Посвојување. Биолошки родители.

Дискусија во 'Дете' започната од karak, 20 јуни 2010.

  1. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Тролиште.
    Кога деца се даваат на посвојување, на биолошкиот родител му се поставува прашање дали ако некогаш тоа дете го побара смеат да му дадат податоци. Има два одговори ДА/НЕ.
    Еинствено биолошкиот родител може да се предомисли и да го побара тоа дете. Не мислам дека не им е важно на посвоените деца кои им се родители, меѓутоа родител според мене e тој што ме изгледал.
    Ќе кажам 2 примера.
    1. Посвоена девојка сега жена возрасна, пресреќна со семејството што ја посвоило после 40 години доаѓа биолошкиот вујко да ја види, таа го брка и му вели дека освен ова семејство што го има сега за друго не сака да знае.
    2. Ова не е посвојување, ама некоја си состојба трауматична за детето. Мајката го раѓа детето за после 40 дена да си замине, таа си знае поради кои причини. Таткото пробисвет го снемува, детето останува кај баба и дедо.
    После 9 години сака да си ја види мајката, која веќе е премажена и има 2 деца. Оди кај неа, таа уште пред врата го брка. Замислете како се почувствувало тоа дете.
    Затоа родител е оној кој што те чувал, негувал, школувал, а не тој што те родил и те оставил од било која причина. Ви ги напишав примериве колку да знаете дека можете се да очекувате.
    Ова не е Трој од IDX.
     
    На zalosna и tessie им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.219
    Старател е оној кој те израснал и ти пружил љубов, сакале или мразеле, родители се само едни, кои можеби имале добри причини да се откажале од детето или никакви причини. Живи или мртви, ги познавале или не, родители се тие кои те создале, па и етимологијата на зборот е доволен за да каже, но и чувствено, кои да биле условите, вашето срце биело под нечие и е длабоко врежано во вас. Можеби и ќе се наиде на затворена врата и лоши услови, немили сознанија, ама на многумина не ни е лесен животот и горко се бориме со истиот. Не мора да се родителите во прашање за да е така, лесно е да се лишиш од болка, а да те боли цел живот всушност. Да носиш страв, тага, лутина, а да не знаеш зошто, пораснат во топла атмосфера на своите старатели и тоа полека да те јаде целиот живот, гордоста ќе ти вика не сакам да ги запознаам, а душата сосема трето.
    Благодарност е да одлучат сепак да се родиш, полесно е да кажеме - епа ако не сакале дете, што не го абортирале... ама замислете да ја донеле таа одлука за вас и вие едноставно денес да не сте постоеле?
    Луѓе природно е да се сака да се запознаат родителите.

    Меѓудругото е многу важно да знаете кои сте и од каде доаѓате. Затоа што историјата на вашите родители е ваша, а не таа на старателите колку и да ве сакале.
    Знам дека е чувтвителна темата и знам дека е ни малку лесен животот на овие деца и дека е горко, ама биолошките родители треба да се знаат.
    Ако ништо друго фамилијарните (условно кажано, не ми се објаснува зошто) болести треба да ги знаете и причините за истите.

    Има нешто посилно од гордост... обично вие кои сте верници би требало да го знаете подобро што е тоа.

    Душата едноставно си знае. Како што пиша едно девојче - отсекогаш знаев, претчувствував.
    И јас отсекогаш знаев и претчувствував дека не е се ова од мојов живот, не сум посвоена, но секако, она што требало да биде уште една форма на љубов е прекинато со слична, ако не и иста, за некого можеби и посилна врска. И да, боли, многу боли, грдо е, празно е, ама тоа ме прави јас да сум јас, со таа болка која полека поминува во благодарност и помирување.

    Рационалниот ум, кој тера да се почитуваат и сакаат старателите, не може против тоа што го носите во градите.

    Не сакам да навредам никого, чувствувам дека треба така да биде за да бидеш вистинскиот ти, да знаеш на кого личиш, да знаеш зошто одиш на начинот кој што одиш и зошто те влече музика или математика.
    Статистички, родителот кој го дава своето дете на посвојување е под притисок на околината и семејството, иронијата е што претежно е првородено и најчесто создадено од љубов во неповолни услови. Малте не, треба барем да знаете и да чувствувате дека сте деца на љубовта.

    Мајка ми кога се породила со мене, во соба со неа имало девојка на 17 години која го дала бебето на посвојување. Вика потешка атмосфера и потешки чувства во животов не ми дошле... она сака да го види бебето, нејзините се дерат под прозор, не го зимај, не го гледај, не му давај да цица... за да не се поврзе... Наклукана под седативи ја однеле од болница. Мајка и покондирена тиква, кога другите жени од собата ја прашале зошто, гледате ли колку пати, она одговорила - треба да учи, факултет да заврши, а не да се грижи за бебе, има кога она да биде мајка и при тоа според кажувањата на девојчето, ја отпишале од школото во кое учела со нејзиниот дечко откако откриле дека е во поодмината бременост и наредната година планирале да ја запишат во друго за да доврши...
     
    На Dream-Girl, mamma-mia, Whitecloud95 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Lilit, се што напиша е точно, но кога станува збор за деца кои навистина се посвоени и сакаат да дознаат нешто за своите биолошки родители. Не деца кои од досада не знаат што да направат, па ај ќе се зафркаваме по форуми на осетливи теми.
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    163.219
    ^ А ти звучеше како да пишувам за деца кои се зафркаваат на форуми?
     
  5. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    Да, токму така.
     
  6. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски

    Јас сум посвоена, уште кај не отидов да прашам, моите најпрво, па у социјално (знаев ќе речат не бива, закон таков) Моите ги осеќам, кријат многу, ама нека, ја ги почитувам иако додека живеев со нив ја знаев како ми е! Сепак леб и кров на глава ми дале! Штом не кажува никој своеволно, си ангажирав адвокат! И сега по судски пат ќе оди процесов. Не сите кои се посвоени имаат мед и млеко, некои тоа само за пред народ го имаат, а кога ќе се затвори врата, е тогаш нов лист!
     
  7. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Добро рече lilit, додека не знаеш што се случило навистина, не суди! Па макар и да не ме погледне ја сакам да ја видам, да и презборам да и се заблагодарам зашто се одлучила да ме роди, кога можела и да абортира, ама ми дала шанса да видам бел свет! Немам предрасуди кој што сака може да мисли, само тој што има слична судбина како мојата може да разбере, а не ми смета и некој да ме плука ако си ги барам корените! ГИ ПОЧИТУВАМ СТАРАТЕЛИТЕ, ГИ УСЛОВУВАМ СО МАМА И ТАТО, ама некоја жена 9 месеци ме носела во стомак, ме родила, од х причини ме дала, еве ај и да ме нејќела, ама ја велам МАЈКА СУМ ЗНАМ КАКО СЕ ОСЕЌАВ ДОДЕКА ГО НОСЕВ, ЗНАМ КАКО СЕ ОСЕТИВ КОГА ПРВПАТ ГО ЗЕМАВ У РАЦЕ, ЗНАМ КАКО МЕ БОЛИ ДУШАТА АКО ГО БОЛИ НЕШТО... можеби и таа мисли на мене! ЈАС ЌЕ СИ ИМАМ ДВЕ МАЈКИ, ЕДНАТА МЕ РОДИЛА, А ДРУГАТА МЕ ОДГЛЕДАЛА. ЕДНАТА ИМА ПРИВИЛЕГИЈА ДА МИ СЕ РАДУВА СЕКОЈ БОЖЈИ ДЕН, А ДРУГАТА МОЖЕБИ ПАТИ ЗА МЕНЕ, МОЖЕБИ СЕ ПРАШУВА КАДЕ СУМ. А и да не е така, и посакувам се најдобро, здравје, среќа... и посакувам барем еднаш да ја видам......
     
    На synonym, pahuljica sneza, s1a1n1d1r1a1 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Ме натажи. :(
     
  9. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Јеби га, живот... секоја душа си има своја сторија. Тоа е мојата. Тажна, среќна, со нијанси на тага, со нијанси на среќа... Со безброј прашања, сиви денови... Ама моја е. И да не ја сакам, таква 'ко што е, си се соживеав со фактот дека колку и да е болна морам да ја прифатам. Уште поодамна си се помирив со судбината, а највише последнава година.
     
    На Daleron му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    дали некој си ги пронашле своите биолошки родители ?? ве прашувам затоа што познавам лица кои си ги бараат своите биолошки родители , и никако не можат да најдат податоци за нив , ако некој или некоја знае некој начин како да им помогне нека пиши
     
  11. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.331
    Nebaraj nekoj koj te ostavil. Podari ja tvojata ljubov na onoj koj nesebicno ti ja dal. Ako te sakale tie bioloski roditeli nikogas nemalo da te ostavat.
     
  12. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    не осудувајте без да ја знаете вистината бидејки на едни мои познаници им се деси една страшна ситуација кога останала трудна како девојка , тогашен дечко сега и е маж сакал да ја земи за жена но мајка му не ја сакала никако и не ја примала никако дома им , и девојкава не сакала да го абортира и го родила иако не биле земени и под притисок од сите , и свекрвата не ги сакала никако да ги прими дома им , и морала да го даде детето во дом со тешко срце , и после големи кавги дечкото си ја зеде за жена под кирија заминаја да живеат далеку од свекрвиштето да не речам вештерка , имаат две девојчиња сега , и го бараат секаде првото дете , затоа не судете .......
     
    На Beez и Daleron им се допаѓа ова.
  13. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Ние сме многу, една голема група на луѓе што си ги бараме родителите. На фб има една страна SE BARA ама може и да не им е од аир многу многу, ја лично отидов до социјално, велат дека тоа е државна тајна, нема дозвола тоа да го кажуваат туку така, едноставно само тој шо те посвоил може да ти каже АКО САКА! Инаку, кој си е поимотен, сакам да кажам кој си е повеќе економски обезбеден, постои детективска агенција ДИА, или па за поевтино, адвокат, ја еве да кажам, и од социјално и од дома одговор не добив, разговарав со адвокатка. Жената додуша, рака на срце, сака да помогне, ама вика, шо можам да напраам не знам, ама ја се надевам, и понатаму, море кај се не податоци имам остаено, значи од Битола домот земена, бла, бла, бла... ај да не замарам многу.. Само лајкови, само со среќа у потрагата, и се тоа па тоа... Обрати се ваму, обрати се онаму, една иста приказна у круг. ЕДИНСТВЕН КЛУЧ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ВИСТИНАТА Е РОДИТЕЛОТ АКО САКА ДА СЕ СМИЛУВА ДА ТИ ЈА РАСКАЖЕ ЦЕЛА ПРИКАЗНА, КОЛКУ ШТО ЗНАЕ ТОЛКУ, ИЛИ ДА ДАДЕ ДОЗВОЛА У СОЦИЈАЛНО ДА ТИ ГИ ДАДАТ ДОКУМЕНТИТЕ. Друго чаре, за жал нема. Со најдлабока почит, спрема старателите, фала Богу, нив си ги знаеме за родители од секогаш, ама бре и ние имаме желба, да знаеме чија сличност е тој наш одраз у огледало, сепак крвта вода не е. Да знаеме зш не остаиле, шо некогаш може и да се разочараш во очекувањето, ама по мое мислење, тој што тргнал по овој пат, во потрага по биолошките родители треба да е спремен на СЕ! Па и некој да му ја тресне вратата пред нос. Поздрав до сите, што се членови на форумов, посетители што ги читаат овие постови. Најголем поздрав до моите браќа и сестри, со кои делам иста судбина. Иако не сме крвно поврзани сепак иста мака си имаме! Најпрво и најбитно, да не си ставаме многу при срце! А што е наше само ќе си дојде, со помалце или поише труд. Ве сака, Whitecloud.
     
  14. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Машко, женско, кога е родено?! Некоја информација, дата на раѓање, дом у кој е оставено?
     
  15. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Ние сме многу, една голема група на луѓе што си ги бараме родителите. На фб има една страна SE BARA ама може и да не им е од аир многу многу, ја лично отидов до социјално, велат дека тоа е државна тајна, нема дозвола тоа да го кажуваат туку така, едноставно само тој шо те посвоил може да ти каже АКО САКА! Инаку, кој си е поимотен, сакам да кажам кој си е повеќе економски обезбеден, постои детективска агенција ДИА, или па за поевтино, адвокат, ја еве да кажам, и од социјално и од дома одговор не добив, разговарав со адвокатка. Жената додуша, рака на срце, сака да помогне, ама вика, шо можам да напраам не знам, ама ја се надевам, и понатаму, море кај се не податоци имам остаено, значи од Битола домот земена, бла, бла, бла... ај да не замарам многу.. Само лајкови, само со среќа у потрагата, и се тоа па тоа... Обрати се ваму, обрати се онаму, една иста приказна у круг. ЕДИНСТВЕН КЛУЧ ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ВИСТИНАТА Е РОДИТЕЛОТ АКО САКА ДА СЕ СМИЛУВА ДА ТИ ЈА РАСКАЖЕ ЦЕЛА ПРИКАЗНА, КОЛКУ ШТО ЗНАЕ ТОЛКУ, ИЛИ ДА ДАДЕ ДОЗВОЛА У СОЦИЈАЛНО ДА ТИ ГИ ДАДАТ ДОКУМЕНТИТЕ. Друго чаре, за жал нема. Со најдлабока почит, спрема старателите, фала Богу, нив си ги знаеме за родители од секогаш, ама бре и ние имаме желба, да знаеме чија сличност е тој наш одраз у огледало, сепак крвта вода не е. Да знаеме зш не остаиле, шо некогаш може и да се разочараш во очекувањето, ама по мое мислење, тој што тргнал по овој пат, во потрага по биолошките родители треба да е спремен на СЕ! Па и некој да му ја тресне вратата пред нос. Поздрав до сите, што се членови на форумов, посетители што ги читаат овие постови. Најголем поздрав до моите браќа и сестри, со кои делам иста судбина. Иако не сме крвно поврзани сепак иста мака си имаме! Најпрво и најбитно, да не си ставаме многу при срце! А што е наше само ќе си дојде, со помалце или поише труд. Ве сака, Whitecloud.
     
    На mirjana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2013
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    381
    Пол:
    Женски
    Така е Ordinary Girl, фала највише на вториот дел од постот, за подршката. И у право си, ние не се откажуваме никогаш од тие што не одгледале, ни дале дом, леб, образование, љубов пред се, ама сепак секое посвоено дете копнее да ги запознае вистинските родители. Барем мајката, ако не и таткото.
     
  17. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.519
    Пол:
    Женски
    masko dete pred 18 godini , vo skopje , ali imaat soznanija deka deteto e posvoeno i e vo avstralija :/
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Скоро секогаш првите сознанија се дека е посвоено во странство,.,..дали за утеха или друго, не знам. На моја комшика така и рекоа, само друга земја.
     
  19. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    261
    Ах бре деца а ја прочитам темава.... очи сами ми се насолзуват.
     
    На mirjana10, pahuljica sneza, Whitecloud95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    јас тие информации што ги имам во врска соо тоа за дознавањето на родителите се следните: доколку посвојувањето е непотполно, тогаш може да ти се кажат родителите и тие да те побараат доколу сакаат, а ако е потполно, тогаш мајката потпишува дека никогаш нема да те бара и дека се откажува целосно од тебе, и нема шанси никогаш да ти кажат било што, освен само ако имаш некои наследни генетски болести... е сега родителите кои те посвоиле во поголемиот број случаи не ги знаат биолошките родители, бидејќи законот дава бебиња на посвојување кои што имаат најмалку 3 месеци, а за тие 3 месеци биолошката мајка има право да се предомисли, бидејќи потоа нејчесто ги даваат веќе децата, знаеме само колку фамилии чекаат на посвојување и затоа и не остануваат во домот за доенчиња. Според мене единствен начин да се дознае нешто е со многу пари како што веќе кажа еден член пред мене, да се изнајми детективската агенција, која зима најмалце 500 евра, сум ги прашала, и треба да имаш барем некој траг, а ако го немаш веќе се е потешко и излегува повеќе пари... како и да е многу тешко да се дознае било што
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.