se soglasuvam deka e taka tie sto me izrasnale zasekogas ke mi bidat roditeli.No mislam deka sekoj ima pravo da znae od kogo poteknuva
Сакам само да ве поздравам!И да ви кажам едно големо Браво за сите!За тоа што сте го преживеале и како сте се носеле со самиот факт!
Само да ви кажам дека немам уште никаква информација,бев во социјално оставив податоци и ми рекоа ке ме известат што ке направат сега биле одмори и одело поспоро
Ненушке не губи надеж, ти цел живот си чекала, уште малку не е на одмет. Кој чека ќе начека, имаш целосна подршка од мене
се надевам после одморите ќе средиш се. а не ли одиш за ох? што направи со таа помисла ?? поздравче од мене и ти држам среќа
Размислував многу за да одам во Охрид да ја барам,но сепак одлучив да почекам да видам што ке ми кажат во социјално!!
ненушка да не информираш што и како и ако можеш да ми кажеш што податоци остави и кои документи треба да се однесат
е срцки мои точно пред 25 години на овој ден ме роди една жена што се уште незнам како изгледа,денес да ја знаев планирав да и отидам,да и застанам пред нејзе да и ја видам реакцијата,ама ај здравие ке биде и тоа.А денес сигурно ме помислува исто како и јас неа
сигурно помислува на тебе, затоа што овој ден те родила, направила едно добро што сега ти имаш живот и си на овој свет,а сигурна сум дека помислува каде си што си како се чувствуваш.. заблагодари и се за тоа што те донела на свет, а најмногу заблагодари им се на твоите родители што те израснале и изгледале онака како што заслужува секој. ти посакувам многу среќа
фала лина2 нив сум им премногу благодарна,но ова ме копка и кога ке ја сретнам ке бидам исполнета,ке знам од кого потекнувам,знам дека многу би ми кажале дека е можно да се разочарам,но не јас сум спремна на се па така да сега најбрзо ке тргнам во потрага,а ке ве известам.
морав да ви кажам што ми се случи иако не е за во оваа тема баш,нокеска на сон ми доаѓа една постара жена и ми покажува слика со една непозната плава жена ми ја кажува со име и презиме,и вика тоа е твојата мајка мора да ја најдеш.Но сабајле кога станав името и презимето ги заборавив,неможам да се сетам.
Секоја чест на тие што знаат дека се посвоени,а сепак продолжуваат да чекорат низ животот со крената глава.Ви посакувам се најдобро и да си ги најдете биолошките родители ако не за друго,барем да знаете кој ве донел на овој свет.