Зошто секое дете заслужува најдобро сместување што може да се понуди. Ако има избор помеѓу двајца родители или само еден, мислам дека е сосема логично да се избере да биде сместено со двајца родители.
Најсериозна. Демек ако не сум мажена, а не можам да се остварам како мајка мора да имам дома маж или бар на папир како што многу прават за да посвојат дете ?
Да зашто е сто пати подобро дете да расте со пар кој има несогласувања или е фиктивно заедно. Така е по закон. Така е по традиција. Кај нас побогу за сексуално образование во училишта се крена толкава фама што на крај не се воведе не па за ова.
И од кои еден сака да посвои друг не сака и никогаш нема да го засака тоа дете ама побогу во брак се. И после ќе најде некој друг партнер со кој ќе се оствари како родител и дететво отфлено. Ама јеби га имаат папир.
Колку што знам кај нас се бодуваат и први на листата се тие со најмногу поени, ако сам сакаш да посвои дете само не добиваш поени за тоа дека си во брак, ако имаш на другите полиња добар број на поени можеш и да се најдеш меѓу првите.. А во Србија тешко сам да посвиш дете, нема поени ама мораш да добиеш специјална дозвола од министерството, што е многу тешко да се добие, може да ја чекаш со години и да те одбијат.. Глупо е според мене ако некој е сам да не може да посвои дете, ако навистина сака и има услов да му понуди се што му е потребно.. Сигурно на тоа дете ќе му биде подобро во семејство, па дури и со еден родител отколку во дом..
Системот ни е застарен. Не е превидено дека на дете може да му биде подобро со еден. И кај луѓето е проблем тоа што претежно сите сакаат бебиња или тодлери, не од поголемите деца иако и тие имаат право на топол дом.
Па и сама жена може да има несогласувања де. Од кај знаат тие дека самохраната мајка ќе биде совршена а парот баш мора ама мора да има несогласувања? Инаку деловна жена може инсеминација од донор, ако има проблем со плодноста има право и на ваучер за инвитро. Може и да бара посвојување, може се'. Нена, дали таа жена што се чувствува обесправена воопшто поднела документи за посвојување?
Некој овде има реално искуство, се обидел да присвои дете/деца, знае како функционира низ детали, вработен е во институција што работа на оваа проблематика или нагаѓа? Еве што вели законот. https://www.mtsp.gov.mk/mk-MK/socijalna-i-detska-zastita/posvojuvanje-na-dete Значи, во принцип, функционира со поени. Како е во реална реалност, не знам. Би сакал да прочитам искуства.
И со поени, треба еден сам родител да има од сите други услови како за двајца за да биде конкурентен со паровите. Реално, не знам која една сама жена заработува повеќе од просечен брачен пар кој сака да посвои дете, или има поголем стан од просечен пар, што се главните критериуми.
Поените значат, но не толку кога ете во самиот текст акцентот се префрла од „лицето“ на „посвоителите“ и се дава предност на двајца кои се во брак. Нема регулатива која го предничи добробитот на детето.
Не сум поднела. Ама еве ако сакам не можам... Инаку 3 пара знам каде еден од сопружниците е геј, ама се во брак и имаат посвоено дете. А бракот фиктивен. А да не зборам оние кои платиле дебело.
Значи системот детето не го вреднува на ист начин? Бидејќи ако си сингл жена можеш да користиш материјал од банка за спрема односно да забремениш со донор, но ако си сингл жена која може и сака да посвои дете, тоа не е предвидено. Ако вака размислуваат луѓето, системот, општеството, тогаш навистина децата не сме си ги заслужиле и тешко на децата со нас возрасните.
Завршив политички студии. Знам да толкувам и од тој аспект коментирам за системот. Башка и од посвоени луѓе што имам слушнато (не сите посвоени од брачни другари се задоволни од нив). Факт е дека сме заглавени во минатото. Е, ајде, де. Брачните другари може да испаднат малтретирачи и психопати (кои веројатно успешно ќе се прикријат, па и стручен да не ги примети одма), но имаат предност пред некоја нормална Јорданка.
Бидејќи децата растени од просечно семејство со двајца родители имаат подобра перспектива од деца растени со еден просечен родител. Има безброј студии правена на оваа тема и тоа е конзистентен заклучок, пишете на гугл или прашајте ВИ. Исклучоци секогаш ќе има; што ако родителите се дисфунцкионални, епа што ако самохраниот родител е дисфунцкионален, што ако Јорданка горе не била баш нормална како што се мислело итн. Ако темата го интересира некого: https://gitnux.org/single-parent-crime-statistics/?utm_source=chatgpt.com https://doaj.org/article/18bef1ac56ea4dfba919a3a137452fd5 https://pmc.ncbi.nlm.nih.gov/articles/PMC7525106/ https://ifstudies.org/report-brief/stronger-families-safer-streets *Истото е и за разведени родители, шансите детето да заврши во затвор се зголемуваат значително.