И нашето е позади сувозач иако ова го знам јас од старт. Па еве што е правилно. Ќе мењате? Само незнам како ќе оди закопчувањето, нели тоа е баш во средина, ќе дојде позади седиштето.
Нешто е чудно дефинитивно со советот за средина на задното седиште. Новите автомобили воопшто ја немаат таа опција за средина на седиштето. Изофикс точките за поставување на седиште за бебе/дете се само на двете седишта не на средина зашто средното седиште е обично најтесно а седиштето треба убаво да налегне. Инаку добрите/докажани и тестирани производители на седишта веќе и на веб даваат оцпија дали нивните седишта се комаптибилни со одредени модели на автомобили и на кои седишта во колата може да се постави седиштето. Ние така биравме седиште. Го беднисавме, го проверивме на ADAC, па на веб на производителот видовме дали може да го монтираме во авотмобилите што ги имаме (нашите плус тие на бабите и дедовците). Во ниту една кола не с епојави опција на средина на задното.
Ne mi e i mene logicno da e na sredina. Baza nemame, se vrzuva so kaisite sto velis Kiten toa za zakopcuvanje ke mu dojde pozadi.... ???
Нашето седиште е на средина, без база. Седиштето е на chicco elite 0+. Само не сум сигурна дали така во упатството пишуваше или мм прочитал на нет. Инаку ако не е на средина, најбезбедно е позади возачко седиште.
Па да, чудно ми е. Али еве ќе пробам со нашево ако успеам ќе ви јавам Но еве и други статии што сум читала сите викаат во средина. А пак тие со исофикс стварно неам појма како би ги наместиле.
Мене ми е зад совозачко седиште бидејќи така можам да го погледнам додека возам, сите што ги знам така и го имаат поставено седиштето (кај што не се две деца, нормално). На средина на седиштето повеќе ме асоцира да не е лево или десно на седиштето, не пишува средина на задна клупа на возилото. Добар дел од возилата на средина на задната клупа имаат и потпирачи, а секако каишите за затегнување на седиште не се на средина. И видеата со упатства на производителите никаде немаат седиште на средина. Дополнително, со седиште скроз на средина назад се спречува друг да седи позади и одеднаш возилото би станало за (максимум) 3 лица
Не. Синко уште си се вози во транспортерот. Решивме само дека ќе биде од 0-25 а уште се размислуваме кое.
Мамички синко е 4 месеци и во последно време многу плаче во транспортерот додека се вози. Инаку седи на количката секогаш во транспортер се шетаме. Сега да прашам за мислење дали би било подобро да му земеме седиште 0+ или како е да си тераме во транспортерот до 9кг. Ме интересира искуство од некоја мама дали би му годело возењето повеќе во седиште.
Ние го префрливме бебето од транспортер во седиште некаде на 3 месеци. Во седиштето му беше поубаво зашто е повикосо од транспортерот па можеше повеќе да гледа надвор.
Здраво мајки. Дали може да ми препорачате седиште за дете во кола, од кое сте задоволни? Колата нема можност за isofix, така да мора да се врзе само со каишите од колата. Разгледував на страниве но не најдов нешто што би ни одговарало. Фала ви!
Ние го имаме Graco Evo Nautilus, јас сум задоволна, пред да го купиме читав reviews и многумина го препорачуваат, што се покажа како исправно. Синко исто сака да се вози во него, претпоставувам удобно му е. Го зедовме од Либерта, Неготино. http://www.libertabebecentar.mk/sedishta-za-kola/graco-elite
Ми треба помош: дали знаете каде има и кој модел би бил седиште за во кола кое што е и за поголемо бебе а да се вози наназад? како транспортерот што се врзува, ама за до кај 2-3 години? на англиски мислам се викаат reboard. Каде да ги барам?
Не знам баш дали има тоа што бараш тука. Ние имаме Maxicosi Мilofix и тоа може да стои свртено наназад до кја 18 месеци ако детето не е многу долго, односно на него пишува дека може. ние го свртевме напред на 15 месеци. Ние го купивме во bebeconfort продавницата. Тогаш ја имаше во Citymall сега е само во Беверли трговскиот. За до 2-3 години не знам тука кај нас дали има. Мислам дека @kukla21 има некое поново MaxiCosi кое исто има опција да се врти па нека пише какво е нивното.
Сите седишта што се од 0 кг нагоре имаат ваква опција. Ни имаме седиште од 0-25кг кое се користи и наназад и нанапред плус со три или четири позиции на седиштето. Сега го користиме наназад и на најлегната позиција.
тоа звучи супер, изгледа такво најмногу ќе ни одговара можеш да ми кажеш како се вика моделот на вашето и во која продавница би требало да го има? тоа е од 0 до 18, да? нема да ни одговара зошто едното дете е веќе 1.5 година, другото 6 месеци (ќе се возат во различно време ) и сакам да земеме нешто што ќе ни послужи подолго, а откако почитав повеќе ми се зема за кога е помало да може наназад. Т. е. може и еден транспортер едно седиште, ама полесно едно и готово. Видов едни 0-36 - тоа би било одлично) ама 23.000 ден.. од чико има 0-25, ги има некој? фала ви во секој случај сега барем знам што да барам a од 25 до 36 kg исто мора во онакво големо седиште со странични потпирачки итн? или може тогаш само долу како перниче што е едно? најдов од Graco 0-36, од Chicco 0-25, ама второво е поскапо. Ако знае некој и други пишете ми!