1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посвојување на дете

Дискусија во 'Дете' започната од femina11, 18 октомври 2010.

  1. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Нова сум на форумов и не знам дали темаба ја отворам на вистински место.Колку што забележав немаше ваква тема,па затоа ја отворив.Ме интересира вашето мислење во врска со оваа тема.Не сум во ваква ситуација, но се надевам дека темата ке ве стави во размислување.
     
  2. viku

    viku Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    157
    Јас имам мое дете, ама кога не би можела да родам, секако дека ќе посвоев. И тие се исти како ние да сме ги родиле, сеедно од чиј стомак излегле! Браво за секој што посвоил, и кога би била и јас во подобра ситуација и јас би размислила посериозно.
     
    На nana2112 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gluvarche

    gluvarche Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2010
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    113
    за поздравување се сите оние кои до сега посвоиле или сериозно планираат да посвојат дете, усреќуваат дефинитивно се околу себе, згрижуваат дете на кое иднината му била ставена под знак ? и во исто време му даваат смисла на својот и животот на својот партнер,

    долго време размислував што е целта на животот.... и на крај колку и да размислуваш, сваќаш дека семејството и љубовта кон фамилијата и децата се оние кои го движат цел свет,
    за жал, суровоста на животот, на некои им дал премногу на друг им земал....... се почесто се јавуваат проблеми со зачнување (како резултат на брзиот, неквалитетен и стресен живот) и затоа мислам дека тие што неможат да имаат деца, треба без размислување да се насочат кон посвојување.
    се јавуваат и некои дополнителни прашања во врска со посвојувањето, а тоа секако е мислењето, поддршката на партнерот.....бавноста на нашите институции.....и фаќањето врски, што е срамно и крајно мизерно....
     
    На akita и femina11 им се допаѓа ова.
  4. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Моја блиска фамилија многу години се трудеше да имаат дете.Пробуваа на секакви начини,меѓутоа се беше без резултат,а многу пари потрошија.На почетокот мажот беше против,меѓутоа пред неколку години се согласи.Посвоија девојче кое што е прав ангел.Немаа никакви проблеми во однос на растењето,а бев хасцинирана како девојче од некоку месеци доволно е само да го ставиш во креветче и самото по неколку минути да заспие.Родителите денес се каат зосто тоа не го направиле порано(со оглед на тоа што имаа по 46 години кога го посвоија) Сите го засакавме претерано,без никакво размислување....До утре можам да Ви раскажувам,а Би сакала да ве ставам во размислување сите
     
  5. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Па не само оние што немаат деца, треба да посвојуваат и останатите што можат финансиски да си го дозволат тоа. Јас сакам да имам билошко едно дете и да посвојам едно или две секако доколку финансиската ситуација ми го дозволува тоа. Секоја чест за тие што посвојуваат, не знаат колку добрина прават за тие деца, им го прават животот подобар, со топлина и семејство а не да се мачат по домовите.
     
    На Gockica и nana2112 им се допаѓа ова.
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    браво за тие што посвоиле дете, максимално го поддржувам тоа и дел од струката што ја изучувам ми е, здравје можеби ќе работам во иднина нешто поврзано. иако нашиот систем е навистина спор и има многу ограничувања сепак ко што тргнало ќе биде подобро, да се надеваме барем
    ако не би можела да имам дете, воопшто не би се двоумела и би си посвоила и едно и две, па и три во зависност од финансиската состојба во иднина
     
  7. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Посвојување дете секако Да. :) Ако човек не може да има свое сопствено па дури и да може ако имаш финансии и услови да му пружиш на детето све што му е неопходно јас сум едноставно за.Родител не е оној кој го родил туку оној кој му пружа љубов на детето, воопшто не е важно од чија утроба излегло.
     
    На podravka, Cedo0811, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Дали може некој поопширно да ми го објасни процесот на посвојување?
    Имам роднини што 19 години веќе не можат да имат дете. Па се решија некако да посвојат, иако тоа порано не доаѓаше во обѕир. И не им дадоа.
    Се чудам зошто??
    Па има толку многу деца кои би биле пресреќни доколку би биле во некое семејство, а државата не ги дава?! Стварно сме мизерија.
     
  9. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    како што знам во земјава посвојувањето е мн долг процес, а нз зашо. Имам блиски роднини што немаат деца, едните може 20 години а другите околу 10 години, и стварно не ми е јасно зашо не си посвојат, имаат предобри услови за тоа со оглед дека се вработени на добри места и зимаат екстра плати. Јас искрено сакам освен мое и да си посвојам ама коа ке размислиш може и не е толку добро. Што ако еден ден децата дознаат дека едното е посвоено а другото вистинско??? Тоа би била мн непријатна ситуација
     
  10. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    ако сакаш да посвоиш дете посвои и тоа е дете и тоа има право на живот !
     
    На nana2112 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Премногу сакам деца. Немам се уште свое, но сепак секое дете го гледам, мазам, пазам како да е мое. И баш затоа, би посвоила, доколку недај боже не можам да имам свои. Тие дечиња не по своја вина се сами. Знам семејство, кое посвои, кога го видов бебчето само реков, која можеше да го остави, преслатко мало ангелче, лепотанче......
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Чичко ми и стрина ми неможат да имаат деца..Јас многу сакам да имам братучед или братучетка..Во брак се 20 години..Чичко ми има 42 а стрина ми 36..Би била пресреќна ако посвојат,ама сеуште се чудам зошто не би го направиле тоа :(..
     
  13. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    225
    Да ти кажам право имам 3 пари блиски роднини коишто за жал немаат деца,а имаат над 40 години.Еден од тие парови пред 7 години успеаја да посвојат едно девојче.Меѓутоа со многу мака,трчање и давање пари на сите страни.Тој процес на псовојување траење долго.Сега се пресреќни како тие така и девојчето,иако уште не знае дека тие не му се прави родители. Убава работа е,но кај нас е многу тешко да се успее,како што кажав погоре.А не знам која е причината за тоа?
     
  14. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    ^^ незнам ни јас ://
     
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Би посвоила доколку не дај Боже неможам да имам свои. Според мене тоа е добра и благородна работа, има толку многу деца што се оставени, а на овој начин можат да имаат семјство, дом, родителска љубов и грижа. Родител е оној што се грижи за детето и го сака, а не е важно кој го родил! Така што, ако финансиската состојба дозволува, јас сум дефинитивно за! :)
     
  16. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Кога не би имала и јас би посвоила,како и да е и тоа е дете не ми се јасни тие што немаат деца а сакаат,а не си посвојуваат...знам дека е потешко во Македонија да се посвои дете,но барем да се проба
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.467
    Допаѓања:
    39.688
    Пол:
    Женски
    Секако дека најголема желба ми е да имам мое дете, моја крв но кога ептен не би можела да имам деца, би се одлучила и на тој чекор, зошто да не пружам на некое дете се што му е потребно и во материјална и во емотивна смисла.
     
    На Mother of 2boys и nana2112 им се допаѓа ова.
  18. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    408
    здраво на сите би сакала нешто да кажам во врска со оваа тема јас и мојот сопруг сме во брак 7 години и наидовме на еден проблем што можеби да не можам со мојот сопруг да имаме деца па ке одиме на донатор со инвитро оплодување би сакала и да кажам јас инаку сум 28 години и пред 3 години бевме на разговор во центарот за социјални работи во нашиот град и прашавме за процедурата и беа изненадени во позитивна смисла дека толку млади а сме отишле да прашаме за посвојување но ни кажаа дека многу е долга процедурата со години и дека ти ги собираш потребните документи и ги испраќаш во министерството за труд и социјална политика но во нашата држава вредат парите бидејќи оној кој му е под длабок џебот и може да ги потплати центрите за социјални работи или минисерството за да се дојде до дете а ние кои не можеме едноставоно ќе чекаме и можеби ќе ја изгубиме можноста да добиеме дете само тука вреди оној кој може да даде пари како детето да е предмет за продавање и мислам дека не треба да се разочаруваме дека треба да одиме напред и да не губиме надеж бидејќи ќе успееме иако ни е многу тешко еве јас едвај чекам до наредното лето да се малку здобиеме финансиски за да одиме на донатор со инвитро оплодување бидејќи не сме во можност да дадеме 5 000 евра поздрав до сите и само со крената глава
    и со волја и подршка од сопругот и фамилијата и се ке се успее со надеж и желба сите кои сме на форумов и се уште немаме во рацете преслатко бебе наскоро да имаме па не е важно на каков да било начин дали ќе посвоиме дали ќе е со инвтро или со донатор важно е бебе поздрав и со среќа на сите :) :hug: :hug: :hug: :hug:
     
    На Didi7, Milobebence, Kaetana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ако посвоите бебенце да пишиш во темава :) Како и да е стварно е безнадежно да немаш за кого да се бориш во животот,кого да воспитуваш кого да сакаш...Мајчинската љубов е неизмерна :) Ви посакувам се најубаво тебе и на маж ти..се надевам дека желбата ќе ви се исполне :* Запомни не е мајка онаја која што го родила и го оставила детето,мајка е онаја која што го изгледала и воспитала ;) :hug:
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    408
    драга Ammy.Lee потполно си во право за тоа важно кој го исчувал детето а не кој го родил и го оставил немаш поим колку копнеам да држам дете во раце нели веќе и претходно кажав дека во социјалното ни кажаа дека сами си ги поднесуваме документите и дека многу се чека многу години и ни кажаа дека во нашиот град пред нас има голем број на брачни парови што чекаат за посвојување хајмалку 10 години и верувај не сум толку силна да издражам да чекам 10 години а верувај дека многу сакам да посвојам и воопсто не ми е грижа сто ќе рече народот и тоа е дете и заслужува да има родители и дом и родителска љубов кога би имало макар едно дете би рипала и плачела од среќа и радост но верувај дека што сум разговарала со некои парови се откажуваат за ради тоа што многу години се чека и дека никој нема пари за поткупување и за брза постапка како што знам дека некои го прават па ќе видиме првин што ќе испадне со ин витрото здравје само и дај боже гопод и богородица да ме усреќат бидејќи секој ден им се молам поз
     
    На Didi7 и Ammy.Lee им се допаѓа ова.