Моето е од 0-25кг на 3 нивоа се подесува. Кога се возиме на подолга релација и ќе заспие му го спуштам на 3то ниво. Но, не е легнат сепак е под некој агол 45степена. Зашто седиштето е наместено према напред да седи. Доколку го свртам обратно ќе е легнат, али сепак е голем мојов и ќе нема кај нозе да стави. Бустерот се препорачува кога е поголемо детето. Значи кога е седнато самиот појас од кола да може да му е адекватно наместен. Кога се помали и се на бустер самиот појас преку глава/врат ќе доаѓа при врзување. Негде после 4г го препорачуваат бустерот. Бар така нас ни објаснија кога го купувавме седиштето.
Ако не е навикнат од бебе тешко дека допрвин ќе се навикне. Носи му занимации, играчки, пуштај песнички на телефон...
I kaj nas se javi otpor na taa vozrast. Iako prethodno sedese. Najgolemo podovruvanje vidov koga pocnav I jas napred da sedam, a on sam pozadi.
Период е ќе помине, само биди упорна ставај го во седиштето колку сака толку. Имаше кај нас еден таков период кога беше 12месеци не сака да седи во седиште и плачење до залисување. Пола пат го седи пола не. Пробај играчки да му дадеш да има занимација, песни пуштај му на радио. Пред да го ставаш во седиште гледај да биде намирен со се- најаден, пресоблечен за да бидеш сигурна дека не е до тоа. И пробај сам да биде од позади.
Здраво Сакам да купам седиште за во кола ама имам буџет до 4000денари.. на што да внимавам и ако имате предлог би ви билА благодарна.. Фала ви однапред Бебка е 9месеци
Со оглед на тоа што е мала, гледај да најдеш за таа цена да се спушта за спиење. Други карактеристики не можеш да бараш за таа сума.
Нема да се вози во транспортер до годинка? Барај седишта категорија 0-18кг, 0-25, 0-36, 9-18, 9-25... Сите овие се спуштаат за спиење. Запази и да има сертификат за безбедност ECE R44/04, и нешто на што јас му двам предност се перничињата покрај главата кои штитат од страничен удар. Инаку има доста седишта и за таа цена.
Не ја собира во транспортер Од под колена надолу биси и со нозете се мава во седиштево од колата и се удира со главата горе на транспортерот.. Бев до локо крОко и бебе супермаркет цените се од 5690 денари нагоре..на друго место не знам каде да барам.. ако имате предлог пишете ми..
Не е важно дали нозете висат, важно е главата да не искача над транспортерот. Вака ми има кажано ортопед. Имаш седишта во Либерта бебе центар, Андреј компани, Алф кидс...Тука има поевтини.
https://www.encimenci.com.mk/sedishte-za-avtomobil-012294-avanti-gray-9-36-kg-jungle-yb704a16 https://www.encimenci.com.mk/sedishte-armor-light-grey-cangaroo-066gj99916 https://www.encimenci.com.mk/sedishte-helene-grey-moni-066bfl10016 Еве седишта меѓу 3300 и 4000 денари од Енци Менци. Сите овие ти се од 9-36кг, односно од 9 месеци до 12 години, барем така пишува во описот на првото што ти го постирам. Поздрав!
Девер ми ни купи седиште за во автомобил за роденден, од 9-36кг, слично како овие погоре постирани, ама ќе си седи во детска ќе збира прашина уште некое време. Џивџи е мал уште за него, кога ќе го седнам главата не му стасува горе да биде потпрена како треба, уште малку ќе тераме со транспортер, +-8кг. сме (ќе се мериме иднава недела за поточно).
Го гледам ова седиште во Енци Менци, на попуст е. Рано е за него, бебо нема ни 4 месеци, ама не знам дали да го земам ради попустот? Што мислите? Или подобро би било некое седиште од 9-36кг? Ова е од 0-25кг. Во транспортер планирам да го возиме до 9м/годинка здравје.
Јас го имам. Фино е, меко, што мене ми беше ептен битно. Пријатен материјал е , не е лоша синтетика. Се спушта во три позиции и може да се користи од новороденче. Мојот тек сега почна да ужива во него, претходно имаше драматизации.
Сестра ми го има сега за сега се презадоволни со тоа што малата има неполна година,понатака незнам како ќе се покаже.И на лик е преубаво
И мене ептен ми прави мерак ова и ќе биде. Само се мислам дали сиво или плаво и да пратам маж да го земе.