Не е важно каде растело, дали во стомакот или во срцето. Важно е да биде сакано и гледано како што треба. А вие сето тоа го имате. Ви посакувам се најдобро и да ги најдете вашите биолошки родители.
не сум уште треба деновиве пак да одам до социјално,кога ке имам новости ке ви сопштам,фала ви на сите оние кои сте со мене и ме подржувате,иако не ве познавам ми значи вашата подршка
Како е болна темава.Се сетив на едно мало,слатко детенце Кристијан.Кога одев на физикална со него чекав и е од дом за деца.Неговата мајка била тешка алкохоличарка,а за таткото незнам.Детенцево секогаш плачело кога се разделувало од мајката.Кога кажуваше таа воспитувачката (или како и да се вика) почнаа солзи да ми течат. Ви посакувам на сите среќа. Ненуш да не известиш што си направила.
Јас сум посвоена. Многу пати сум размислувала за моите биолошки родители. Но сега веќе не се оптеретувам со тоа. Си ги сакам моите РОДИТЕЛИ коишто ме посвоиле и ме изгледале здрава и права. Плачат со мене кога јас плачам, се смеат со мене кога јас се смеам, ги делат најпрекрасните совети, и МЕ САКААТ. Ве сакам најпрекрасни мои!!!
Се извинувам за офф топикот, но мислам дека и јас го знам тоа детенце Кристијан! Има околу 7 години? плаво детенце и малку немирно? јас кога лежев во болница во Скопје и тоа беше таму и беше од дом... кутрото... Да се вратам на темата, јас мислам дека родител е оној кој го одгледал детето и го извел на прав пат! Кај нас има еден пар кој не можеа да имаат деца, па си посвоија едно девојче слатко и си го гледаат и многу го сакаат! мајка му како само го дотерува во бренд облека, секогаш убаво и плус-личи на неа! срценце малечко!
Пред некој ден во еден стар весник прочитав многу трогателна приказна во врска со темата па сакав да ја споделам со вас. Пред дваесетина години можеби и повеќе во Прилеп една мајка родила две близначиња: машко и женско. По два дена откако ја отпуштиле женското дете се разболува и повторно го враќаат во болница. Лекарите не ја пуштале да го гледа детето и после три дена само и кажале дека детето е починато, дури ни телото не и го дале да го погребат. Мајката се помирила со тоа, и имајќи друго дете за чување заминале за Австралија. После многу години се враќаат во Македонија и бидејќи целата ситуација од минатото им била сомнителна, се распитувале наоколу по болницата но секаде наишле на затворени врати. Никој ништо не знаел да им каже. Нивното девојче кое наводно било мртво го немало заведено како починато. Подоцна најмиле адвокат кој им открил дека девојчето им е живо и дека живее под друго име со фамилија во Прилеп. Бебето им било грабнато на некој начин и посвоено во таа фамилија. Тие се обидувале да стапат во контакт со неа, но таа одбивала да се сретнат. И пишале и писмо во кое и ја раскажале целата ситуација, и кажале и дека има брат близнак, со кого многу си личи, а девојката само вратила дека не е подготвена на толку голема промена во животот. Можеби и некој друг од вас ја прочитал приказната, во весникот „Фокус“ ми се чини беше. Можеби и прилепчанките на форумот знаат нешто повеќе, затоа што штом беше во весник објавено со лични податоци,со апел, со се, сигурно е вистина. Целта ми беше да им порачам на сите посвоени деца, да не ги судат своите вистински родители, бидејќи никогаш не се знае што навистина се случило.
Ова Анфејфул, беше пред пет-шест години, и чиста вистина е. И всушност, како што јас знам, братот на девојката, дојден на одмор во Мк ја забележал низ чаршија, еднаш, два пати, и кажал дека некоја тука премногу личи на него. и мајка им и онака цел жиовот се сомневала.Така почнала повторната истрага. Гледав некаде и слики тогаш, навистина си личат. И потполно си во право, не секогаш децата се дадени со намера од мајката, туку има и доста случаеви на лаги, вртени приказни. И други вакви случаеви сум слушала. Страшно!
^^^Оззи да, да, плаво детенце, на таа возраст е. Има и астма.ваљда вака се вика. Ама па сепак детенце, како детенце. Многу ми е жал за нив.
se soglasuvam deka e roditel toj sto ke te izgleda i nauci na se vo zivotot,no sepak mislam deka treba da se znaat i bioloskite.izvinete ako gresam no toa e moe mislenje
Не грешиш ништо со тоа што сакаш да дознаеш од каде потекнуваш и која жена ти го дала животот. Имаш поддршка и од мене за сево ова. Поздрав Ненушка
Со барањето на биолошките родители не ги негирам родителите што ме чувале и ми давале морална и финанскиска подршка и кои се нашле во вистинското време да ми пружат дом, тие секогаш ќе бидат мои родители без оглед на се и вечно ќе им бидам благодарна и неизмерно ги сакам, само сакам да ја задоволам љубопитноста и да го затворам тој отворен процеп од животот
srcki denovive treb da odam do socijalno pa sakav da vi kazam deka uste malku i mozebi ke ja doznam celata prikazna