква меѓу нив!

    Нема што да се плашиш да ги побараш! Тоа што ти го сакаш и бараш е најнормално. А, воедно и од корист, за да видиш чии гени носиш (со гените се поврзани многу работи, на пр. многу болести).
    Од друга страна можеби и биолошките родители патат и те бараат, но имаат страв или не можат да те најдат - никогаш не можеш да знаеш.

    Да ги најдеш сама можеш преку емисијата Се` за љубов. Но да најдеш податоци по болници е многу тешко, знаеш какви се работите кај нас.
    Најдобро е да бидеш искрена со твоите старатели, да им кажиш колку ги сакаш и колку си им благодарна за се`, но дека сакаш да ги најдеш биолошките родители. Ако им `работаш` зад грб можеш многу да ги повредиш.
    Во почетокот можат да бидат збунети и многу уплашени, ама дај им време. Ако имаат доверба во тебе, и ако се навистина НЕсебични луѓе, со разбирање - тие најмногу можат да ти помогнат! Најдобро знаат од каде те посвоиле, преку кои луѓе итн.

    Велиш доволно ти е само имаето да го знаеш, но знај и да го дознаеш нема да ти врши многу работа. Нема да застанеш тука. Ќе сакаш да копаш уште подлабоко. Затоа оди до крај, ако одиш! Во секој случај, не брзај, остави на времето. `Барањето` може да трае и години. Немој тоа да ти го поремети секојдневниот живот. А, каков и да е исходот - биди цврста, храбра, а најдобро и без никакви исчекувања (фантазии-како би било...)

    Поздрав
     
    nenuska new and emocija like this.
  15. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    Jaс инаку имам 25 години,а од посвоителите сум разбрала само дека сум земена од болница од икс град (да не напоменувам тука кој)и дека незнаат нисто повеке за жал...дека кога би знаеле немаат ништо против да ми кажат :(
     
  16. soco

    soco Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2011
    Messages:
    418
    Likes Received:
    185
    Ете барем градот го знајш ако е некој помал можеби имат некоја шанса во малите градови горе долу сите се познаваат !Не мора да пишуваш каде само ме интересират дали во изводот на родени ти пишуват дека си родена во тој град ? и кој е запишан на местото на родителите ???????????посвоителите?????ако се тие ѓаволски ке се изнамачиш во потрегата !Според времето во кое си родена системот на бившата држава беше порозен и сигурна сум дека некој длабоко подмитувал да се прикрие вистината ако посвоителите не ја платиле корупцијата значи ја платил некој друг !кој друг? сигурно родилката не! или таткото нејзин или оној кеј не сакал да се врзе со родилката! многу или многу!Дали веке беше во болницата да се распрашаш или барем имаш некој близок пријател од тој град што ке ја оработит таа работа зошто тебе потешко ке ти ги дадат информациите ! на жител од тој град му е полесно да дознајт знаеш тетки,стрини ,рекла-казала варианта секогаш палит зошто кај имат чад морало да имат оган рекле лугето !
     
  17. samovilce

    samovilce Истакнат член

    Joined:
    Dec 17, 2010
    Messages:
    41
    Likes Received:
    15
    барам маж околу 50 55 год смега коса (можеби е бела сега) висок крупен кафеави очи ..потекло струмица (но не е сигурно) ако некој знае ве молам кажете прред 24 год работел во друг град како механичар
     
  18. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    во изводот на родените стои градот од каде што сум мислам каде што сега живеам,а и се водам на посвоителите нормално,не пишува никаде за тој град каде што сум родена :( а за прашување во болницата не сум била лично јас,преку друга особа пробав но му кажале дека е законски забрането да се кажуваат податоци,дека ако родилката побара и се даваат податоци а на детето не...мајката има право да знае каде е детето а детето нема право да знае за мајката..... :worried: барем да знам само името и од каде е таа,бидејки мозеби и не е од тој град можеби и тука дошла само да се породи,за да скрие тајаната..ех има многу варијанти ,но кај е правата,па да знам од каде да започнам да барам,мислам дека ме свакаш,а јас сум сега во кор сокак,немам нешто со што би запоцнала да барам...
     
  19. riba79

    riba79 Популарен член

    Joined:
    Feb 3, 2010
    Messages:
    1,704
    Likes Received:
    6,584
    Gender:
    Female
    немојте да ми се смеете :!: ама јаас во таква ситуација би отишла и кај Клеопатра...слушнав од неколку луѓе дека многу погодувала...маката ќе го натера човекот на се :(
     
  20. emocija

    emocija Истакнат член

    Joined:
    Feb 4, 2011
    Messages:
    68
    Likes Received:
    53
    мислиш дека ке те насочи кон правата личност?незнам можеби..ме замисли сега малу право да ти казам :^) но дали таа доаѓа тука во мк?