Kako што кажа фајтер се бараат мајките бидејќи се документирани, татковците најчесто не се ни наведени. Доволно е тешко да се најде и податоци за мајката со законите во мк. Јас пак не можам да разберам како со барањето податоци за биолошката мајка е изразена неблагодарност спрема посвоителите? Значи 99% ја бараат од љубопитност како за самата личност така и да се дознае семејносто стебло (поради инцести) и болести, не верувам дека некој ќе земе куферите и ќе се пресели, мислам таа личност е странец иако е биолошка мајка. И ако можите да забележите сите викаат биолошка мајка, никој не вика само мајка, бидејќи си имаме сите ние мајки, што не исчувале и си ги сакаме и тие ни се семејство засекогаш. Зошто да се каже порано на децата дека се посвоени? Бидејќи како и со девојчето погоре и од лично искуство сите деца дознаваат од некој трета личност дека се посвоени и тоа најчесто во некој незгоден момент, тоа е тој стрес што предизвикува бурни реакции, бидејќи некој трета личност знае повеќе за тебе од самиот ти, и затоа првичната реакција спрема родителите е дека те лажеле цел живот, неминовна е таква рекација кога се дознава од трето лице, а најчесто е така.
Kako mozam da dojdam do povekje informacii rodena sum vo bolnicata vo bitola i od domot vo bitola sum zemena?
Девојче мислам дека не си во право. Имаш 14 години. Излегувања до покасно од 22 мислиш дека се во ред? Јас не ни искачав на тие години. До 8 си играв у маало и после дома бев да гледам шпански серии за пред спиење и во 10 веќе спиев. Тоа што ти удрила шамар кога си паднала, било само за да внимаваш и следен пат да не паднеш. Ајде не претерувај. Сега може си викаш, еве ја оваа, никој не ме разбира... ама оваа не можеше а да не ти пише. Додека сум тука сакам и да пишам дека мој став е дека семејствата кои посвојуваат деца се посебна категорија на добри луѓе. Штета што има вакви недоразбирања и грешно се толкувани нивните постапки, ама за мене е огромна дблест да си земеш од себеси за да дадеш на туѓо.
@glamgurl, да ти кажам вака ти си едно распрдено и неблагодарно детиште и јака им душа на родителите со тебе!!! Ајде да почнеме по ред: А што ако мајка ти е ромка која се плескала за 100 денари со се и сешто? Што ако е некоја извикана курветина која останала трудна од женет богаташ и чекала да поминат 3 месеци за да му соопшти па кога и рекол типот да шета, немала избор па морала да те роди? Си помислила за можноста дека родителите намерно ти нацртале таква убава и романтизирана приказна за амбициозната млада мајка (односно- се убиле од лажење) зошто сакале ти да се чувствуваш убаво во врска со себе и со своето потекло (а притоа којзнае колку е грда вистината)? А ти си планираш да имаш и идна мајка? Или кој ја шиша жената што ти менувала пелени, се грижела кога си била болна, пишувала домашни со тебе,а ? На мисла си да си го спакуваш куферчето, купено со парите на моменталните мама и тато (знаеш, тие што досега ти обезбедувале храна, лекови, образование, кров над глава) и да заминеш кај биолошката мајка? И ајде да се потсетиме зошто толку не чини „сегашната “ мајка: Да, да, мајка ти е вештерка, тешка кучка, како така не дозволува нејзината 14 годишна ќерка да скита по улици до 5 сабајле, леле каква затуцана жена, ц ц ц... Рани куче да те лае работава, убаво пиша @okcenzi. ****** Знаеш, ти посакувам што побрзо да ја запознаеш биолошката мајка и нејзината „ добра фамилија“, можеби потоа повеќе ќе си ги цениш „сегашните“ родители.
^Зошто така ја нападна девојакта си била ли ти во нејзино присутво па да знаеш дали ја зборува вистинита..можеше совет некој да и дадеш ама вакви зборови мсилам дека се премногу..јас не викам може и девојакта преувеличува ама вака што си пишала нема смисла...да не сме во нивна кожа...
@presiosaP, а што да и правам на малата принцеза, да ја тепшам по рамо и да и викам дека мајка и е скот што не и дава да ака до изгрејсонце? Има и мајка и татко кој ја сакаат повеќе од се ама тоа очигледно не го цени- „мојата сегашна мајка“ абе ајде, нека брка работа! Нека прошета до дом за деца без родители, нека поразговара со децата кои не почувствувале родителска љубов, нека види што живот би имала „сегашните“ родители да не го отвореле домот за неа, гарантирам дека после тоа друга песна ќе пее.
Да те разбирам што сакаш да кажеш и во право си ,но од каде знаме дека не ја кажува вистината можеби е вистина зошто колку има деца разгалени и чудни така има и возрасни такви со никаков карактер ..сепак нели треба и двете страни да се гледаат...некои родители не си ги сакаат сопствените деца а не пак некое туго дете...Да сегашните родители го отвориле домот за неа и не оправдувам 14 годишно девојче да скита до доцна во нокта но можеби и др работи и забранува..не сме виделе незнаме не можеме да судиме...
Немој мало да се нервираш,знам дека фали мајчинска љубов,тоа што ти не си го осетила,меѓутоа мораш да го прифатиш тоа дека мајкати е себична жена без чуство за мајчинство...Знам дека фали мајка,но во твојов случај фокусирај се на таткоти,зошто како што кажуваш гледам дека те сака..Како е така е.. А ако толку сакаш да ја запознаеш биолошката мајка,и можеби твоите браќа,сестри ако ги имаш..потруди се.. Не знам што би пишала друго..
Ti blagodaram mnogu,ne mi e lesno vo sekoj moment da go pisuvam toa mi treba vreme koga ke sum sama vi raskazuvam..Bas mi zal shto devojkata mi go pretvori postot vo neshto shto ne sum pomislila da napisham.No ima i nekoi izopacheni si zacrtale neshto i taka e bez da se stavi na moe mesto. Ako se osekam dobro jas zainaet bi pisuvala tuka oti taka mi se saka go ispolnuvam vremeto spored nekoj.Zalno i bedno mislenje
Ајде бее, девојче преку леб и погача бараш. Те одгледале, финансиски задоволна си, задоволена на многу други начини.. Не преувеличувај.. Ако е за тоа биди спокојна, не си единствената што ја споредуваат со братучедите, како се секогаш тие поуспешни, подобри, супериорни..абе чиниш чудо од луѓе. Немаш излез после 22 часот? Ехее јас на 14-15 години смеев да излезам само пред зграда и позади зграда во паркот и тоа не живеев во централно градско подрачје, туку во Маџари, каде што шансите да ти се случи нешто се минимални. Те плеснале 2-3 пати по газ? Голема работа.. балкански стил на воспитување деца. И тоа не е од минатото, колку пати имам видено млади мајки со деца, кога ќе падне детето ќе го исчука така убаво што нема да му текне уште еднаш да падне хаха. Таквите мајки ми се крајно одвратни ама и тие се мајки, така знаат и така ги одгледуваат децата. Твојата сегашна мајка треба да ја сакаш и почитуваш многу повеќе од било која идна или мината мајка.. И воопшто не треба да правиш поделби на сегашни, биолошки не знам какви мајки. Мајка е една! Немаш близок контакт со родителите, не си ги гушнала? Ах, штета голема. Со моиве 25 години мајка ми ја гушкам два пати годишно, за родендените. Исто и татко ми. И така цел живот.. Дали тоа значи дека ми фали мајчинска љубов? Не знам, не чувствувам како да ми фали. Тие се тука за мене без оглед на се.. И да, некако чувствувам дека морам да напоменам, дете сум на постари родители баш поради тоа што мајка ми имала спонтани абортуси 20 години.. Дали сум посвоена или не, не знам и не сакам да знам. Еднаш слушнав таква приказна од една коза во школо, убав шамар си доби и се продолжи како ништо да не се случило.. Иако не сум блиска како што некои деца се со своите родители, иако ме нервираат со нивните размислувања, иако некогаш не можам да ги поднесам, за нив и животот би го дала.
Веројатно зш врската меѓу мајката и детето е уште на самиот почеток многу силна, ниедно дете кога плаче не вика тато туку мамо, мама со љубов ги лечи сте рани и чува и штити, додека децата кои ги познаваат и мајката и таткото, а такото го напуштил семејтвото, тие тагуваат по татковска љубов и може да остварат контакт но, овие првите веројатно многу ретко. Што повеќе недостига и е приоритетно тоа се бара.
Зошто бе девојчиња ги барате тие што ве отфрлилее??? Мојата братучетка ( докторка е и оваа се случувало додека беше на стажирање во болница во Скопје ) дошла некоја наркоманка со стомак до заби на порагање и одма се породила , другиот ден си заминала и им рекла што сакате правите со бебето ( инаку бебето било машко ) и ладнокрвно си заминала , и сега тоа бебе ке го посвои некој кој не може да има деца ке му даде љубов , покрив на глава , храна , ке се грижи за него и некогаш коа ке е немирно па ке добие котек по газот и одма ке ја барам биолошката ??? Барајте ја и ке видите колку ке се разочарате , брачедами со солзи ми ја раскажуваше случкава , и додека беше таму она нон стоп се грижеше за него и го имаше сликано да се секава на него и било мн слатко бебе и мн и било тешко коа гледала кога го земале за во дом . Јас ке кажам една работа сите вие , тие , оние , што сте напуштиле дете вие не сте луге , вие сте зло што сте оставиле мало незаштитена душа на милост и немилост , ако зборуваме за сиромаштија и јаа и моите родители сме живееле мн сиромашно , некогаш татко ми кога настана транзицијата немаше да ми даде пари за нашколо , некогаш со еден пар фармерки одев на школо , но денес сум високо образована личност и не ми фали ништо , и сум срекно дете што моите ми дале голема ЉУБОВ и заедно сме биле во тешките моменти! Затоа не ми сте јасни вие што ги барате биолошките а не ви дале трошка љубов!
Ti blagodaram za mislenjeto,ne se slozuvame mnogu no sepak nikoj ne e vo moja kozha da znae kako se cuvstvuvam.Me podrzuvaat site shto ja znaat mojata prikazna i shto se slucuva sekoj den vo nea odnosno babami,rodninite so koi se gledame sekoj den
@anakonda88 не викај така, не верувам (поточно би било не сакам да верувам) дека некоја ќе го носи во себе 9 месеци, ќе и се лоши, ќе стане ко меца ќе ја клоца и мрда во неа, нема да спие зш бебето притиска и на крај кога ќе треба рачињата да му ги пипне и лиценцето така ќе го остави, ладно, кој знае што имало зад тоа ладно иако е наркоманка. Мајчинството ни е во гените, како програмирани сме и мажи и жени за едн ацел, продолжување на видот. Кој знае од какви причини ги оставаат. Не си родила,а кога ќе останеш бремена, ќе го родиш и чуваш, верувај најстрашното и најлошото нешто пред тебе да испадне се што можеш ќе направиш детето да си го заштитиш. Тие така ги оставаат зш ми се чини ако го земе само враце и да му даде да цица, крај таа врска не се кине и би страдале многу повеќе по детето.
срцка вистина е ова со наркоманкава , ке ти ја пуштам сликата во лп , на голема жалост е жива вистина , братучетка ми уште си ја чува сликата со него во болница и секогаш кога ке го види плачи и се врака случката во глава и вика на глас: Што си ти криво таква судбина да имаш?
Верувам дека е болно само од страна да гледаш ама ајде, секое со својата среќа ТАА НА БУЊИШЕ ГО ФРЛИЛА AMA DA E SO K'СМЕТ, КАКО ГОСПОД НИКОЈ НЕ Е, таа ќе страда повеќе од детето. Знам и една нејзините ја тераа да о остави детето во дом, среќа не можела и по некое време си се смирија со маж и и сега се супер. Лесно е да пресудиме, не знаеме секој со што се соочува и на што може или не може да подлегне. Бога ми јас за моево не знам што ќе направев ако требаше, фала богу здраво право се роди ама секоја ги нема моите услови и поддршка за дете.
Значи теоретичари на форумот колку ти душа сака. И сега затоа што ние ја гушкаме нашата мајка 2 пати годишно и тоа не ни пречи, автоматски и на @glamgurl не смее да и пречи нели? Плус таа посвоена, па сега треба да и бакнува нозе на мајката што ја посвоила, затоа што ја спасила од живот во дом. Јас не знам луѓе дали вие кога ги пишувате постовите се ставате во кожата на тој на кој пишувате, дали ги читате постовите до крај или не знам што... Тоа не е само во оваа тема, во многу теми е присутно. Ако за нас некој проблем не е проблем, затоа што ние имаме поголем, не значи дека и за неа не е проблем. И јас мајка ми не ја бакнувам секој ден, ама не верувам дека таа би ме турнала од креветот врз скршена чаша, за вашите мајки не знам. И што е лошо ако сака да ја најде биолошката мајка, никаде не напиша дека ќе летне во нејзините прегратки нели? Плус ако таа е размазено детиште зошто не го мисли тоа и за татко и, туку само за мајка и? И да бе, посвоителите се посебна категорија добри луѓе, нема проблем. Има биолошки мајки што не треба да се нарекуваат мајки воопшто, ама посвоителките СИТЕ се добри. Како си генерализирате чудо. И најјакото нешто прочитано низ милион други теми, ако имаш пари, ќути си и трпи си, некој и тоа го нема. Демек со парите и среќата и родителската љубов се купува. За двојните аршини да не правиме муабет. Погоре членката што си го бараше детето сите ја тапшаме по рамо, сочувствуваме со нејзината болка, за во наредниот пост да викаме дека не треба да се бараат биолошките мајки, тие не заслужуваат итн. И да, може да се напише мислење и без да се нарекуваме разгалени, распрдени и не знам што. Или мислите на таков начин повеќе впечаток оставате, не знам. @glamgurl прочитај ги и советите и критиките и прави како што ти кажува срцето и разумот. Не мора ни да се правдаш, ни ништо. Поздрав
Ние сме биле во твоја кожа, сме имале 14 год, сме биле тинејџери со збеснати хормони, АМА ТИ СЕУШТЕ не си била на наше место, со искуство за животот и приоритетите. И јас на мојата билошка мајка ( онаа што и ден денес ја имам) сум и се лутела за разни глупости. Од неа и шамар и плескање по газ и мавање во папучка сум добила и во тие години имало моменти кога сум ја мразела и сум мислела дека е вештерка и дека не ме сака. Денес знам дека таа е единственото суштество што ме сака повеке од сама себе. Посакувам да била и построга за да не морам да се мачам години подоцна да ги оставам цигарите кои ги почнав токму во тој период за да бидам фаца во град и да шетам до 22 часот. Таа жена јадела најмизерно од софрата-остатоците за јас и брат ми да сме најадени. И мене ми ги фрлила парите пред врата зошто сум знаела да претерам со барања а таа била под стечај. Ехе колку случки има. Еднаш дури ми избрка две “ другарки“ од дома. Море не требаше да ги брка, туку на клоци да ги дигне тие кучки, ама тогаш и се лутев и избегав од дома на два дена кај вујна. Мислев “другарките“ се целиот свет. На крај ај те молам кажи ми што ако ја најдеш онаа што те родила? Како ке постапиш со неа? Што ке и кажеш? Што ако не сака таа да знае која си ти? Што ако не те прифака и не сака да те запознае? Што ако денес е омажена и има други деца, на кои не им кажала за тебе? Што ако е сиромашна? Што ако е богата? Што ке правиш? Каква ја замислуваш?
@glamgurl од она погоре пишаното верувај има биолошки родители, мајка или татко што си ги лечат неостварените соништа преку децата и ги гушат така што и да те родила таква е жената едноставно. Е, сега има и примери каква мајка ти утре ден не сакаш да бидеш. А каква и да е, не ти мисли лошто,а ти си баш во години кога баш мислиш се знаеш, а всушност многу многу малку од тоа што ти е на ум е реалност, такви ти се годините. Ништо лошо нема во тоа да ја запознаеш биолошката мајка ама не ја заборавај и оваа што не знае како да се справи со тебе.