Лично немам никаква врска со темава ама колку за коментар би кажала дека никогаш не би си го оставила она што сум го создала ама и никогаш не би го барала онај кој ме создал. Една мајка која го оставила детето значи не била подготвена да стане мајка, во неа не работел мајчинскиот инстикт, и таа најверојатно продолжила со животот. Таа веќе го дала своето мислење и тоа е тоа.
И јас сум посвоена па воопшто тоа не ми смета .Сега имам и семејство - сопруг и свое дете и никогаш енма да ја избришам од памет насмевката на моите родители кога си ја видоа внуката . Едно време имав потреба да дознаам кои се моите биолошки родители т.е мајка но некако не се осмелив секогаш имаше едно гласче кое ми викаше дека нема потреба иго послушав . Сега веќе не сакам да барам . Не ј оправдувам таа што ме оставила во ниту еден случај па ако ме сака изволте може да најми агенција ида ме побара. Може звучи себично ама така е , бабам ие роден 1929 година го родила татко ми самаи го одгледала сама ( била иисмејувана ипонижувана но од детето несе откажала), јас сум родена 1986 и не може некој дами каже дека било такво времето каде било срамно жена да роди дете без сопруг ако непонижувањето и било побитно од мене не заслужува д а барам таков човек а ако е пак некоја ороспија исл уште помалку сакам да ја знам
Еве и јас ќе се замешам ќе ја раскажам мојата приказна.. Имам 17години и неодамна случајно дознав дека сум посвоена. Подоцна мојте родители ми раскажаа некој дел од приказната, според нивната приказна сум била оставена во болница кога сум имала само 2 дена, тие кога се одлучиле за посвојување барале да не е детето од Битола, бидејќи тука живеат, и наводно знаат дека мојата биолошка мајка била малолетничка. Не знам колку е точна таа нивна верзија, но само тоа е она што го знам. Сега веќе има извеен период како што ме копка да дознаам кој се мојте биолошки родители, чисто да знам, но не и да стапам во директен контакт со нив. Полнолетна ќе бидам дури во февруари, има ли некој начин да дознаам кој се а да не е потребно да бидам полнолетна? Ве молам за помош
Ах, посвојување ... најризично и најнеблагодарно кон родителите кои се решаваат на посвојување во голем број на случаи. Многу случаи познавам кога родителите откако ќе утврделе дека детето е на возраст на која ќе ги разбере му кажувале и тоа резултирало со отфрлање на родителите од страна на детето, со недоверба, ароганција, плукање на сета нивна грижа, сметајќи ги за лажговци. На таквите им посакувам што поскоро да се сретнат со своите биолошки родители и по втор пат да бидат отфрлени затоа што во најголем број на случаи, тие родители креирале нови животи во кои за оние кои ги оставиле нема место. Па потоа да цмиздрат пред вратата на посвоителите. Има и деца кои сакале едноставно да си го знаат коренот без притоа да покажат непочитување кон оние кои ги згрижиле кога нивниот крвен близок не можел/не сакал. На таквите благодарни деца им пружам рака и им велам „Секоја чест.“ Пепуш ме воодушеви со постот. Е такви личности и те како вреди да бидат згрижени и посвоени. Но за жал, се` повеќе сум слушала за случаи како од првиот мој наведен пример. Што не` носи до заклучокот дека помалку ризично и поблагодарно е да вдомиш некое животинче отколку да посвоиш дете. Затоа што понекогаш, од човекот поголем и поопасен ѕвер нема.
Еве за помош отиди во домовите за деца без родители и види како живеат а потоа седни си во твојата убаво уредена соба со компјутерот пред тебе, јави им се на другарките и испијте си едно кафе а утре излези и купи им на мајка ти и татко ти едно цвеќе зошто благодарение на тие луѓе не си завршила како безвредно суштество отфрлено од родителите и од општеството. Сите сме ние нечии деца но нашите родители се знае кои се.
Tи советувам да разговараш со твоите родители за ова,секако дека е нормално да сакаш да знаеш кои ти се корените но ова е неблагодарно спрема луѓето кои те одгледале кои ти се вистински родители се грижат за тебе те сакаат безусловно.Mожеш да имаш доверба во нив а ако зад нивен грб ги бараш биолошките родители ќе биде многу тешко за тебе ,може многу да се разочараш.Tреба исто така да не ги осудуваш биолошките родители да се измачуваш себеси со омраза и гнев оти тоа е најлошо иако нема никакво оправдување што те напуштиле уште како новороденче.
Јас не сум посвоена но кога би била никогаш не би ги побарала вистинските родители. Во животот од се ќе откажеме од љубовта, од среќата, од се што мрда но од детето никогаш. Децата не ги бираат своите родители но родителите секако да. Сите вие кои сте посвоени не го гледајте тоа како хендикеп или нешто страшно туку како благослов од Бога. Зошто? Затоа што еднаш ви бил одземен домот и сте добиле шанса за повторен живот. не е родител тој што ве создал туку тој што ве одгледал што ве изградил во цврста и карактерна личност. Вие не потекнувате од тој корен, ви само потекнувате од нивната сперма и нивната утроба. Кога ќе се побараат вистинските родители - тогаш значи негирање на веќе оние кои ви го подариле вториот живот. Зарем сакате да знете за некој кој не се грижел за вас додека сте биле болни, кога за прв пат сте биле разочарани, за некој што не ви го покажал патот кој треба да го изодите. И уште една работа - не постои ниту една причина за некој што оставил дете- која и да е причината. зарем тие луѓе ќе бидат среќни. Еве еден конкретен пример. На мајка ми пријателка родила дете и истото го оставила во дом за посвојување. Има две деца после нејзе. Кога ќе ја видам како се смее ми се гади, ми се повраќа. Како може да спие мирно. Оставаат деца без да размислат дека можеби животот ќе им даде многу повеќе. Тоа дете не ги избрало нив за родители. Мајка и татко, родители треба да бидат секој ден а не да бидат после 18-20 години. Сакајте ги вашите родители како наште најсвето и молете се за нивното здравје. Тие ви дале втор и секако среќен живот. зарем би го барале некој што ве фрлил - НЕ ПОСТОИ ОПРАВДУВАЊЕ, НЕ ПОСТОИ ПРИЧИНА.
Секогаш велам и тврдам дека не е мајка таа што ќе те роди,ке те роди и после како куче ке те фрли на улица,и таа ти била мајка,некои луѓе богатство даваат да кренат дете во прегратка не сум посвоена,ама да би била вечно ке им благодарев на посвоителите,ќе ме копкаше да дознаам кои се биолошките родители ама никогаш немаше да ги побарам,и да им свртам грб на некои добри луѓе кои ми дале топло огниште и дом.Мој совет не се срамете вие што не ги знаете вистинските родители,туку ценете ги тие што ги имате покрај вас,и од вас направиле луѓе.
Јас не сум посвоена. Од една страна мислам дека посвоените деца можат да бидат многу неблагодарни кон своите родители (посвоителите). Ако некој те чувал подобро од свое дете, тогаш што е битно кој ти е вистински родител. Но сепак од друга страна сепак, не се знае приказната и причините зошто биолошката мајка го дала детето на посвојување и тоа може да се земе во обзир.
Cecilia-СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ПРАВИОТ ОДГОВОР! И уште нешто...ретки се оние кои ќе бидат посвоени, а воедно треба да бидат пресреќни, затоа што покрај себе имаат некој кој ќе им подари ВИСТИНСКА, ИСКРЕНА,ТОПЛА и ПОООЛНА со Љубов прегракта.....е тоа по домовите и на улицата го нема! И се сетив, читајќи ја оваа тема, на сторијата со малиот Бошко...тој за жал...направи 5 години , а можеби сега е и поголем...и се уште е по домови......
Na fejsbuk postoi grupa " SE BARA ". Tuka sekoj moze da raskaze za svojot slucaj. Da li barate majka, dete, sestra ili bilo koj drug, dojdete da si pomogneme edni na drugi. Grupata ja otvori Valentina Ilievska Dimitrijevic. Mozete da i napisete privatna poraka ako ne sakate javno da go iznesete vasiot slucaj. Eve i eden clanok povrzan so grupata : http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedon ... na-fejsbuk . Koga ke vlezete vo grupata ke vidite deka eden "slucaj" resivme. Pozdrav do site clenovi na forumot.
Дознав дека сум посвоена многу рано, прерано за едно дете да дознае таква страшна вистина. (извадок од од горенаведениот текст на телеграф) Не драга девојко/жено тоа што си посвоена не е страшна вистина и реалност. Страшно е да си оставена сама на улица или во дом на милост и немилост на ова испревртено општество. Страшно е да живееш во минимални услови во 11 Октонври,да немаш топол дом и родителска љубов. Страшно е да улеташ во нечив живот непоканет и непосакуван само за да ја задоволиш твојата желба да знаеш која е твоја "мајка".Страшно е да нарушиш нечив мир и спокој ,да отвориш некои врати кои одамна биле затворени а клучот фрлен во најдлабокиот океан. Исто како што за мене е страшно мојата биолошка мајка сега да ми тропне на врата и да ми бара прошка или наједноставна дружба со цел да ме запознае подобро. Ниту сакам да ја запознаам ниту сакам она мене да ме запознае. Ниту сакам да ги знам причините поради кои ме оставила ниту ме интересираат. За нејзе јас НЕ ПОСТОЈАМ. Јас имам едни мајка и татко а таа сигурно не ми е тоа. Во една друга тема го спорелив своето мислење па тука ке се самоцитирам.
Имаше во текстот за делумно посвојување. Шo e тoa? Би знаеле посвоителите за тоа? Во спротивно не би било фер кон нив. Абе нај-руски рулет опција ти е посвојувањево. Зборувам општо, вон контекст на монструозниве приказни за киднапирање и продавање бебиња.
Па мислам дека треба да знаат кои им се биолошки родители,да дознаат зошто ги оставиле итн.Колку и да се бунтуваат,секој би сакал да знае кој го создал и родил,зар не? Сепак,доколку решат да им се вратат,не треба да ги заборават и посвојувачите.Тие биле секогаш тука за нив,и ги сакале и повеќе од самите родители (секако,зависи од причините поради кои се дадени на посвојување). Не сакам никого да обвинам,ама мислам дека сите деца реагираат бунтовно,и баш на тие деца,доколку им се каже во пубертет дека се посвоени имаат страшни нарушувања. Почнуваат со пороци,бунтовништо... Знам такви примери,девојчето заникаде стана кога и кажаа.
Мене не ми е фер тоа. Па ни здрава ситуација ниту за посвоителите ниту за родителите. Играчки ќе си играме, сеа те нејќам, утре те сакам. Ако било привремено, ко да не можеп да се најде некој друг начин. Koга си се решил на таков чекор и сметаш дека детето тогаш било грешка, биди возрасен и соочи се зрело со последиците од твојата одлука.
A sto ako i tvojata biloska majka e zrtva kako i ti? Sto ako nejzinite roditeli bukvalno ve prodale i nea i tebe. Nikogas ne treba nikogo da osuduvas dodeka ne se uveris deka si ti vo pravo.
Моето време е предрагоцено за да го губам на осуда према некоја жена која е НИКОЈ И НИШТО во мојот живот. Едноставно не ме интересира нејзината приказна па макар и да е најсрцепарателна. Дури и да е таков сплет на околности тоа е веке завршена приказна. Како што ја сум помирена со тоа ,треба и таа да се помири. Едноставно она не постои за мене и јас не постојам за нејзе. Без оглед на тоа кои се причините кои ме оставила јас СЕКОГАШ ке имам едни мајка и татко. Како што кажав таа не спага во тие едни мајка и татко. Да редактирам:Не знам за нејзе ама јас во никој случај не сум ЖРТВА. Баш напротив,јас сум НАЈСРЕКНОТО суштество бидејки постојат 2ца луге на светот кои ме сакаат повеке него што се сакаат себе си.
Taka treba da bide vo sekoj slucaj. Tie te odgledale i se razbira deka sekogas treba da bidat na prvo mesto sto i da se slucilo vo minatoto. Sepak mislam deka si premnogu isklucitelna no dobro tvoj izbor, tvoe pravo.
Да прерано е за секое дете да дознае дека е посвоено, дека живее живот кој му бил скроен, на овој или оној начин. Тоа што го напишав во Телеграф е вистина. И ова е вистина: Никој нема право да му ускрати на детето кое е посвоено да го има правото да дознае које и од каде е! Тоа е сосема човечка потреба, секое јаболко само од едно дрво може да падне! Дали тоа дете ќе го искористи правото да исконтактира со биолошката мајка е веќе негово лично право, ама државата НЕ СМЕЕ тоа да го чува во тајност од детето кое било објект на одлука на возрасни луѓе. Некој одлучил за тоа каков живот ќе имаш и кој ќе бидеш? прво биолошката мајка, па Центарот за социјални грижи? Навистина фрустрирачки, ама некој кој не стоел во тие чевли тешко ќе го рабере тоа и ќе отекува со тие приказни кои ти се вистинските родители, како да некој тоа го соспорува?!? Посвоените деца ИМААТ право да знаат кои се и од каде се!