Колку грешни информации имаш. НИЕДНО дете кое има комплетна документација не е останато во дом ни повеќе отколку што налага законот, а тоа е три месеци по потпишувањето на мајката. Башка во домовите за деца има многу подобри услови отколку што повеќето деца имаат дома, нив им фали само едно, што не се купува со пари, родителска љубов. Судии секогаш имало и ќе има, ама она што навистина го носи во душата некој што е посвоен никој не може да знае, но и таа мајка која сигурно не го дала детето од ќеиф, туку најчесто, од голема нужда и тотално немање на ослонец во таткото, на прво место, па потоа и во целото свое семејство!
Jas uste nesto ke dodadam. Da kazeme deka taa "smrdla" sto te rodila navistina te ostavila za da si go prodolzi svojot zivot. Mozebi imas brat ili sestra. Tie deca ne se krivi za greskite na nivnata majka. Ti kategoricno gi isklucuvas i niv. Zar ne mislis deka po toj pogled i ti si bezcuvstvitelna?
Едноставно, таа мајка била таа што го оттргнала тоа дете од неговите полубраќа/сестри и со самото негово оставање и повторно формирање на семејство го оставила во минатото...можеби болно, но сепак минато. Тука детето што од благодарност и лојалност кон тие кои го изгледале низ сите предизвици не сака да знае за луѓе со кои само биолошки е поврзан не е негова бесчувствителност и нема никаква вина. Никого не осудувам, женско сум сешто може да ме снајде, ама едноставно има луѓе со ваков став. И јас кога би дознала дека сум посвоена, само уште повеќе би ги почитувала оние кои секако биле мои вистински родители. Други пак, ги бараат. Ниту нив не можам да ги судам се` додека не се неблагодарни и лоши кон оние што ги изгледале. Едноставно, секој со својата мисла, карактер и одлука.
Taка е, ама не е фер да се каже дека оставеното дете ги исклучува, кога во таа хипотетичка ситуација што ја наведе, тоа било нajисклучено.
Делумно посвојување- знаат посвоителите за тоа секако. Родителите (биолошките) исто можат да го гледаат детето свое и да знаат се за него и детето за нив. (Го учев ова одамна ама мислам дека ова е се)
Е тогаш е во ред. Можеби и најдобро така. Многу проблеми би можеле да се избегнат а и никој нема да гаи лажни надежи сите би си знаеле на шо се.
Ах колку е лесно да седиш на планина и да судиш за оние што се во долината... Кој спомна непочитување? Кој спомна невистински родители?
Општо си зборам, од разни случаи и разни прифаќања на таа вистина од мое окружување. Не дека ти или некој друг рече. Темата е општа и комплексна, исходи има милион различни, начини на прифаќање - различни колку што има различни карактери, а не е базирана на кој што рекол или на една случка. Затоа и реков погоре не можам да судам никого.
тесси во право си јас само ке додадам дека има случаи каде новороденчињата биле убивани - ЕТЕ за мене тие не се луѓе а најмалку родители. Е сега, некои мајки не ги убиле бебињата, туку ги дале на посвојување, значи не ги убиле ни со абортус ни одкако ги родиле, туку ги дале со цел да имаат подобар живот од кој тие може да им го пружат. Кога јас би дознала дека сум посвоена ( иако не сум) тогаш би сакала да ги дознаам моите биолошки родители, ако не поради дурго бар поради инцест и историја на болести, но тогаш би им дала уште повеке љубов на тиа што ме одгледале
Ако тоа што сум решена почит и неизмерна љубов да им дадам на оние кои 26 години се труделе влакно од глава да не ми фали ондак нека сум најисфрустрираната најјадната и најзлобната личност на светот. Не ми смета воопшто да сум таква.
Тоа биолошките мајки ако имаат барем грам совест треба да ве бараат-тие вас, а не нив вие. Барем толку ви должат. Незнам како е да си посвоено дете, така да секој обид за емпатија не би бил некако глупав. Од друга страна, познавам една госпоѓа, типична македонска жена би рекол секој кој ја знае, мајка на возрасни деца, сопруга, домаќинка. Да нагласам дека не е жена за која мажот одлучува, нејзиното место во семејството сосема одговара на нејзината улога во него. Со жената сум многу блиска. Кога дознав дека пред х години дала дете на посвојување, бев шокирана. Да знаете само колку пати (нормално, незнаев ништо тогаш) сум разговарала со неа на темата посвојување, лоши родители, дали некогаш посакала да има дете од полот од кој беше посвоеното дете. Замислете, апсолутно никаква емоција немаше кај неа. Како никогаш да не се случило ништо. Подоцна дознав дека жената им кажала на блиските дека "тоа било затворена тема, нешто кое мора да се заборави и никако не смее да се спомене, пред никого. И никој не смее да проба да го најде тоа дете, за да не дознаат децата кои сега ги има." Мојата реакција беше . Зарем е можно да не се покае, да спие мирно, да не сака да чуе за тоа дете, можеби ја бара, има сестри/браќа, има право да ги запознае. Никогаш нема да и ги заборавам зборовите, еден ден откако намерно и ја наметнав темата за дете од пол како она што го даде. "Нели си сакала да имаш и.... дете?" Ми се насмеа од срце "Па што знам, можеби, не се сеќавам, но еве ми ги, доволно ми се овие, не ми требаат други деца"... Не мачете си ја душата. Знам дека некој ќе ги заболи оваа приказна и нејзините зборови, но сакав да ви укажам на тоа дека можеби таа не сака да се појавите на таа врата. Во тој случај не ве заслужила, верувајте.
Едноставно, имаaт право на вистината, разбирам. Сите да ја знаат од почеток, можеби не би ни имало вакви стресни ситуации за сите. Но треба да бидат спремни дека не секогаш таа вистина е поубава од реалноста во која живеат. Не е секогаш повеќе ветувачка. Нека дознаат што било ако толку ги копка, нека им простат на оние кои решиле животот да го поминат со ново семејство, нека ги почитуваат оние кои им дале се` и биле покрај нив во секој момент. Ако за некои жени се минато, и тие нека биде за нив, но нека биде минато кое нема да буди негативни емоции. Сите имаат право да продолжат понатаму. Сценариото зависи од ситуацијата. Јас лично никогаш не би посвоила дете. Дури и да сакам да имам деца, а не можам. Попрво на внуците би им се радувала, барем знам што можам да очекувам од нив. Едноставно, не сум толку благородна за да се решам на таков чекор.
Ne, toa ti dava pogolema vrednost kako covek. Tie te odgledale i za tebe se razbira deka ke bidat edinstveni roditeli. Kako sto kazaa mnogumina ne si roditel so pravenje i radjanje tuku so odgleduvanje. Sakav samo da ti predocam nekoi raboti. Ima slucki koga uste vo bolnica na majkata i kazale deka bebeto i umrelo. Taa ne e ni svesna deka e zivo. Koj znae da li ikogas ke doznae deka ziveela so godini vo zabluda. Znam za takvi slucki. Togas ke priznaes deka majkata voopsto ne e kriva. I se slozuvam i vo toj slucaj tie sto te odgledale se na prvo mesto, no ako e takov slucaj togas zosto majkata da bide kazneta.
Јас дознав дека сум посвоена како што кажав многу мала. Тоа беше резултат на злобата на бакица која во караница со мајка ми за да ја повреди на најподмукол начин додека биле на работа моите ,мене да ми каже-Тебе овие двајца не ти се мајка и татко ,ти немаш родители. (мислам тоа кажува за каква личност станува збор) Јас дете како дете толку разбира ,само што дошле од работа сум им рекла-Мамо мамо,баба ми рече дека вие не сте ми мајка и татко дека немам родители. Моите и ден денес кога ке им текне на тој момент солзи во очи им навираат. Особено на татко ми што секој пат кога ке се скараше со нејзе од нос и го вадеше тоа. Баба ми за разлика од сите останати роднини ,чичковци тетки братучеди никогаш не ме засака и секогаш ме гледаше како ниж степен на човечанство. Од тука и сите проблеми ги имаше мајка ми со нејзе бидејки беше убедена дека таа не може да му даде дете на татко ми,што всушност е обратна ситуација проблемот бил во татко ми. Можеби баба ми никад да не се напраела паметна со таа изјава јас немало да го дознаам ова. Но и да е така мене ништо немаше да ми се смени во животот. До сега никогаш не сум посакала да знам кои се тие луѓе што ме створиле. Не затоа што ги мразам ,не затоа што ми се одбивни или имам негативни емоции према нив,туку едноставно затоа тие се непостоечи за мене. Впрочем можеби и не се живи ден денес. А да ја замарам психата со некој кој не го познавам и никогаш во живот не сум го видела за мене нема логика. Никогаш не сум осекала нижа вредност и фрустрација во однос на другите.И јас сум човек и вие сте луѓе од крв и месо. И вие имате 2ца родители кои ве гледале, ве чувале, ве пазеле, ви се треселе, се радувале и плачеле со вас и ЈАС го имам истото. Тоа што ја немам истата крвна група со мајка ми и татко не ги прави помалку мои родители од тие што ја имаат истата крвна група со нивните деца. Но,мене не ми се родители тие кои ме напраиле. Како што кажав нивната приказна може да е најтажна на свет,но да не биле мајка ми и татко ми од каде да знаеме можеби мојата приказна би била уште потажна. Пак ке кажам јас во тој сегмент сум имала повеке СРЕКА за разлика од таа жена и тој маж што сум завршила во семејство кое ме сака ко нивно дете. И не само мајка ми и татко ми. Ме сакаат и тетка ми која од уста не ме вади,и братучетка ми која ме сака ко родена сестра да сум и ,и братучедите кои фали уште од пиле млеко да ми дадат само затоа што имаат огормна желба да ми угодуваат пошто сум им помало сестриче како што често знаат да ме наречат. Доколку денес дојде и ми тропне дома на врата биолошката мајка ,јас категорично таа врата нема да и ја отворам. Прво затоа што во мојот живот нема место за нејзе и за нејзиното семејство јас си имам мое семејство и од друго немам потреба,второ затоа што не е фер према мене да замижам према некој кој ме оставил пред 26 години без да размисли што ке биде со мојот живот,и трето затоа што никогаш ама баш никогаш нема да им го нарушам спокојот на мајка ми и татко ми ради тие луѓе. Можеби сум била украдена,била излажана дека сум умрена ,можеби на сила ме дала ама таа треба да се помири со тоа како што јас се имам помирено.Јас си го пронадов својот спокој во душата,тоа треба да го сторат и другите . ОД живеење во минатото никој убавина не видел. Иднината е онаа за која треба да се грижиме.
Сеуште незнам каква ни е состојбата со мм, но во секој случај, доколку ние неможиме против природата, не би се посомневала ниту двоумела. Би се осмелила на тој чекор да посвојам дете. Тоа за мене, не е ништо страшно ниту па тажно. Едноставно би продолжила напред во животот и би биле среќни, би направила се што би правела и со моето дете доколку можам да имам. Ниту нешто би правела повеќе ниту помалку. Неизмерно ќе го/ја сакам и би му/и пружила се што е во моја моќ. Не е разочарувачки да си посвоен, грдо звучи зборот, ама животот не. Доколку јас дознаам дека сум посвоена, воопшто нема да бидам тажна, би плачела од среќа што ми пружиле се што е во нивна моќ, ме направиле среќна, ме сакаат повеќе од се, исто и јас нив. А за биолошките родители.. Ќе бидам љубопитна, ама незнам дали ќе се осмелам да ги барам, тоа сепак е процедура, и во секоја случај, од секоја гледна страна би ги повредила оние кои ме сакаат и чуваат 20 години, а тоа секако НЕ ГО САКАМ .. Затоа за ова, би размислила доволно и најпрвин би раазговарала со моите ..
Дали брачен пар кој веќе има едно биолошко дете може да се пријави за да посвои второ? Знам дека процедурите за посвојување се строги и комплицирани па ме интересира дали луѓе кои веќе имаат дете би имале некакви шанси да посвојат второ?
Може,тоа што имаат веке едно биолошко дете не врши никаква улога при посвојување на друго дете се додека ги исполнуваат општите услови за посвојување.
Може, на документи имаат право и брачните парови со веќе свое или едно посвоено дете. Во пракса е поинаку зошто се бодираат сите поднесители на документи и според тие бодови котираат на листата за детенце. Со други зборови, во пракса брачен пар што веќе има едно детенце е речиси невозможно да посвои второ.
од кога го дадов моето мислење на оваа тема, дознав преку медиумите многу работи, уствари и ми текна на една случка со мои познаници. Имено, дознав дека постои група на ФБ која се вика „се бара“ , исто така дознав дека во Србија се зголемени контролите во родилиштата поради кражби и замени на деца. Ова ме наврати на една ситуација, кога еден брачен пар раскажуваа за тоа што им се случи со првото дете. Според нивните зборови, мајката се породила и родила здраво машко бебе, кое гласно плачело. Но по извесно време , т.е. после три дена мислам дека беше, и кажале дека детето е мртво родено и не го видела никогаш. Таа зборуваше дека се сомнева дека и е украдено и ќе го бара цел живот. За ваква слична ситуација Србија била тужена во Стразбур од страна на некоја мајка, и добила отштета, но за жал информација за детето не. Затоа, ако претходно сум рекла дека не е добро, оние кои се посвоени и сакаат да ги најдат своите биолошки родители, очигледно е дека не сум згрешила, барем јас така мислам. И затоа им се извинувам.