1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Посебно седиште во автомобилот за деца

Дискусија во 'Дете' започната од wolf4e, 5 септември 2010.

  1. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    многу добро седиште 8), сега го гледам точно тоа е такво reboarder до кај 2 год вика може наназад да се вози. ама вкупно само до 4 год, и 30.000 ден. :o
    не ни се исплаќа за тоа што ни треба - ретко си одиме Мкд за толкав трошок.. ама ќе го имам во предвид за тука во Германија :)
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.733
    Да. До 4 години е. Ај ѕирни на страната на бебе хоум. Рекламираат некое седиште на кидо - kiddo forever. Демек едно за цел живот на детето и околу 12.000 беше.
     
  3. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
    фала, еве баш таму гледав таму и вашето го видов, точно и тоа е како Грако 0-36, Грако е околу 16.000 - можеби најдобро ќе биде тоа, нешто на средина. Само уште не ми е јасно дали во него може назадечки подолго да се вози, или исто колку што би и во транспортер.
    Овие kiddo ми се ептен марка икс, graco ги има насекаде не би требало да се лоши.

    Сега плус и тоа со изофикс не фикс да го проучам, ќе биде добро и на секакви коли да пасува :)

    никако да се одлучам. може ќе ми помогне некој со идеја /мислење. ќе одиме дома малата ќе биде 6 месеци, претходно ќе оди сестра ми нејзиното е 1.5 година. тие сакаа да земат Graco 9-36kg, а јас си мислев да го земеме транспортерот, имаме тука maxi cosi city. плус и основата на количката, мислев и за шетање да го користиме транспортерот место од количката тоа за лежење, него да не го земаме. Е сега се замислив колку е тоа практично, бебево уште сега ко одвај да го збира во транспортер, се бутка се крева нагоре, а и не толку убаво мислам да биде така подвтикана долго време - легната подобро.. А читав и за возењето, дека подобро колку може повеќе наназад да се возат, ние дома и натаму мислам ќе си одиме често, тоа што ќе го земеме за сестра ми ќе го користиме и ние... Дали
    1. да си одиме само со транспортер, седиште да земеме 9-36
    2. да земеме седиште едно 0-36
    3. да земеме седиште 9-36 и транспортер во мк - мала разлика во парите ама така транспортерот пак би се закачувал на количка, после да го продадеме или да го чуваме за трето внуче :)
    ? :drunk:
     
    Последна измена од модератор: 5 јуни 2018
  4. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Која дилема. И.јас многу размислував на темава, само што ние ќе одиме кога ќе биде 8м. Јас одлучив да купам седиште во мк 9-36 т.е ке ми купат треба од аеродром да не земат и количката голема ќе ја однесам во мк а тука ке земам летна на склопување.
    Вие во моментот ќе бидете помали и сигурно нема да има 9 кг. Јас лично во тој случај би го носела транспортерот и би го шетала на количка така, а на 6 месеци може и со летна што се спушта наслонот на 45 степени, еве мојот од 3 м несака легнат да шета па само транспортерот за таа намена го користам. Некако најисплатлива варијанта ми е од 9-36 и тоа некое поефтино ке земам, додека за тука планирам квалитетно.
     
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    На 8 месеци бебе никако не смее да се вози напред свртено. Ако купите седиште ќе мора да внимавате да е свртено позади. Не е само килажата проблем. Бебињата немаат добра контрола на мускулите на вратот па до година дена без оглед на килажа мора да се возат свртени назад. Ако ти е за безбедбо возење на бебе тогаш ич не размислувај на опција 8 месечно бебе да возиш во седиште кое е свртено напред.
     
    На irena.1, KidA, Chantal и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Фала, а баш сакав да прашам до кога се вози свртено позади. Инаку за тука секако планирав да земам што се врти ама за во мк не ми се исплати баш, ај ке видам може транспортерот точен да ни е.
     
  7. *Лорена*

    *Лорена* Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2017
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    4.503
    Пол:
    Женски
    Моето не се возеше свртено наназад до година. Прво, веќе не му ги собираше ноџињата свртен наназад- дете буквално беше стуткано и му беше неудобно. Второ, веќе разбира па сака да разгледува, а кога ќе го завртиш да гледа во задно седиште уклучува сирена.
    Мислам дека првиот пат на одмор седеше во седиште, пред тоа во транспортер ама поради подолга релација за да му биде поудобно го ставив во седиште. Од мојава блиска околина не знам дека некој истерал до година да гледа наназад, иако така е правилно.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Chantal

    Chantal Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Ние 5 месеци сме и веќе негодува во транспртер, незнам што ќе правам, најверојатно ке земам 0+ седиште па додека дојдеме во мк ке видам за таму што да купам. А законски до колку мора да е свртен наназад?
     
  9. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    10.617
    Допаѓања:
    170.481
    Пол:
    Женски
    Не знам законски, ама на 5+ рано е за во седиште свртено нанапред, пред сѐ од безбедносни причини, а и бебето уште не е стабилно да седи исправено. Ние до 9 месеци ќерка ми ја возевме во транспортер свртена наназад.
     
    На KidA и Chantal им се допаѓа ова.
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.025
    Допаѓања:
    198.991
    Пол:
    Женски
    Да има минимум 9кг, или до година, па тогаш да се заврти нанапред.
     
    На Chantal му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ivan-Ice

    Ivan-Ice Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2018
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    494
    Пол:
    Машки
    Најбезбедно место за поставување на седиштето за деца е позади возачот, затоа што човек кога е во опасност инстинктивно реагира прво да се заштити себе па се останато. Пример ако налета на друго возило инстинктивно гледа да избегне удар на сопствената страна и затоа најбезбедно е детето позади шоферот. Во такви ситуации не реагира рациото туку инстинктот.
     
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ние мислам на 10 месеци го префрливме од транспортер во седиште завртено нанапред. Подранивме малку точно, немаше ни 9 кг тогаш, ама едноставно не беше возможно да се вози веќе во транспортер (дете почна да негодува и да плаче, не го собираше веќе во должина), а седиштето немаше опција да е завртено наназад.
     
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    27.786
    Пол:
    Женски
    Минимум до година дена се препораките за наназад свртено седиште. Новите препораки се додека може да седи наназад до тогаш, односно што е можно подолго. Наназад треба детето да седи свртено пишав и погоре заради контрола на мускулите на вратот и заради распоредот на силите на инерција во колата при удар. При удар главата на сите им оди напред. Возрасните можат колку толку да контролираат мускули на врат, бебињата не можат повратниот удар да го исконтролираат. Кога е седиштето наназад свртено тогаш силите на потисок се помали, односно седиштето ги абсорбира.
    Затоа се сега популарни седиштата за кола што ротираат. Тие се од 0 до 18 кила најчесто, а сега има и до 36.

    Сето ова е да не чуе зло. При обично возење не е проблем ништо, ама седиштата се користат да ги заштитат децата при удари. Ако не се користат прфавилно тогаш немаат поента.

    @Chantal За проверка на добри и не толку добри седишта adac.de прави независни тестови. Од секој производител има седишта со добри и седишта со лоши оценки. Ако ти е тоа битно провери си ти таму. Барем за она седиште што мислиш долог да го користиш.
     
    На NarCis@, Chantal и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  14. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    732
    Допаѓања:
    980
  15. didisi

    didisi Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    3.680
    Screenshot_20180702-075835.png
    Ima nekoj vakvo kako ste zadovolni?
     
  16. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.360
    Допаѓања:
    7.810
    Пол:
    Женски
    Имам.засега супер е.
     
  17. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.489
    Допаѓања:
    33.353
    Пол:
    Женски
    NOVI-SEDISTA-LORELLI.jpeg
    Многу задовона сум но едно нешо мн се нервирам почна од сонцето да ја губи бојата.Вакво е нашто.
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Нормално е текстилот да избелува од сонцето. Ако седиштето е исправно и сигурно, ова другово е неважно :)
     
    На TutiFuti и didisi им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.118
    Допаѓања:
    18.325
    Пол:
    Женски
    Предлог седиште за кола до кај 6/7000 илјади?
     
    Последна измена од модератор: 3 јули 2018
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.096
    Допаѓања:
    37.564
    Пол:
    Женски
    Ај една консултација со вас.
    На свеки и кажале дека детето мора да биде во седиште на граница, ако не е ќе прават проблеми. Ние седиште немаме ама имаме транспортер кој уште ја собира и си седи во него. Дали ќе ни прават проблеми?
    Рано сабајле во 4 ќе тргнеме па она ќе спие во него, во седиште како би спиела?