1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посвојување на дете

Дискусија во 'Дете' започната од femina11, 18 октомври 2010.

  1. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35
    Nana2112 не знам баш како оди тоа до детал, но знам дека ин витро два или три пати е бесплатно, не знам зошто спомнуваш 5000 евра тоа е веќе ако сакаш после тие први три пати да пробаш пак, барем јас така знам, се надевам дека ке ти се оствари желбата и ке добиш детенце, а ако не барај врски за посвојување, што да кажам, знам дека е жално и срамно и дека децата ги родаваат како стока но кај нас е така и џабе ние што ќе плукаме по корупираните институции и моќници во државава ...

    Имам еден предлог за сите вас кои сакате да посвоите дете, знам дека ќе мислите дека е невозможно но погледнете го видеово на ју тјуб и тоа ОБАВЕЗНО, има опција за посвојување дете во странство и мислам дека треба подетално да се распрашате и да разговарате со некој адвокат!

    http://youtu.be/bMUtLNSIuRY

    поздрав!
     
  2. nana2112

    nana2112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    408
    MiaBeMia ги споменав тие 5 000 евра затоа што имаме еден проблем кај мажот ми и можно е да не можам да имам деца од него но бидејќи многу се сакаме и си даваме подршка и одлучивме
    да одиме на донатор кој само за донаторо одат 1000 евра и потоа се оди на приватно оплодување по приватни клиники и тоа не оди на трошок на фондот за тоа ги споменав тие 5000 евра верувај дека се распитав за сите можни варијанти и прашав во ремедика во скопје и кај органџиски во штип дека тоа се наплака приватно а верувај јас немам толку пари за да фаќам врски и да претплатувам некој еве да ви кажам мојот сопруг е во странство за да ги запечали тие пари и многу е жално бидејќи само се ослободени преку фондот тие имат мал проблем и се пробава по 3 обиди и се доплаќа 350 евра а ние што имаме поголеми проблеми ќе се снаоѓаме како знаеме и умееме со наши макдонски плати од по 8 000 ден ништо не се завршува само едни основни анализи се толку само што на мажот ми му тражат 350 евра за биопсија да направи
     
  3. MiaBeMia

    MiaBeMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    35

    Ви се восхитувам најискрено, според ова што го кажа сигурна сум дека твојот сопруг ќе биде прекрасен татко како што е и прекрасен сопруг. Малку се мажите кои прифаќаат вакво решение, но ти имаш голема љубов покрај себе. Ви посакувам да си добиете детенце и да си се сакате до крајот на животот <3 .
     
    На Didi7 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. soco

    soco Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    185

    имаше еден случај пред многу годни само во обратна ситуација жената неможела да имат деца и тогаш немаше инвитро идр.работи и овие се договориле да направат некоја според мене непристојна работа се развеле фиктивно и мажов си најде една вдовица поѓомити ја сакат бр,мр и ја намами му роди дете и тој буквално и го киднапира и ден денес оргиналната мајка немат контакт со детето а овој мангуп си ја зеде жената назат и си го изгледа своето биолошко дете со првата сопруга ! ОДВРАТНА СЛУЧКА ! а имаше и случај каде немаше мажот и во договор со сопругата таа отиде со некој си едикојси и скоро никој не дозна дека детето не е од мажот и ! ден денес си го чувет прекрасно дете ! овој беше по безболен начин бидејки тој јадникот сум сигурна дека нити претпостави дека бил во мамка како донатор ! за ова се прошушка и се заборави брзо се прикри работата!

    се разбират ова е од ПОРАНО кога не беја популарни инвитрото и донаторите !

    сепак тебе ти посакувам срека за понатака ! имам роднини бес деца тие функционираат како пар ама им фалит хармонијата и исполнетоста во бракот која ја прави присуството на децата и исполнетоста која се доживуват со нив !
     
  5. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Еве една новост
    Извор: Курир

    Дефинитивно го поддржувам ваквиот чекор.
     
  6. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.037
    Поради здраствени причини нема да можам да имам деца :( барем така ми кажа докторката, Но јас си се надевам зашто никогаш не се знае кај е Господ никој не е, ако во случај не можам да имам мој деца, ќе си посвојам... Искрено не ми се јасни оние родители кој ги дават децата на посвојување некој плачат за деца а тие ладнокрвно ги напуштаат... :(
     
    На Cliona му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Didi7

    Didi7 Нов член

    Се зачлени на:
    26 август 2019
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5

    Dobar den,kako ste?

    Se nadevam do sega veke si imate bebče.
     
  8. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.958
    Допаѓања:
    5.362
    Пол:
    Женски
    Да, си имаат. Две прекрсни ангелчиња.
    Близанци.
    Нека им се живи и здрави, цел живот да ги веселат :inlove:.
     
    На happygirl, Autumn_, kankus и 8 други им се допаѓа ова.
  9. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Знае ли некој ве молам, како оди процедурата за посвојување доколку имате свое дете, но сакате и да посвоите. Услови што треба, колку се чека?
     
    На anggell, Lolipop23, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Gockica

    Gockica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека си најдов истомисленик :) баш за ова отворив да проверам дали има искуства.
     
    На anggell, Lolipop23 и mariatim им се допаѓа ова.
  11. Gockica

    Gockica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    https://www.mtsp.gov.mk/uslugi-i-prava-ns_article-posvojuvanje-na-dete.nspx

    Ова го најдов како информација, но никаде не се споменува дали имањето биолошко дете е фактор во процедурава.
     
    На mariatim и Milobebence им се допаѓа ова.
  12. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.326
    Допаѓања:
    91.518
    Пол:
    Женски
    Дали знаете дали може да се поднесе барање за посвојување поради состојбава со ковид ?
     
    На Dust, mal.ecka и Gockica им се допаѓа ова.
  13. Gockica

    Gockica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Сигурно може да се поднесе барање, единствено може да имаат специјални термини на работа по министерствата.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Стварно ли со години се чека?
    Колку е тоа со години? И 10 години сум слушнала од луѓе, точно е?
    И стварно треба да платиш за да го убрзаат процесот?
    Колку?
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Milobebence

    Milobebence Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јули 2016
    Пораки:
    4.326
    Допаѓања:
    91.518
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за информацијата ајде сите што посакуваме да посвоиме да имаме среќа да успееме.
     
    На anggell, Dust, eta и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Gockica

    Gockica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Јас имам 2 прекрасни синчиња кои ги обожавам. Ама ми се стави мислата во глава за ќеркичка :) единствениот начин да сме сигурни дека ќе имаме девојче е да постоиме. Само не сум сигурна дали би ни дозволиле со оглед на тоа што веќе имаме биолошки деца.
    Услови имаме да одгледаме 3 деца :) за љубов не станува збор ....љубов на претек. Сакав да видам дали има вакви случаи
     
    На anggell, Lolipop23, MinnieM и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Gockica

    Gockica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не е повеќе така. Луѓе што ги познавам посвоија, од аплицирање до добивање бебе помина 1 година и нешто ситно. За 2 семејства зборувам.
    Во самите услови пишува дека има период на набљудување на потенцијалните посвојувачи од 4 месеци, па одлуки, комисии.
     
    На azelea, Autumn_, Mantub и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Фала ти.
    А дали имаш инфо дали платиле нешто и колку?
     
  19. Gockica

    Gockica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    101
    Пол:
    Женски
    Наводно не, знам тешко за верување во општествово во кое живееме. Сакам да верувам дека тргнале на подобро работите.

    Од друга страна кога ќе ми текне дека врски треба да фати човек за дете во градинка да запише :)
     
    Последна измена: 3 февруари 2021
    На azelea, Autumn_, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Имам слична мисла, имам две, а би сакала 3то, не знам дали би можела да се изложам на уште една бременост од повеќе причини.
    Не знам дали пол може да се преферира во барање, јас
    ако некогаш имам посериозна намера би сакала да е што помало бебе, заради остварување на врска.
    Ако не се решам никогаш, една од најголемите причини би била да не го земам правото на други родители во исчекување, на кои би им било прво бебе.
     
    На Lolipop23, MinnieM, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.