Посвојување. Биолошки родители.

Дискусија во 'Дете' започната од karak, 20 јуни 2010.

  1. Dinicka

    Dinicka Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Ве читам веќе извесно време и сакам да ви ја раскажам мојата страна на приказната. Мајка сум на три дечиња, од кои првото е посвоено. Моето синче го земав во прегратки кога имаше само пет месеци. Го преврте мојот свет и ми ја даде најголемата љубов на светов. Следната година се родија моите два биолошки сина. Љубовта спрема сите нив е иста, но поврзаноста со мојот прв син е малку поинаква. Тој е мојата движечка сила, мотив за живот...Заради тоа никогаш нема да го повредам..ќе го научам да ја почитува жената која го родила, затоа што и јас ја почитувам, можела и да не го роди. Ако реши да ја побара, ќе го поддржан и ќе му помогнам, ако реши да премолчи, ќе премолчам и јас. Јас немам никакви информации за неа, затоа што во ЦСР ништо и не кажуваат, освен податоци за бебето, здраствена состојба и иницијали на жената. Тоа е се што знам. Ако мислевте дека вашите родители знаат повеќе, не е точно, бидејќи освен што ги штити интересите на детето, ЦСР ги штити интересите и на мајката. Сега е уште мал но знам дека еден ден нема да имам одговори на сите негови прашања и тоа ме плаши. Еднаш му спомнав на сопругот дека би сакала да дојдам до повеќе информации, меѓутоа тој ми рече дека немам право да загрозувам ничија приватност и да барам некој што можеби и несака да биде најден. А јас сум спремна да направам се за моето дете да биде среќно :)
     
    На Josifovska27, anggell, Emma2 и 55 други им се допаѓа ова.
  2. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    Секоја чест вие сте луѓе со големо срце, нека ви се здрави и живи децата, знам дека не побара совет но ќе пишам дека сопругот е апсолутно во право
     
    На cresa-jagoda, Dinicka, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  3. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    273
    Пол:
    Женски
    Им се восхитувам на луѓе како вас, и мислам дека посвојувањето е една од најблагородните работи што може да ги направи човек. Да сте живи и здрави и вие и дечињата. :inlove:
     
    На cresa-jagoda, elimkd, Dinicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    5.528
    Еве мислење од некој што е посвоен. Јас лично барав и сакав да знам за биолошките, има и деца што не сакаат ништо да знаат. Кога ќе одлучи тој самиот дека би сакал да знае, тогаш дај му ја целата поддршка и барајте заедно, дај му до знаење дека ја разбираш неговата потреба да ги дознае тие луѓе, но тоа не значи дека вие не сте му родители или дека вас сега ве сака помалку или не ве почитува. Само што наоѓањето е тешко, се е држи во тајна. Не е никакво нарушување на приватноста. Посвоените деца имаат право да знаат какви гени носат, семејна здравствена историја и роднини по крв( за да не дојде до инцест).
    Еве лично на секој посериозен преглед и на гинеколог и секаде ме прашуваат за семејна историја на болести. Не знам да им кажам. Може имам предиспозиции за рак на дојка ама еве не знам.
    Инаку само да ти кажам дека си прекрасна личност не само што си посвоила тука и што не планираш да му ја ускратиш можност на твоето дете за информации. Многу биолошки родители треба да учат и учат од тебе.
     
    На gjoker4e, sweet-cherry, NewMama и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Dinicka

    Dinicka Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2020
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу, ми даваш добра насока за размислување.
    И јас би сакала да знам за неговата историја на болести, на кого личи, на кого е дупчето на образот кога се смее...кога сакаш некого, нема себичност и посесивност. Напротив, не се плашам дека помалку ќе ме сака или почитува бидејќи верувам дека има изградено цврста семејна и емоционална врска и со нас како родители и со браќата. Единствено што се плашам е да не биде разочаран, а од тоа неможам да го заштитам.
     
    На Josifovska27, tambelina, mira.mira и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Дали можеби тука некој може да помогне за да се посвои детенце.
    Луѓето немаат шанси да имаат сопствени деца па имаат поднесено документи, но некако тешко оди постапката.
    Секој совет или нишка надеж е добредојдена.
     
  7. potragaroditeli

    potragaroditeli Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Точно така
     
  8. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Тешко оди процедурата,но секое чекање се исплати,тука има многу испитување испрашувања,не се дава туку така дете плукни залепи,институцијата треба да стои позади тоа,дали се родителите способни да го чуваат и така натака и така натака сигурно ви објасниле.Бидете трпеливи се ќе си дојде на свое место.
     
    На mal.ecka, mira.mira и EuHenIa им се допаѓа ова.
  9. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.520
    Пол:
    Женски
    Ти си човек со големо срце а исто така и твојот сопруг зборовите му се на место има една изрека "Не дирај лава док спава"Остави ги работите да течат спонтано дури и жената можеби не сака да биде пронајдена,може да биде уништена нечија друга идила.Ме сфати што сакам да кажам со зборовите.Сакај си ги гушкај си ги дечињата тие се дел од вас камо да има повеќе вакви личности како твоето семејство.
     
    На Josifovska27, elimkd, Nina 2014 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. potragaroditeli

    potragaroditeli Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2020
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Респект за вас
     
  11. Sunstory

    Sunstory Активен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Машки
    Zdravo
    Koj datum e roden dali znaete
     
    На maja.mitrova и mal.ecka им се допаѓа ова.
  12. Miki4eca

    Miki4eca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Само кај нас сеуште постојат личности со заостанати мислења и предрасуди. По Америка и по цел свет посвојувањето е сосем нормална работа и како бебе , и како тинејгер/ка и возрасо лице .Само во Сад има годишно по 200 илјади деца малолетни посвоени и по 1 милион чекаат непосвоени, сега тренд е и полу мајка и полу татко децата сами бараат да ги посвои .Според аналитичари во светот има повеке од 200 милиони деца и фамилии што посвоиле и оформиле фамилија , исто со полу татко или полу мајка во Сад од 450 милиони 160 милиони фамилии живеат така и ке живеат и понатака и тој број ке расте.Тоа се е нормална работа живееме во 21 век такво е времето..
    Незнам за нешто што е сосема нормално да се прават драми толкави погледнете ги видеата ;
    Сите работи се прават за доброто на децата и на фамилиите кои биолошки неможеле да добијат дете .Еден ден тие деца ке пораснат ке си оформат свое семејство дечиња и ке си имаат свој живот како сите.Јас ги подржувам сите парови што неможат да имаат биолошки деца да си посвојат уживајте во животот




     
    Последна измена: 21 март 2022
    На Поддршка Права и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  13. Поддршка Права

    Поддршка Права Активен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    34
    На tambelina и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    Сум размислувала некогаш за посвојување. Бидејќи знам луѓе кои посвоиле деца и животот се сменил кон подобро и за нив и за децата.

    Јас сум размислувала за хипотетчки ситуации како @theowndemon дали да се каже или не. Ама искрено хипотетички размислувано е едно, а во реалност може да биде комплетно друга ситуација.
    Кога немав дете мислев дека ако посвојам, на прикладна возраст (не знам која е таа) би му кажала на детето. Бидејќи нели има право да знае. Не само заради генетика, туку си велев, јас ако сум посвоена ете би сакала да знам.
    Но откако станав мајка, мислењето малку ми се смени. Ќе искористам пример од мои познаници кои посвоија дете. Го посвоија на 6 месечна возраст. Му дадоа име, го засакаа премногу, животот им го промени. Се советуваа со психолози, ставот на психолозите бил детето да дознае некаде на 7-8 годинки дека е посвоено, бидејќи во пубертет па и рана адолесценција може тешко да прифати, погрешно да разбере некои работи и да тргне по лоши патишта.
    Нивното детенце еве го има 7 годинки. Како што гледам немаат намера да му кажат. Луѓето ми се блиски, поточно со жената се дружам, во муабет ми спомена дека не може да му каже, премногу се поврзала со него, премногу го сакала, плачела кога и пишува поезија, честитки, и се обраќа со "мамо" и некако не сакала да го сруши целото тоа што го изградиле како семејство, бидејќи се чувствуваат баш како вистинско семејство. Не сакаат детенцето да биде повредено со тоа сознание. И мајката и таткото не сакаат тоа сознание да влијае во нивните меѓусебни односи. Жената вели дека на моменти се плаши детето да не дознае од друго место, веќе оди на училиште и може некој да му каже во некоја караница. Во тој случај вели дека подобро детето да дознае од неа. Но сепак би сакала детето никогаш да не дознае, иако вели тешко такво нешто..
    Исто мислење делам и јас со жената. Премногу тешка одлука е. Да треба да се соопшти такво нешто воопшто не е лесно, а не може да се предвиди ниту што ќе се случува понатаму. Околу прикладната возраст, не знам која е. На 7-8 годинки не верувам дека би разбрало, а ако дознае тогаш, во пубертет пак може да стане проблематично детето и да се разочарува на секој прекор или расправија со родителите.
     
    На Anah му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.569
    Допаѓања:
    39.984
    Пол:
    Женски
    Јас доста сум размислувала на оваа тема, зошто сакам да посвојам дете, т.е со мм сме разговарале, имаме желба и двајцата, па ќе видиме како ќе биде.
    Што велиш ти, хипотетички може да се размислува ама реалноста е поинаква.
    Јас не би можела да кажам ниту на 7 ниту на 18. Би почекала малку повеќе, барем да може подобро да разбере, но секако би кажала.
    Но, од друга страна, секогаш постои ризик да дознае од 3то лице. Тогаш би ми било криво. Се сеќавам тука оред неколку години читав членка, дека од баба и дознала, и тоа не на убав начин. Ми остана тоа мислење некако во сеќавање
     
    На DarkStormm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.924
    Допаѓања:
    158.474
    Пол:
    Женски
    Последно сум пишала 2017 па ме интересираше дали сум пишала то шо мислам сега. Мислам ставот е тој, само можам полесно да го искажам.

    Кога се вели да се кажи на дете дека е посвоено, не се мисли на еден момент. Се мисли на процес. Има сликовници, сме ги обработувале на работилници за психотерапија, каде детето прво се фамилијаризира шо е посвојвање. Зошто настанва. Му се потенцира колку многу е сакано то посвоено дете. Па полека се вметнува идејата дека уствари и то е. Дур е мало. Па се повторва пак, ама со нагласок колку ние го сакаме. И пак. И пак. Да се створи атмосфера кај шо можи да зборува за се шо сака. Шо се добива ако кажиш многу рано? Па не е шок. Туку е реалност на детето. Накратко не е трагичен настан туку е факт шо на некое несвесно ниво детето секогаш ќе го знај. Нема зошто покасно да се осеќа лажено, криено, и не сакано кога уствари родителот се шо сакал е да го заштити. Исто така со рано кажвање се трга фактот дека некој друг ќе му кажи или само ќе дознај. Е овие две ситуации се шок и траума. Како и кажвање покасно.

    Прв пат кога сум "одлучила" дека рано кажвање е океј е кога бев сведок на растење посвоено дете кое знае. И среќна сум дека од прва рака го видов ова многу рано, пред дури и пред да знам зошто е подобро.

    Така да, пракса и теорија се различни, ама чинам гризиме јазик и прајме то шо е најдобро за детето, колку и да ни е непријатно.

    Едино ова мислам дека е miscommunication пошто од прилика тогаш процесот треба да стигни до заклучок, а не да му се кажи дирек пошто ја има возраста. Ама не треба да му кажи од ведро небо. Никако. Мора да го спреми и поткова. Да се осети сакано, и претходно да е фамилијаризирано шо е посвојување, зошто се посвојува и колку посвоено дете е сакано.

    Знам дека само сподели искуство, нормално никој на ништо не се форсира. Сите сме различни. Ама ако случајно другарка ти реши да кажи на свое дете, нека ја води психотерапевт низ процесот. За ништо да не се избрза. Да не дојди до криза. Се најдобро.
     
    Последна измена: 11 август 2022
    На glosipgirl, cresa-jagoda, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.089
    Пол:
    Женски
    Радмила Живановиќ е психолог и психотерапевт која има посвоено две дечиња и отворено зборува за тоа.
    Како што ја имам читано, ако добро сум ја разбрала, на првото дете не му кажале дека е посвоено така трас бум како гром од ведро небо туку уште од многу мало му го вметнувале тој момент низ приказни така што детето уште од многу малечко знаело дека е посвоено, без тој момент - посвоена си, туку како да кажам, како нормален факт што се знае уште од старт без многу потресување околу него.
    И мислам дека тоа е единствен правилен начин, се друго ми изгледа деструктивно наспрема детето.
    Ќе криеш, ќе дознае, довербата нарушена и ако е поголемо може да се изолира и да поминува низ чувствата само, наместо уште од мало да споделува со тебе и да му помогнеш да надмине.
    Тие моменти - ме вика мамо, ме сака многу, нема да се променат, пак мајката е таа и секогаш ќе биде.
    Треба детето да се стави на прво место, а детето има право да знае.
     
    На mal.ecka, Lella, Anah и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Lotus Girl

    Lotus Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2021
    Пораки:
    829
    Допаѓања:
    4.137
    Пол:
    Женски

    Познавам 2 фамилии со посвоено дете. И две различни ситуации.

    Во првата посвоено е девојче кое до своите 20ти години не знаеше дека е посвоено. И нормално луѓе без грам осет кои ниту беа во роднинска врска ниту пријатели на семејството и кажуваат дека е посвоена.
    Девојчето у шок плачејки отишла кај тетка ми на која мн ја почитуваше и ја прашува дали е посвоена.
    Нормално тетка ми ја смирила и со убаво и рекла дека треба да разговара со нејзините.
    Така девојчето дозна дека е посвоена.

    Вториот случај е со машко дете веќе возрасен маж во неговите доцни 30ти знае дека е посвоен и е во ред со тоа. Но со години го мачи прашањето кој се негови родители, чиви гени носи и која е причината што го оставиле. Бараше и ги најде одговорите. Искрено после тоа многу се разочара од какви родители е створен. Долг период збореше какви гени носи во себе, дали и он ќе биде како татко му. И дека подобро никогаш да не ги побарал и да не дознал.

    Секое дете и ситуација е различна. Јас сум за да им се каже уште како мали. Но кај некој од нив се јавува тој црв чива крв тече у мене што е мн нормално, кај други не сакат да слушнат за нивните биолошки родители што и тоа е нормално.
    Најдобро е консултација со стручно лице да каже како и на кој начин да се постапи според карактерот на детето.
     
    На mal.ecka, nevermet18 и DarkStormm им се допаѓа ова.
  19. DarkStormm

    DarkStormm Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.408
    Допаѓања:
    4.873
    Пол:
    Женски
    @Mantub Се согласувам дека треба да знае. Ама еве некако се наоѓаат луѓето на средина. Се плашат што ќе биде кога ќе дознае. Не може такво нешто да се крие засекогаш.
    @theowndemon контактираа порано со психолози постојано, сега не знам, не се распрашувам. За начинот на соопштување (ако одлучат да дознае) верувам дека нема едноставно само да му кажат како гром од ведро небо, сигурно ќе биде осмислен процес. Но проблемот не им е како да му кажат, туку ДАЛИ да кажат. На почеток кога беше помал велеа дека има право детето да знае, ама сега како минува времето се повеќе се двоумат.
     
  20. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    2.939
    Допаѓања:
    10.104
    Пол:
    Женски
    Воопшто да не му кажат? :worried: :^)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.