Не знам дали се обврзани ама од центарот за социјални работи ги советуваат да кажат. Не сум многу запознаена.
И јас така знам,одат често во контроли од социјални служби,а дали е морално да се каже незнам.Така беше порано сега незнам.
Детето е посебна личност од нив.Има право да знае. Другар од основно дозна на лош начин од други.Следеа викање, болка, тага и гнев. До ден денес им замерува на посвоителите што они не му кажаа. Подобро е да му кажат. Ако се одлучат да му кажат, најдобро е да се консултираат со стручно лице.
За жал не се, со тоа што не му се кажува на детето се прави многу полошо, па и ако дознае од друг (лично искуство) уште полошо. Колку порано му кажат, толку подобро и за детето и за нив.
Ако се чека совршена возраст за да се кажи - секогаш ќе откажуваат. Децата се засебна личност и пред се имаат право да знат. Ама ни то не е важно. Важно е како ќе се одрази на нив ментално и емоционално ко ќе дознат. Неслучајно советувањата од сите стручни лица е дека е процес шо мора да почни рано. Непријатно е. Тешко е. Боли. Ама е за добро на детето. Прајме работи кои не ни се по ќеиф ама шо се за нивно добро. Пошто остава грутка в грло дека би напрајле нешто потенцијално штетно за него, оти се плашиме сега. Иако стравот е разбирлив, ама ако е рано, со процес воден од стручно лице - па иди и како неоснован страв. Као win/ win ситуација е рано кажвање. За жал, или среќа, секој си носи одлуки какви шо мисли дека се исправни.
Ме интересира како би се чувстувале и дали би раскинале во следната ситуација подоле како што дечкото и стори на сестра ми во случајов и тоа : Дечкото од нигде никаде низ расправија и дофрли: Знам дка си посвоена, така е нели ? И онда ти остануваш у шок, прашалници околу тебе, плачеш, викаш, појма немаш што он уствари зборува (иако тоа е лага).. Дали се сложувате дека ова е токму нештото што го отсликува карактерот на еден човек, т.е да си ја знае мерата до каде му оди муабетот, колку помислува дали некој ќе нанеси емоционална штета и слично? Дали се сложувате дека овој човек нема свесност и култура во односите со луѓето и не помислува на последиците? Дали се сложувате дека нема иднина со овој човек знајеќи ја само оваа постапка што ја направил и што му го отслика карактерот (т.е незнаењето и (не)културата)? Дали Вие можете да градите иднина со ваков човек? Поставувам едноставни прашања, за емоционално тешка ситуација - траума, кое произлегува од само едно негово прашање и реакција до сестра ми.. Колку само една реченица може да ти го смени животот се прашувам..
И да е вистина. Боже мој. Тоа не се кажува. И нема што со таков човек да се прави освен да се мавне раче и да се рече чао туго.
Samo nenormalen covek moze takvo nesto da napravi. Neka bega podaleku od nego. Imala srekja sto se iskazal na vreme.
Ако е вистина, уште повеќе е причина. *да објаснам. Со сестра ми цел живот се зезаме дека таа е посвоена оти како мала кажуваше дека била како Пепелашка, се' она работела (детска работа, си ги средила играчките) и кога потпорасна кога и да се смеевме на темата, ете некоја шала остана тоа. Од друга страна, да е некој НАВИСТИНА посвоен, и да знае и да не знае, многу е безобразно така да се обратиш.
Сериозно вакво размислување имаш? Како прво он нема право да и го каже тоа а посебно не на таков начин, no offense али искрено помислив дека си бот.
Во секој случај е. Ако го интересирало дали е посвоена можел ко чоек да праша, а не низ кавга, на начин демек да те навреди и омаловажи.
Апсолутно е причина за раскинување независно дали е вистина или не. Пошто ако се карам со некој и намерата му е да ме повреди со некоја информација - dump the sorry bitchass. Да сум посвоена и да не знам, неќам да дознам од партнер, а особено не додека се караме пошто намерата не му е чиста. Да не беше расправија можеби ќе разберев, чиста намера ама во секој случај не е нешто шо се фрла ко бомба. Да сум посвоена и да знам, ама да мисли дека то е нешто лошо па као џокер да му е во расправија, не ме заслужва. Исто и да не сум посвоена ама тој да го мисли то како релевантен фактор за расправа - не ме заслужва.
Ако партнерот се служи со такви ниски удари во расправија, е причина за раскинување. Има недоразбирања и расправии во врска, не е се' мед и млеко, ама начинот на кој се расправа кажува доволно. Оти и во расправија може и треба да се покаже почит, а не да летаат навреди и зборови со кои ќе го повредиш другиот. Таков парнер не ти треба. @It_is_Klara Велиш дека не е тоа точно, така на сестра ти и' рекле, па уште од нигде никаде... Од кај тој би можел да знае? Уште полошо, побесмислено, ако не знае и ако не е точно а така лупне без врска, не разбирам зошто без причина некој би рекол така, сериозно не е добар во умот.
Не ми е јасно каква улога има посвојувањето во ова, и да е посвоена и да не е сепак човек е, тој сигурно не ја засакал заради родителите него заради неа самата, ако воопшто и ја сакал пошто човек со чувства нема да гледа да повреди некој кој го сака, макар и со зборови
Се сложувам точно така е реалноста, бидејќи тука, како на пример лично јас, почнувам од неговата поставеност кон сестра ми, тоа како прво не е негова работа, без разлика дали е точно тоа или не, без разлика дали било кажано во расправија или не, тоа е семејна работа и точка. Тој или било кој друг, е никој и ништо да прашува или да дофрла таква семејна работа.. Тој се кае сега, ја бараше да и се извинел но пак ќе кажам тука се гледа неговата свесност т.е несвесност, (не) култура и гледање на нештата. Ама тоа е , не можеме да бидеме сите исти, некој ќе се повреди како сестра ми вака, а некој можеби нема и поинаку ќе сфати.. ама не е таа фората на муабетот, ако гледаме подлабоко и духовно го сфатиме нештото, многу поинаков би бил светот. И ќе сфатиме дека доколку избрзаме да кажеме нешто, нешто што ќе те погоди в срце и ќе боли повеќе од шамар, нема враќање. За некои работи стварно нема враќање бидејќи ќе остават последица а иднината нема да е сјајна. Ви благодарам на мислењата . И верувам и дека сестра ми ќе донесе правилна одлука во врска со ова и ќе сврти нов лист.
Тој на неа и раскинува ради тоа што мисли дека е посвоена? Или таа нему ради тоа што го кажал. Јас само ќе кажам, што ако е посвоена? Што сака да каже со тоа? Еве навистина не сфаќам какви се тие луѓе што даваат такви коментари. Познавам деца, веќе возрасни луѓе, кои имале среќа ете да бидат посвоени од прекрасни родители. Никогаш не сум гледала поинаку на нив. Можеби ете зошто на едните им ја знам цела борба за детенце. Кога го донесоа бебе дома, јас имав 12 години и отидовме на мекици. Леле луѓе, не знаете колку бев среќна, цело време зборев како бебето ме држело со рачето за прст. Сакам да кажам, веројатно тоа се учи од мал, да не правиме такви разлики, сите сме исти, сите сме подеднакво важни. Да се вратам на цитираното, да апсолутно би раскинала, доколку на некој му пречи да сум посвоена...