Nenuska не копај подлабоко, не барај толку информаици.. ќе ти биде се потешко. Знам едно девојче, сега има 18-19 години. Посвоена е и сите знаевме, но она не.. Пред некоја недела дозна и реши да си ја бара мајка и, да дознае која е. Но тоа е само губење пари и време. Зарем не си задоволна од оваа мајка што те одгледала? Што ти давала љубов овие години, ти купувала, те хранела.. Инаку доколку мислиш дека треба да посетиш психолог, посети. Ќе ти помогне. Гради си подобра иднина, не се враќај во минатото.
Beliber не сакам да те коментирам, со самиот факт што имаш 15 години јасно ми е твоето мислење. Сепак фала што си одвоила време да прочиташ и да ми дадеш поддршка
Ненушка.... кога ќе видам дека си пишала на темава помислувам дека конечно има нешто позитивно. Не знеш колку би сакала да можам да ти помогнам. Ако е помош тоа што се надевам дека сите ќе дојдете до целта, тогаш ви помагам од се срце.
Zdravo. Celo vreme se dvoumam dali da napisam nesto, ama konecno odluciv. Posvoena sum i sakam da gi najdam bioloski roditeli. Se pronajdov vo mnogu posvoeni osobi vo forumov, pa slicno kako i ostanatite i jas sakam da gi najdam. Ljubovta kon moite roditeli koi me odgledaa i pruzija mnogu ljubov stalno ke e najsilna od se. Rodena sum vo Avgust, Prilep 1979. (taka pisuvase na izvorniot dokument) Originalniot izvod e izmenat vo odnos na mestoto. Imeto na roditelite ne go pisuvase. Ako nekoj nesto znae ili nekoj se prepoznae so ova neka pisi. Pozdrav. [mod-kirilica:2z8eenl0][/mod-kirilica:2z8eenl0]
Незнам твое право е но што ти треба сето ова зар ке копаш по минатото зошто ти е тоа толку важно?Имаш голема љубов,разбирање,подршка и верувам дека те сакат највеќе на светот овие родители.Зар ке смени нешто гледај секој ден да ти е убав радувај се на секој ден од животот,дели си ја среката и тагата со родителите кој ти се во домот.Истражувањето,мислите ке те истрошат ако е и неубава случка настан зошто тие така постапиле уште толку ке те дотолчи.Чувај си ги нервите и не се оптеретувај со тоа.Мое мислење е ова не мора да ме послушаш.
Фала Сонце777 за мислењето. Го ценам, во секој случај. Мајка ми и татко ми се починати двајцата. Дури беа живи никогаш не помислив да ги барам биолошките родители. А и сега немам некоја голема потреба но едноставно сакам да знам. Неможе да ме повреди било што да дознам. Мислам дека повеќе можат да ме сватат љуге што се посвоени. Сакам да ги најдам само да ги видам, да знам дали се живи. Фала многу и поздрав.
Драга Стефиники добре дојде на форумов а посебно во оваа тема каде што има многу како нас иако е тешко но тука сме за помош и подршка верувај кога читам дека не сум сама со овој проблем малку ми е полесно можеби е сурово но така е а замисли уште колку не има???Значи јас те разбирам и подржувам потполно во потрагата по биолошките родители,знам колу посакуваш да ги видиш бар на миг да видиш од кого потекнуваш итн значи штом имаш некаков докуент оди во Прилеп во болницата распрашај се или некоја роднина твоја што била блиска со твоите можеби ке дознаеш нешто.Поздравче и ти посакувам срека во потрагата
Spoiler Јас ве сфаќам сите вас.Гледам многу совети да не се копа по минатото,но зарем е така лесно?Се ставам на ваше место,и знам дека и јас би постапила исто.Тоа копка,и создава некој немир внатре,колку и да те сакаат сегашните родители,колку и да ти пружиле се,нормално тоа го цениш и ги сакаш,ама желбата е да се знае од каде сме и што сме.Зошто сме оставени,да ги видиме билошките родители,да видиме на кого личиме ? Многу прашања измачуваат и се вртат во глава,и тоа е сосоме нормално. Јас драги на сите ви давам подршка,сакам сите да успеете да си ја пронајдете вистината која ја баравте,ве гушкам и ви посакувам во Новата год.да си го остварите тоа
Сакам да ви посакам на сите се нјубаво во новата година. Секој што има цел да ја оствари. Јас немам ваков проблем но се сочувствувам со вас. А сепак мое мислење е дека треба да се знаат биолошките родителиоа и пошироко затоа што има многу примери што никогаш не се знаеле кои се што се а сепак биле блиски, на пример брат и сестра незнаат дека се во родбинска врска и се залјубуваат само на тоа помислете.
Зошто јас досега не сум видела никакво картонче со податоци од биолошките? Го имам само изводот од родените кој што е на име на мама и тато и град на раѓање во кој што и сега живеам. Во 1990 дали е имало картончиња? Леле на оваа тема сум многу оддамна но дури сега се регистрирав во фемина.
Слушнав дека има затворена група на фб за оваа тема... Како би можела да влезам во таа група за да можам да дискутирам повеке на оваа тема затоа што имам многу работи што сакам да ги кажам но овде неможам затоа што сепак ова овде е јавно и несакам да објавам јавно некои работи... Заради одредени личности што ми значат...
Здраво на сите овде што ве има.Пред се од се срце да ви честитам Нова 2012 година и да ви се остварат сите зелби. Инаку кај мене нема ништо ново,на таа тема за браката и сестрите мои. Да потсетам за оние што не ме знаат...инаку кај мене е друго посвоена сум ,и знам кои ми се родителите биолошки ,но починати се. неуспеав лично да ги запознаам. Но дознав и кои ми се брака и сестри од родителите..Но сеуште несобрав храброст да им се претставам,не дека не сум храбра,туку мозеби совеста не ми дава.Јас сакам многу но,,тие не знаат за мене,нивните родители пред нив биле само нивни, го криеле минатото,и си умреле така пред нивните деца,,а сега јас се појавувам и им го рушам светот и митот што си го паметат за родителите.. Е така драги мои...се слушам и си викам колку јас мислам на сите други а не на себеси/// нека патам..хм прашанјево нема да има никогаш одговор,кој знае како е правилно...и да не појадам цел зивот ќе ми остане некоја празнина во душава што не ја пополнив. Ве поздравувам и ве сакам сите!
Несакам да те обесхрабрам уште повеќе хепи но во право си, можеби е подобро да оставиш така како што е. Подобро индиректно спријатели се со нив отколку директно. Јас со мојата биолошка сестра бев другарка, таа не знаеше ништо но јас знаев... И нашата, те. нејзината мајка не беше сигурна но кога помина година време јас веке неможев да издржам и така мама и тато разговараа со моите биолошки а јас чекав во автомобилот и тие рекле дека цело време знаеле ама немало како да кажат за да не направат проблем бидејки мислеле дека јас незнам. Се беше во ред со нив но мојата сестра никако не го прифати тоа, се обиде да се самоубие, па почна проблеми да им прави дома и едвај дотуркавме година време јас веке неможев да издржам така и реков дека ги прекинувам сите врски и така и биде, веке 4 години не контактирам и не се гледам со никој од нив... Бидејки живееме во мал град понекогаш случајно се среќаваме но јас одма бегам на друга страна кога ке видам некој од нив. Мојот проблем е што не ги чувствувам баш како блиски, незнам некако не можам, инстинктот ми вели дека во цела оваа приказна има некоја дупка. Сестрами е 10 месеци поголема од мене, како е можно тоа? Оно да можно е но... Зошто ме дале? Велат не биле финансиски спремни да гледат две деца на толку мала разлика. И како е можно кога од страна слушнав гласини дека... Е ова што следи е друга приказна и затоа сум на цело збунета леле ке полудам... Кога сум била мала во нашето соседство дошла една жена да бара бебето што ќеркаи го родила пред неколку години и рекла дека нејзината керка има уште две деца. Жената била сосем сигурна дека сум јас, мама и тато не и дале да се доближат и така таа доагала одвреме навреме пред нашата куќа да ме гледа оддалеку и плачела... Ме убива тоа што неможам да престанам да мислам на таа тема, јас многу си ги сакам мама и тато, бескрајно многу, неможам да си го замислам животот без нив но... Зошто сеуште неможам да престанам да мислам на био? Ах боже, те молам чувај ми ги мама, тато и мојата керкичка и помогни ми да ја дознаам вистината ти ветувам дека нема ништо да сторам, никој нема да повредам, само јас да ја знам и со никого нема да ја споделам
Мене исто ми е посвојувањето со биолошките родители . Не е важно дали ги имаш вистинските родители туку е важна љубовта што ти ја подаруваат како вистински родители .
Според мене не е мајка таа што те родила и оставила туку онаа која што те израснала, онаа која ти мењала пелените, останувала по цела ноќ будна заради твојата настинка, ти бришела солзите и ти ги преврзувала раскрвавените колена. Многупати порано сум размислувала како ќе изреагирам ако дознам дека сум посвоена и секогаш велев дека нема никогаш да ги барам биолошките родители, но знам не е така сепак крв вода не е, не лесно да знаеш дека таму некаде имаш брат или сестра кои ни најмалку не се виновни за твојата судбина. Но, сепак сметам дека не треба да се бараат биолошките родители туку бидете и преблагодрни на сегашните родители кои ве спасиле од дом, ве израснеле и исчувале ви пружиле живот како што некој друг од било која причина пробал ви го скратил!
Здраво! Еве ме мене пак овде. Ги читав вашите одговори..имате мозеби право дека треба да оставам онака како што е...не порекнувам дека оваа мајка што ме одгледала ја сакам бесконечно.таа и моето дете ми дадоа сила да продолзам понатаму откога дознав за тоа дека сум посвоена после 40 год. Биолошката мајка и татко се починати.Сето тоа го сватив некако и еве поминаа 2 години и полесно ми е,не кривам никого така ми било пишано мозеби. Но...не е лесно да знам за сестрами да е близу ,а викате да оставам како до сега..лесно е да се остави а како најлесно би мозела да ја избришам од срцево и да се правам дека непостои,дека не ми е крв, и да лазам дека несакам да ја гушнам,некој што ми е близок а до вчера беше никој..мозеби ке бидам себична ако и пријдам,мозеби ке ја повредам,,но верувајте би умрела од гризи ако ја повредам со тоа..А вака ако неказам???дали некогаш ѓе се помирам?сигурно нема.не сум тој карактер.осетлива сум.како ми е само јас знам. поздрав сепак благодарам за мисленјата..ми значат вашата подршка ве сакам
Мислам дека би требало да се запознаеш со нив ... зошто и тие да не ја знаат вистината ... Сигурна сум дека би те прифатиле... Немој ништо да те спречува... цел живот ќе си велиш зашто не го направив тоа ... Оди уште утре ... Не губи ни ден ... Ти направи го тоа ... натаму зависи и од нив