Маката на човека секаде ќе го однесе. Ама поконкретно за Клеопатра, ќе треба подлабоко да брцниш во џебот. Иначе доаѓа и во Ск, однапред се најавува кога.
Да Клеопатра имат блиски врски со Есма Теодосиеска http://www.facebook.com/group.php?gid=18489024245 http://www.youtube.com/watch?v=vBB8ipnBIRA http://6rbtata.com/view/on2kC0DqORU/Vid ... hista.html http://pktube.onepakistan.com/vesna+prorocica/ http://www.facebook.com/group.php?gid=1 ... 245&v=wall P.s. jas licno mnogu ne veruvam !
па незнаеш дал ке те однесе кај правата личност нели??што ако згреши ??не не не е тоа решение со видовитост .....решението е кај некој личност што знае нешто повеке за моето раѓање....што навистина ке ми помогне мене..не ми е јасно како никој незнае точни информации цццц...уф некогаш ме факаат некој мисли што ме тераат да побудалам...не е вака фер мислам кон мене...
Јас мислам дека нелегално треба да бараш ! нели ,,клин со клин се избиват,,Значит вака сигурна си во името на болницата и во градот ! веке пушти човек таму а тој не ти донесе информации така????? така. Сега морат да си најмиш еден професионалец тој ке си најдит кој све работел на породилно од кога до кога па ке си потплатите некој или ке барате некое друго чаре присила ,закана зборувам нелегално за да се дојдит до информации не си многу стара значи има сестри ,чистачки кои можит уште да работат таму или тазе пензионерки .Штом така се крие сигурно некој тогаш скапо платил ти реков или таткото на родилката или нејзиното момче за да се покријат трагите . П,С. кој ја известил твојата посвоителка дека таму имат бебе за да го земит ???? сигурно на неја не и се сонило ?!?!?! аман секоја ПОЧИТ кон мајкати-посвоителка ама нешто криет !?! и родилката сигурно знаела на кого го дават бебето ! сигурно се имет видено инаку како ке го дајт само така ? А бе ЕМОЦИЈА имат од кај да почниш Јас сум таја што те терав пред некој ден да не бараш ама ме заентересира многу бидејки како дете со другарка ми ко чашитки се испрашавме за неја нели ти пишев .Тогаш бев дете и ми беше интересно ама сега не би се нафатила тоа е тешка семејна работа нити психички нити морално не би можела низ то да поминам макар то било и за непозната особа а камоли за блиска другарка !
soco ја известиле од социјално за само една недела од поднесувањто на документи ,и се јавиле и и кажале дека има дете за посвојување..ама вика дека не се сретнале таму..за да недојде до компликации,а родилката ме оставила уште во родилната сала мислам дека ме разбираш нели?се откажала уште во првата минута од моето рагање.а за прашување во болницата мислам дека е невозможно само ако имаш ептен јаки врски пример роднина некоја вработена. инаку нема шанси никакви..можеби се е покриено за да не се дознае..можеби и никој незнаел за мене ...мистерииии
инспирирана од твојата приказна емоција деновиве ја распрашував една пријателка која има пријатели и тоа 2 пара кои посвоиле дете пред 25г.дали жените кои ги посвоиле децата знаат која е нивната мајка т.е дали имаат податоци..ми рече ДА знаат...можеби не лично ама податоци имаат..а и мајката која го оставила детео има податоци каде е истото..мој совет седни разговарај со твојата посвоителка...поздрав
Во земји со не знам колку милиони жители си го наоѓаат бараниот, па ти меѓу 2 мил. народ не може да не можеш да ги најдиш своите родители ! Барај помош отстрана, види кои ти се можностите...
сум разговарала ама вика дека нема никаква документи т.е и ги дала на социјаниот работнок од причини да не ги најдам јас некогаш,да не дознаам пред тие да ми кажат самите и сега неможам пак иста тема да отворам ми е незгодно некако,да не помисли дека сакам да се откажам од нив,или било што...многу сум поврзана со нив ,неможам никогас да речам дека не се мои родители...
Мене пак не ми е ЈАСНО луѓе имат со години чекаат ДЕТЕ а на само една недела поднесени документи и одма да добијат то е надвор од сите норми и правила извини ама големи пари се во прашање , големи подмитувања можит и не е поминат случајот ич преку социјалните служби !Нормално е родилката од одма да се откажала зошто не им ги даваат ни да ги видат рожбите за да не се предомислат и после ,,ќарот го папала маца,,
мораш да разговараш доколку сакаш да ја пронајдеш твојата биолошка мајка..ќе и објасниш дека ти не се откажуваш од нив туку сакаш да видиш кои се твоите корени дали имаш полу браќа сестри бог да чува да не се испозаљубите тука се исто генетските болести објасни и од тој аспект а не дека ти нив ќе ги оставиш па тие те исчувале израснале тие биле тука за се што тебе ти било потребно.поздрав
сум разговарала неколку пати на оваа тема,но упорно велат дека не знаат податоци,дека усте кога ме зеле мене,не сакале да имаат никаква документација за биолошките рдители..скоро ми рекоја дали е можно да си ги најдам преку интернет,а јас им реков можно е доколку ми дадете некокви информации за нив,а вака на слепо не... и по тоа сум уверена дека навистина незнаат ништо за биолошките родители...поздрав
emocija , znam deka ti e tesko, no vidi mila, ajde napisi mi nekoi podatoci poveke za tebe da znam kako da ti pomognam [mod-kirilica:1t2u8o1p][/mod-kirilica:1t2u8o1p]
што поточно ти требаа информации?датумот,градот каде сум родена ?пиши ми лп обавезно позз очекувам порака ...
emocija, mi treba tvoja data na raganje, mesto godina. Bidejki i jas baram edna licnost dadena na posvojuvanje pred 23 godini.
емоција, доколку сакаш да дознаес повеке информации за твојата биолошка мајка обрати се во центарот за социјална работа во местото каде живееш. мора да има некои податоци.позз
Познавам девојче кои знае дека е посвоено и сум ја прашела дали сака да ги дознеа вистинските родители и ми рече не! Рече дека сега таа има семејство и за неа тие биле мајка и татко! Речено и е дека вистинките родители ја оставиле бидејќи не можеле да се грижат за неа!
Некој да те посвои .... па тоа е голема љубов! Тоа е нешто што не можеш да го објасниш! Ако нечии биолошки родители оставиле некое дете бидејки несакаат да го чуваат ... тогаш зошто го створиле!? Но има и друга причина зошто се посвојува! Смрт и на двата родитела, насилство меѓу мажот, детето и жената .... итн. ! Јас лично никогаш нема да гледам некое дете\бебе на улица ... гладно и му студи! бар би му помогнала! Има некои многу неосетливи и недобронамерни па фрлаат СВОИ бебиња во канта! Да имаш бебе е многу убаво! Тоа значи дека ја имаш најолемата обврска на светот!
јас сум пред неполни 23 години дадена на посвојуванје - 1989 во јануари сум (или барем така ми пишува во изводот)