Посвојување. Биолошки родители.

Дискусија во 'Дете' започната од karak, 20 јуни 2010.

  1. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    1.083
    Ненуш не се откажувај тука.Ова е само една од многуте препреки до вистината која кога тогаш,ќе ја дознаеш...Имај надеж,а секако ние сме со тебе! :hug:
     
    На nenuska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    227
    Најнапред ги прочитав сите одговори до сега и морам да Ви признаам дека си се изнаплакав ;( ;( .Голема подршка и од мене за сите кои се посвоени и доколку имаат желба да си ги најдат биолошките родители да им се исполни тоа.Знам ваков случај но од другата страна на приказната.Имаме роднини кои со години бараа разни начини да дојдат до дете по природен пат,пробуваа околу 10 или 15 години,не знам точно.Кога веќе видоа дека немаат никакви шанси да имаат дете,тие се одлучија за посвојување.Но, верувајте дека и самата постапка за посвојување е навистина тешка,требаат многу пари и трчање.Но,беа упорни и успеаја.Посвоија девојче.Нивниот живот од тогаш се смени,сега тоа е веќе големо,морам да признаам дека многу личи на таткото,како на лик така и по карактер.Еднаш така како си седеле дома девојчево гледало слики и меѓу тие слики имало слика со бремена жена.Девојчево се завртило на кај мајката и ја прашало:мамо и ти мене вака во стомак ме носеше?а таа му одговарила:не злато,мама тебе те зеде од болница,ама многу те сакам,ти си ми се во животот.Кога ке пораснеш уште малку мама се ке ти објасни.Девојчето се заврштило и и рекло.Добро и јас те сакам тебе ама повеке тато го сакам. :D Сакам да кажам дека најважно е да им се каже на време,најдобро пред пубертет,зошто многу деца за време на пубертет можам да разберат и од други луѓе.Во врска со барање на билошките родители,јас доколку би била во таква ситуација секако би им била благодарна на тие кои ме посвоиле,но би имала желба да ги дознаам и биолошките.
     
    На nenuska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. bile1122

    bile1122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    да ви кажам една случка за посвоени близнаци пред 10 години бев со сестра ми на одмор во охрид кај едни роднини баба и дедо и тогас дојода брат ми зена му и детето на гости и дознавме со сестра ми дека е посвоено а се од скопје инаку 85 или 86 генерација и се викаше Билјана исто како мене и беше родена на 18 април убаво се секавам бидејки јас сум на 17,но после 3-4 години кога отидовме со сестра ми на факултет во Скопје она е една година помала од мене знаци кога бев 2 ра година дојде и сестра ми и бевме во стан позади трговскиот Лептокарија кога еден ден доага на комшиите под нас керка им и кога гледаме момичката иста како таа што ја имавме запознаено во Охрид и низ муабет дознавме дека е родена исти ден и иста година како другата но други родители бидејки ги имавме запознаено и нив ама на неа ништо не и спомнаве и кога си отиде ја прашавме газдарицата дали сие нивна керката и таа ни кза дека била посвоена и тогаш и казавме и за другата девојка што ја имавме запознаено и ја прашавме што да правиме и таа ни реѓе да оставиме како што е да не се мешаме и после тоа казавме и на моите ама и они ни рекоа да оставиме така,а чѕдно мие како мозале две близначки да ги дадат на различни семејства а и двете се во Скопје?Толку време е поминато и уште ги мислам
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Symona

    Symona Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2010
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    60
    Девојко извини но вакви научни фантастики,не треба да шириш во јавност. Знам дека нај веројатно тие интересно,да пишуваш неверојатни приказни, но немој на вакви теми. И незнам во кој филм си го гледала ова па ни го прераскажуваш ова.
    Близнаци никогаш,ама никогаш не се делат еден од друг,ама во никој случај, дури и на црно да се посвоени,близнаците секогаш одат заедно и кога се посвојуваат,порано и машките во војска итн итн.
    Сегде е така во светот па и кај нас и нема исклучоци по тоа правило, и поготово не кога се работи за посвојување на близнаци.
    затоа би те замолила вакви невистини и фантазии да си ги задржиш за себе
     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски

    Нема врска дека близнаци одат заедно на посвојување. Јас имам другар што е посвоен, и дозна дека има сестра близначка која е посвоена во друго семејство, се запозна али од кај неа им забранија да се гледаат, и толку беше.
    Во Македонија правила не важат баш, така да не мора одма да ја осудуваш девојката дека лаже, од каде па ти знаеш дека е научна фантастика тоа што го пишала? Глупости.
     
    На unlucky и PaLaVa им се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Се согласувам со Лакримоса само што од целата приказна не разбрав чиво било тоа детето во Охрид. Само спомна дека си била кај баба ти и дедо ти и дека брат ти со жена му дошле на гости.
     
  7. bile1122

    bile1122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    да објаснам поубаво бевме со сестра ми на одмор во Охрид кај едни роднини баба и дедо ми се на татко ми чичо и стрина и тиа денови беше и брат му на дедото се жената и детето од Скопје се инаку исто и тие ми се роднини.Работата е сто тоа девојче е посвоено а и другото што го имав запознаено во Скопје е исто така посвоено но водруга фамилија а си многу личат како да се близначки и препоставуван дека се сестри близначки исто така и сестра ми ги има запознаено и двете и на неа и е чудно колку си личат.Нема логика некој да си личи толку сто се вика исти се а да не се сестри не мозе да има некој двојник.
     
  8. bile1122

    bile1122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    инаку да ви кажам имам еден пријател сто не знае дека е посвоен а всушност по потекло е Германец неговите посвоени родители знаат ,неговите вистински родители прд околу 30 години биле во Македонија а зената била бремена ,го родила во македонија и го оставила во државава.
     
  9. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    ;( И јас имам брат роден 1985 и даден во домот за доенчиња во Битола ,не го познавам не ни знам кој е ,а сакам да го запознаам најмногу на свет ....(веќе отворив тема за тоа )........... ;(
     
  10. bile1122

    bile1122 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    ti posakuvam sreka i bidi uporna
     
  11. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    bidi uporna i ke go najdes ti posakuvam mn sreka mila :)


    [mod-kirilica:wdhzca3o][/mod-kirilica:wdhzca3o]
     
  12. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Еве неколку случаи:

    Пред 40 години девојка останала бремена и тоа со близнаци. Дечкото прво не сакал да ја жени а подоцна кога се решил, татко и не ја дал. Припрости луѓе, не ситуирани, се решиле да ги дадат внуците на посвојување. Сметале дека некој ке им пружи подобар живот на децата и дека керката ке се омажи полесно без деца. Близнаците ги посвоило семејство од Словенија. Жената се омажи на 46 години и нема други деца.

    Пријатели на моите посвоија девојче. После 15 години неуспешни обиди, се решија на ваков чекор. Има 15 години и мислам дека сеуште незнае. Пружено и е се што треба и може да се пружи на дете, првин љубов а после и матријално. Неверојатно личи на мајка си и братучедите.

    Живеев у Скопје кај бабичка која се омажила 41ва и со дедото отишле у партизани. Останала бремена ама по шуми услови нели нема и имала спонтан. После долги години посвоиле девојче. Како што бива кај нас најчесто со нашите долги јазици, разбрало некое комшиче дома па и кажало дека мајка и не ја родила и не ја сака. Детево отишло дома плакајки и мајка и и објаснила. Никогаш не изразила желба да ги најде биолошките родители.

    Пред 30+ години им оставиле бебе пред врата на луге кои немале деца. Пријавиле во полиција па откако никој не се јавил да си ги земе детето, го посвоиле. За жал детето е болно и тешко подвижно ама лугето се срекни што има кој да ги каже мамо и тато.

    Лани играјки се пред зграда, децата кои нормално пак разбрале од дома, му кажале на детето: Абе ти знаеш дека мајка ти не ти е мајка? И тоа му кажало дете на една ороспија без маж, која наместо да му објасни на сопственото дете каде му е таткото, таа за други јаде трици. Имало бурна реакција од детето. Уште е мало, незнам како ке реагира за 8-10 години.

    Од друга страна една жена се плашеше да посвои бидејки и беше страв да не добие болно детенце. Демек наркоманки раѓале, муабет житимајка. Бев многу исфрустрирана од ваков став оти незнаеш и тоа дете што ке го родиш какво ке биде. Па и да е болно, таа душа не ли треба да живее? Веке им е касно, сега се преку 50 години и сами.....

    Како што велат србите, живот пише романе. Не знаеш што те чека низ живот, ама мислам дека Господ има план за секое чедо. Важно е на дете да му се пружи љубов и да потрудиме да ги воспитаме најдобро што можеме. И ние што сме родиле, треба да им објасниме на нашите деца дека е поважно кој те одгледал, кој не спиел со ноки да те нахрани, кој те носел по лекари со температури, кој можеби оттрпувал за да ти купи кондурчиња, кој пишувал домашни со тебе, кој те носел на летувања итн. И тие што се посвоени ке сватат што значи родител кога и самите ке станат родители. Ниту една жена не дала дете на посвојување од кеиф и сигурна сум дека нема ден а не помисли како му е на детето ама поголема мака е тоа дете да се изведе на прав пат.
     
    На pahuljica sneza, Meggy, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Има двојници, можно е и тоа но за близнаците е пологично.
     
  14. V20

    V20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    1
    Имам скоро 21 година (на 21.февруари 1990 сум роден) ,пред некое време дознав дека сум посвоен ,а впрочен цело врем,е го чувствував тоа во себе се чувствував поразличен од сите мои блиски роднини ,сосема поинаку изгледав ,размислував итн. Од моментот кога дознав па се до ден денес не можам да функционирам нормално,се обидов со се можно за да ги порнајдам моите билошки родители ,поточно мајка ми и да знам ЗОШТО? тоа ме мачи и ме остава без сон и мир.Животот како да ми застана во едно место и не можам да бидам мирен се додека не дознаам повеќе за она кој сум и што сум ,Си ги сакам билошките родители ,никогаш не би се одделил од нив ,но едноставно сакам да знам кој сум ,вака се чувствувавм како да сум го изгубил комплетно мојот идентитет.Од одредени извори дознав дека моите билошки родители биле млади ,и учеле во гимназија кога сум "се случил јас",побарав и преку социјалното но некако шансите се многу слаби,ве молам советувајте ме што и како д аправам ,дајте ми некоја конструктивна критика ,имам претчувство дека ке ги најдам но ако само стојам во место ништо од тоа нема да биде,верувам со случајност и судбина се надевам некој ке ми помогне ....искрено благодарам...
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.449
    Допаѓања:
    5.411
    разговарај со посвоителите за да ти дадат подетални информации од кое место ти се биолошките родители и започни ја потрагата од таму. но пред се биди спремен дека нема да најдеш многу информации затоа што повеќето се доверливи. сигурно судбината поретпочитала така да биде и не заборавај посвоителите ти дале живот, љубов и топол дом биди искрен со нив. понекогаш во вакви ситуации би размислила и што кога ќе ги најдеш, што ако ти затворат врата пред очи и несакаат да ја откријат вистината дека имаат некој??? што ако си нанесеш поголема болка од таа што ја носиш. ако судбината така сакала остави да тече така како што е имаш живот и ќе имаш она што се случило во никој случај нема да го смениш. што кога ќе слушнеш не те сакавме ? или бевме млади ?? дали размислуваш што ќе смени или дали ќе ти вредат тие контакти леле добро што те најдовме јас те сакав али ...........??? мене бар ништо нема да ми смени затоа што нема ништо живо на светов што би ме одделило од моето дете ако решам да го родам. така да може е и по паметно да го живееш животот онака како што е сега да си ги сакаш и почитуваш оние кој ти дале се во животот. но сепак среќно за што и да решиш ;)
     
    На Shana и sesilija им се допаѓа ова.
  16. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    261
    Мојата приказна е долгааааааааа и широка.
    Ја и мојот брат , двајцата сне посвоени ( не сне во било какво крвно сродство) но тој сепак е мојот брат.
    Мама и Тато долго време се обидувале да имаат свој биолошки деца, но откако виделе дека нема да можат, тогаш решиле да посвојат.
    Дознав нај случајно, имав 13 години ( лудите години ) од избезуменос не знаев што да правам, чуствував гнев , лутина ,бес. Се скрив на таванчето каде што како мала си играв со куклите.
    Моите ме бараа насекаде повикаа полициа, а јас лудата си бев убедено дека не ме сакаат :(
    Вечерта сите беа кајнас дома сите роднини и пријатели, ја слушав Мама како плаче :( но јас не излегував се криеф сеуште ) Околу 1 после полноќ ми се пријаде, се симнав доле и на Мама и викам : МАМО ШОИМА ЗА ЈАДЕЊЕ ??
    Е тогаш сите стаписани и оѕверени кон мене , тато кога ми лепна еден шамар три дена ми свиреа ушите :D
    Мама кутрата целата уплакана ме прегрна и толку силно ме стисна што неможев да дишам , тогаш знаев дека тоа е мојата МАМА не некоја што ме родила.
    Подоцна не седнаа со братми и се ни објаснија ( тој како постар само ги гушна и се расплака ништо повеќе ) јас бев целата растреперена.
    Не можам да се пожалам од нив, Мама лично се ангажира да ја пронајде жената која што ме родила.
    Дознав која е каде е се дознав за неја, Мама дури и ме возеше до Белград за да ја видам и да остварам контакт со жената.
    Но кога влеговне во Белград нешто чудно ме обзема, ја замолив Мама да се вратиме назад, ништо не рече застана и ја заврте колата во обратен правец.
    Што се случи тогаш !? Сватив дека таја жена мене НЕМИЕ НИШТО мојата МАЈКА седеше домене.
    Ако ме носела 9 месеци и родила не значи дека таја мие мајка.
     
    На La-loca, mira.mira, Chuchu и 34 други им се допаѓа ова.
  17. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    18.639
    Допаѓања:
    121.872
    Пол:
    Женски
    Ме наежи !!! Капа им симнувам на твоите родители што ве посвоиле и тебе и брат ти. Секоја чест.
     
    На pahuljica sneza му/ѝ се допаѓа ова.
  18. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    261
    Нена тоа се најпрекрасните, најдобрите луѓе што постојат на светов и премногу си ги сакам и почитувам :)
     
    На pahuljica sneza, MarchelineAmaru, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. milce

    milce Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    22
    Е драги мои, читам што сте пишале и плачам, солзи ронам. Посакав во еден миг сите да ве прегрнам и да ви кажам дека и јас ја делам вашата судбина. Мојата приказна е многу тешка ии драматична. Па би сакала да поделам едно искуство со вас. Јас сум посвоена како бебе во Битола, кај родители кои биле алкохоличари. Ме изгледаа како ме изгледаа, со голема материјална поддршка со љубов во трезни денови од една страна, а од друга страна со големи малтретирања во пијана состојба.
    Кога наполнив 18 год дознав дека сум посвоена. Плачев цел месец, и дома и на школо и на улица, се ми се сруши на светов. Кога еден ден дојде мојата биолошка мајка во социјални грижи, јас со знаење на овие родители отидовме да се видиме. И што да ви кажам, гледаш непозната жена без никакви чувства и емоции како теле. Ајде она ми раскажа што и како било, дека била од битолско село, , не ја зел човекот, татко и не ја прибрал, оти биле многу деца дома и се ќерки. И така ме дала... Да не должам, се омажила, заминала во Германија, но нема деца. И што е најважно, јас мислев дека сето тоа е искрено спрема мене, но се случи, јас се омажив, имам две прекрасни деца, а нејзе мува не ја лази за мене, оди на шетање, патувања, не праша за моите деца, дали нешто им треба. Најважно е кога ќе дојде во Битола дас е прошета дотерана, уфирцана, со кола, да ја видат дека она е госпоѓа.
    Не кажав за посвоителите, ги догледав на достоен начин и покрај се, ги погребав како што е ред, и навистина ми недостасуваат, посебно мајка ми, иако пиеше, многу ја сакав.
    Значи не си го трошете времето и не си го мачите мозокот да ја барате да ја видите мајка си, бидејќи ќе доживеете големо разочарување, бидејќи кај тие биолошки мајки постои само доза на каење и желба да видат дали детето им е живо. Друго ништо не чувствуваат за нас оставените деца, ни љубов, ни грижа. Така Ненушка гледај си ја фамилијата и не мисли на ништо друго иако е тоа многу тешко,бидејќи јас и по дваесетина години откако дознав дека сум посвоена таа болка ми излегува на површина, но сега веќе се претвора во гнев, а не знам како тоа да го контролирам.
    Ве поздравувам сите, и тешка е судбината на посвоените деца, ма колку и убаво да живееле, но се ежам од моментот кога ќе се дознае таа вистина, што се тие деца преживуваат во тие моменти.....................................
     
    На Valentina.Vaki, MarchelineAmaru, kate21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. belarosa

    belarosa Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    5
    Пред извесно време дознав дека имам полу-сестра, и тоа му се испушти на татко ми дека мајка ми имала дете пред да се земе со него, ама била присилена од нејзините родители да го остави на посвојување. Почнав да ги распрашувам родителите на мајка ми (зошто мајка ми е почината), ништо не сакаа да кажат. Единствено нешто што го дознав е од тетка ми, дека е родена од 1981 до 1983 година, и е родена во септември или октомври, ама мисли дека било октов=мври. Не се сеќаваше убаво оти била премногу мала кога се случило тоа. Ако некој знае нешто, многу ќе се радувам да дознаам која ми е полусестра, а јас упорно ќе продолжам да се распрашувам по роднините на мајка ми, се додека не дознаам нешто повеќе. Фала многу!
     
    На Kana27, pahuljica sneza, figura и 1 друга личност им се допаѓа ова.