Вака нешто Јас за големиот имав на Chicco, сега само бустерот (долниот дел за седење) го користиме, пошто се врзува со појасот од колата. Е сега не знам дали на сите модели им се вади долниот дел, што служи како бустер. Овие седишта се прилично непрактични за спиење за децата.
Од мое досегашно искуство. За поголемо од 18 кг има од 0до 25 кг со четири позиции на спуштање. Јас имам вакво едно, бидејки е од 0 кг во него сега се вози малиот. А за големиот купивме од 9 до 36 кг, со една позиција на подлегнување. Тоа му е сосема доволно за да не му пага главата напред кога ке заспие. Тоа е ова на сликата. Во локо кроко сретнав и до 36 кг што има повеке позиции на спуштање, ама многу беше гломазно, бар за нашата кола, бидејки сега позади имае две седишта.
Ова е нашето седиште, мислам дека пола град купи кога беа на намаление во Енци Менци пред некој месец. Од 9 до 36 кг. е, а не фаќа повеќе место од тоа за 0-25 кг. Се подесува и во висина и во ширина и мене тоа ми беше важно. Има едно ниво на наслон и не е како бебе навалено ама па и дете од 2,5-3 години колку можеш да го налегнеш? Како и да е јас сум презадоволна од седиштево, посебно лесно е што нема каиши за закопчување меѓу нозе кои му сметаат летно време. Се прицврстува со каишот од автомобилот. Од мене
Убаво е ако има седишта до 36 кила со менување на позицијата на наслонот, ама ова ние што го имаме е постар модел на Чико, од внука ми, пошто не го користеше. А моево големо има 18 кг ( на скоро седум години), ама во висина ептен отиде последнава година, па само бустерот го користиме, се врзува со појас детето. Седиштето му е мало, нема каде да ја потпре главата. Проблем ми е ако заспие во кола, се мислев да земам од оние перничиња што се ставаат околу врат, оти е навистина непријатно кога го гледам заспан и искривен во кола, иако ретко спие, само на ептен подолги релации, и тогаш ретко. А не сакам да легнува на задно седиште, не ни има место, оти седиштето од малиот е тука.
Имате ли искуство со купување на седиште за во автомобил од страната екупи.мк или пак седиште со марка "Примебебе"? Ме интересираат искуства и сакам плус и нешто да прашам општо со седиштата. Како да знам дали се спушта за спиење, го добивме на подарок а немаме упатство немаме ништо. За колкаво бебе може да се користи о слично. Седиштето е во прилог на сликава.
Vidi na youtube napisi ja markata i modelot na sedisteto + carseat installation moze ima klipovi od istoto sediste kako se mesti i sto funkcii ima. Za naseto imase epten korisni videa.
Некоја препорака за booster седиште? Имаме стандардно, веќе е голема за тоа, а и треба помалово да се вози во тоа сега. Фала.
Почнавме да разгледуваме седиште за во кола па дали имате некоја препорака за бренд, спецификации и на што да внимаваме при избор?
Зависи што барате. Ние на пример имаме седиште 0+ од раќање па до кај 18 кила. Нашето може да се врти да гледа и напред и назад и има различни положби и се крева наслонот како што расте бебето. Ние гледавме да има Изофикс седиштето зашто лесно се мести и побезбедно е од обичното врзување со појас (овие вториве ретко кој ги мести правилно и тоа ги прави помалку безбедни). Имаме MAxiCosi Milofix седиште и сме задоволни бидејќи ми се гледа прилично удобно. Е сега мислам дека нема да издржи баш како што пишува до 4 години туку ќе треба да го менуваме веројатно на 3 зашто ќе биде повисок од тоа што треба. Новите седишта по новите стандарди сега место по тежина одат по висина.
Ќе мора од 0+ во секој случај зошто синко уште нема ни 6кг. Се муслиме дали до 25 или до 36. Благодарам за препораката, а ги исчитав и другите препораки па ќе видиме што ќе одлучиме.
Има некој вакво на макси кози? Ептен ми фати око - може од 4+ да се користи. Ротира 360 степени базата.
Ми текна да прашам нешто, на која страна позади ви е поставено седиштето? Дали позади возачот или совозалот и има ли некоја врска каде треба да биде?
Да. Позади шофер. За не дај боже. Зошто во ситуација на директен судар шоферот несвесно гледа да избегне да се судри неговата страна. Сакал неќел тоа ни е потсвесно.
Немаме баш вакво. Ова е ново седиште по новите Европски стандарди и оди по висина не по тежина на бебе/дете мислам. Имаме MIlofix и до сега е добро. Нашето се врти само напред назад ама лесно се спушта, монтира, бебе лесно се става во него. Ова е унапредена верзија така што би требало да е уште подобро.
https://www.amsm.com.mk/Media/56/Manual-child restraint systems.pdf Јас секогаш си го препрочитувам ова. Но и покрај прирачников и нашето седиште не е на право место
Мене седиштето ми е поставено позади совозачот бидејќи кога се паркирам пред градинката треба да го извадам преку тротоар,кога седиштето би било позади моето седиште ми е поопасно вадењето од кола бидејки сум на улица. Порано седиштето беше позади мене бидејќи се паркирав на обратна страна.