Еј неќни на Дојран едни струмичани ги гњавеа ,не ги пуштаа . Едното дете беше околу 4 годинки и немаше седиште за него у кола . Малечкото беше околку годинка мислам ,имаше како транспортер ли беше или релаксатор да не беше ( не ги разбирам баш кое што е ) ама седиште не беше . Нашиве не ги пуштаа да поминат така . Ако не им пишаа и казна . Се расправаа ептен . Апа и тие тргнале за Турција да одат така без ништо у кола . Не им "трпеле " децата седишта ,не сакале да седат у посебни седишта
Абе како не им трпеле? 4-годишно дете МОРА да е во седиште. Па и за едногодишно, големо е да биде во транспортер. Луѓево се стварно неодговорни, за безбедност се работи, не за сакало-неќело детето.
Ех, не би тргнала на пат така. Не е воопшто безбедно, едно закочување нагло и отиде детето. Сигурно тоа дете на седе мирно позади. Има ли ограничување до која возраст смее транспортер да се користе?
Ааа тоа поима немам јас Чудно ми падна дека таткото ептен се расправаше на граница со полицијата ,затоа заприметив и "се распрашав " што е проблемот . Инаку мајката си седеше позади . Таа ќе ги "придржува " децата ваљда Ама стварно неодговорни родители . Па дури и му велеше на полицаецот - во твое време тебе како мал те седнуваа во посебни седишта ?!
10-11 месеци моиве. Главата не треба да испаѓа, нозете може да испаднат. Значи не мора целосно да го збира со се стапалца внатре, се гледа по главчето.
Какво седиште за во кола треба за бебе од 9кг? Гледам дека има од 9-36кг и од 15-36кг? Па кои се подобри? Дали е подобро со изофикс? Инаку сега имаме макси кози транспортер до 13 кг ама не сака да лежи во него сака да е исправен...
Сега проверив на нет. Може во транспортер до годинка Мојава е 10ипол. Главата и е во транспортерот. Значи нема да ни прават проблем
@forumce доколку ја собира, може во транспортер. Инаку седиштата што се од 0-18кг имаат опција за навалување и со тоа се прават како еден вид транспортер и детето си спие удобно. @Ownage ако твоето нема годинка, земете од седиштата што се од 9кг, ама да имаат опција за навалување, оти ќе ви треба ако спие во кола. Седиштата за поголеми деца од 15кг ретко ја имаат таа опција.
Има повеќе опции за седишта, различни категории, но распрашај се кои се навалуваат. Ние имаме од категорија 9-25 и во него седи од 8 месеци бидејќи може да се мести во три позиции, најлегнатата позиција е исто како во транспортер.
Мајки што имате деца околу годинка дали сеуште користите транспортер или купивте седиште? Моево како да не го собира веќе во транспортерот па ми треба совет за добро седиште (доколку има некое што е згодно и за спиење)
Со исофикс? Јас имам без исофикс околу 7-8000 го земавме. Одлично е. Сега за него земавме Косато, а ова ќе го наследи бебка
Ѕирни колку се безбедни. https://www.adac.de Основна цел е безбедност. Батали изглед и останато. Провери им ја безбедноста.
Едно прашање за мајки со дете и бебе. Како ви се наместени седиштето и транспортерот? И каде седите вие? Напред или се "гужвате" позади со децата?