Еве уште едно пребарување. Се бара женско дете по име Мицеска Слаѓана родено на 19 11 1989 во Битола и дадено на посвојување во домот за деца Битола Ако некоја има слични податоци не морат да се исти датумот затоа што го менуваат кога се посвојува нека напиши или нека ми пиши во разговор многу е важно затоа што нејзината биолошка мајка е болна и сака барем сега да ја види нејзината ќерка која е дадена без нејзинасогласност под притисок од родителите. Поздрав до сите. Заборавив да напишам девојката има А. Позитив крвна група или АБ Последна измена: 8 октомври 2015
Морав само да се надоврзам, џабе пишувате име, може погрешна личност ќе се пронајде, затоа што јас колку што знам името се менува заедно со матичниот број (Бидејќи и мене ми е сменето името, а за матичниот број не сум најсигурна). Исто така градот на раѓање може да се смени по желба на посвоителите. А датум на раѓање не се менува.
Штом датумот на рагање не се менува тогаш ни матичниот не се менува логички нели? А матичниот е најбитната информација.Преке него може до мн информации да се дојде
Но, може да биде сменет доколку е сменет градот на раѓање по желба на посвоителите. А од центарот за социјални работи ми рекоа дека се менувале последните неколку цифри, ама не ми е логично и мене затоа така пишав дека не сум многу сигурна.
Еве вака нешто би било кога ќе споиме се: AB CD EFG HI JKL X AB/CD/EFG - ден,месец и година на раѓање(т.е. последните 3 цифри од годината) HI - место на раѓање; Првата цифра е за државата (за Македонија-4, БиХ=1,Црна Гора-2,Хрватска=3 итн), а втората за регионот во државата(1-Битола,2-Куманово,5-Скопје итн) JKL - пол; 000-499 за машки и 500-999, ама не сум сигурна точно како го одредуваат (пр. во Скопје е 5хх за женско и 0хх за машко, во некој друг град е 9хх за женско и 4хх за машко); а хх-овите се за редниот број под кој е заведено бебето со тој пол, родено на тој ден, во регионот/општината,со тоа што првото бебе не е 01 туку 00(пр. 0101003 45 0 01 Х е за второто(01) машко(0) дете родено во Скопје(45) на 01/01/2003) X - контролна цифра (checksum) - Број добиен со одреден алгоритам со кој се одредува дали дадениот матичен број е валиден. Доколну оваа цифра не се совпаѓа со онаа што се добива кога ќе се употреби алгоритамот врз претходните 12 цифри. матичниот број е невалиден*. Се пресметува на следниот начин: CS = 11-( 7*(A+G) + 6*(B+H) + 5*(C+I) + 4*(D+J) + 3*(E+K) + 2*(F+L) ) MOD 11 Ако CS е помеѓу 1 и 9, X=CS; Ако CS е 10, X не може да се пресмета (постои грешка во некоја од претходните цифри?!?) Aко CS e 11, X=0; Еве нешто што најдов, презедов од друг форум. Се надевам ќе помогне. Е мене ми кажаа за овие три цифри дека се менуваат, што е можно нели за да не може да се дојде до некаква информација. Бидејќи и биолошките мајки се заштитени со закон, како и децата. Edit: Морав да допишам, еве и ова го најдов: ЗАКОН ЗА МАТИЧЕН БРОЈ НА ГРАЃАНИНОТ (донесен на седницата на 28 мај 1992 година) Член 2 Матичниот број се со стои од тринаесет цифри распоредени во шест групи и тоа: I група: ден на раѓањето (две цифри), II група: месец на раѓањето (две цифри), III група: година на раѓањето (три цифри), IV група: број на регистарот (две цифри); V група: комбинација на полот и редниот број за лица родени на ист датум (три цифри). Мажи од 000 до 499, жени од 500 до 999 и VI група: контролен број (една цифра). Член 4 Bo Република Македонија се утврдуваат девет регистрациони подрачја со следните броеви на регистри: Битола - за општините Битола, Ресен и Демир Хисар - 41; Куманово - за општините Куманово, Кратово и Крива Паланка - 42; Охрид - за општините Охрид, Дебар, Кичево и Струга - 43; Прилеп - за општините Прилеп, Крушево и Брод - 44; Скопје - 45; Струмица - за општините Струмица, Валандово и Радовиш - 46; Тетово - за општините Тетово и Гостивар - 47; Титов Велес - за општините Титов Велес, Гевгeлија, Кавадарци и Неготино - 48 и Штип - за општините Штип, Берово, Виница, Делчево, Кочани, Пробиштип и Свети Николе - 49 Член 8 Матичен број не се менува при промена на живеалиштето на граѓанинот
А каде си родена? Бидејќи на посвоителите им даваат можност да го изберат местото на раѓање, вистинското или местото кадешто живеат. Единствено се менуваат последните три цифри од матичниот број. Доколку се смени градот не знам дали се менува и во матичниот број.
Се менува дефинитивно градот, по желба на посвоителите. Бидејќи моите посвоители ги прашале и тие не сакале да го сменат. И името се менува. А датумот не се менува во никој случај! Едит: Датумот може единствено да биде сменет ако станува збор за нелегално посвојување. Или доколку не се породи мајката во болница и го остави некаде. Ама мислам дека овде не зборуваме за кражби, продавање на бебиња и криминал. Епа веројатно го смениле да биде местото на раѓање исто како и местото на живеење. А чим ти кажале дека си родена во Битола, таму си. Бидејќи не е голема веројатноста да бидеш родена во Штип и посвоена таму.
Jas doma imav dokument i pisuvase ime i prezime sea neznam civo beshe i beshe pokrieno so korektor a sea imam drugo ime ako eventualno toa bilo moe ime znaci gi menjavaat
Се може да биде променето бидејќи со решението за посвојување се поништува претходниот извод на родени и добивате нов, како како мајка и татко ке бидат имињата на посвоителите, најчесто ги запишуваат во градот каде се посвоени, како да се и родени таму, презимето се менува бидејки го добивате презимето на посвоителите, за менување на име е нивна одлука, можат да го сменат можат и да го задржат тоа што е дадено од домот, за датум на раѓање исто така можат да го запишат датумот на посвојување како датму на раѓање бидејки секако се менува матичниот број ако се менува и градот. Се зависи од желбата на посвоителите, бидејки со посвојувањето добиваме целосно нов извод на родени. Еве погледнете во вашите изводи како родители ви ги пишува посвоителите, како град на рагање, градот во кој живеете или живееле посвоителите кога ве зеле, го имате нивното презиме запишано, за се одлучуваат посвоителите во изводот. Да надополнам од искуство со мене еве, сменето ми е името и презимето, градот е ист бијки сум посвоена во истиот град, посвоителите одлучиле датмуот на раѓање да ми остане истиот, како што ми кажаа самите, е сега ова е пред 30 години, ама во законот нема измени никакви
Se menuva kaj mene e smenat eden e grad na ragjanje pred posvojuvanjeto a vo izvodot na krsteni stoi drug grad na ragjanje
И кај мене е сменето...родена сум во Охрид што значи треба да стои бројот 43 , а мене ми е запишан бројот на градот каде што сум посвоена.
I iskreno mnogu sakam da znam, i mnogu me interesira, dali preku forumov, preku facebook do sega ste si ja pronashle vashata majka ili vasheto dete?