Јас знам пар што добија дете за година дена. Не платија ништо. Брзо добија дете зашто не им беше битен полот.
Знам дека дел од прашањата се за пол, националност и психо-физички развој. Те молам не ме сфаќај погрешно што реков ќеркичка дека преферирам, уште 10 момчиња да имам сите исто ќе ги сакам. Прекрасно ми е дома со тројца згодни момци (го бројам и таткото ) ама зошто да не дадеме љубов и на девојченце нели. Па да купам и некое фустанче, да зачешлам долго косиче, да ја научам да плете можеби ... кој да знае какви интереси ќе има. На крај на памет не ми е да го земам редот на некое семејство кое нема детенце. Не би барала врски и слично. Ама ако има можност да дадам љубов , спремна сум
Не не сосем валидни се сечии желби за дете, потполно поддржувам, само ете не знаев дека може однапред да се преферира при постапката. А за земање ред, не дека е баш така земање ред, ама е некое мое чувство... посебно место во моето срце имаат луѓето што посвојуваат дете
И јас би посвоила детенце. Имам ќерка, 20 месеци е, ама ако е причина тироидната жлезда за неплодност, тогаш дефинитивно ќе посвојам уште 2 деца Многу сакам деца, премногу љубов имам за тие мали слатки и невини човечиња
Браво жени полни со љубов,да си ја остварите желбата ви посакувам. Не знам дали имам пишувано на мм роднина што живее во Бугарија посвоија две дечиња едно по друго за многу кратко време таму беше процедурата.Прво едното па после една година и другото да си има друштво,а после три години жената остана бремена и си роди,па така сега си чуваат три момчиња и сите се подеднакво сакани,им се воодушевувам
Кога се прави вонтелесно оплодување, се врши фертилизација на јајце клетките и се оставаат да се развојат во ембрион стар 8 или 16 дена, па после се прави имплантација. Со тоа што за да се осигура фертилизација, се врши на повеќе јајце клетки. Откако ќе се оплоди јајце клетката се знае кој пол ќе биде бебето, па може да се контролира полот на детето според изборот на родителите. Можеби не е релевантно за твојот случај, но нека стои тука можеби некој ќе бара да се информира. Инаку при посвојувањето се губат бодови доколку се бара специфичен пол на дете и доколку родителите сакаат бебе до една година. Има и по други основи ако се избира детето какво сакаат родителите да биде каде се губат поени. Ова, а и други фактори допринесува да се чека повеќе од 1 година, некогаш и дури 5 или повеќе години. А најмногу влијае тоа дека ти даваат поени колку повеќе чекаш. Така да, ако некој е запишан во регистарот и чека да кажеме 6 месеци, а после него се запише некој кој има повеќе бодови, автоматски тој е пред личноста која чекала 6 месеци. Исто така, нешто што сметам дека е дискриминација, е фактот што ако си без партнер губиш многу поени, и е многу потешко да дојдеш на ред. А, секако фактот дека се двајца родители наспрема еден, не значи дека нема доволно љубов и хармонија да се израсне детето. Извинете за подолгиот пост, ама нема многу информации за оваа тема, а има толку огромна потреба од тоа. И бидејќи во иднина планирам да посвојам, баш се заинтересирав, и истражував.
Дали имате искуство со посвојување од друга земја? Од каде би почнала? Веќе долго време размислуваме на темава и сигурна сум во одлуката. Сакам да посвојам дете, но сакам ид одредена земја да биде, а тоа не е Мк.
Мислам дека тоа не е услов. Брачниот статус носи поени , но не значи дека мора. Најбитно е старосна разлика да биде 45 год, тоа е услов. Баш знам за 36 годишна жена која посвои 6 годишно дете која не е мажена. Прво беше фостер на истото девојче.
Јас познавам личност што не е била во брак и си има посвоено девојче, но тоа е многу одамна, незнам дали има промени во законот, но сепак мислам дека може да аплицираат и тие што не се во брак.