Труднички муабети ^Затоа до година дена треба транспортерот/седиштето да бидаат наопаку поставени, баш за ако дојде до сообраќајна несреќа не биде повредено од стаклото а и да не биде повредено од воздушните перничиња. Во стомакот додека е не може да го заштитиш никако ако дојде до таква некоја ситуација ама од кога ќе се роди си има со што да го заштитиш, тука не те прашува никој дали имаш или немаш пари законот е тој ако не го почитуваш ќе бидеш соодветно санкциониран.
Труднички муабети Абе мамички, да бидеме реални, правилно и најдобро за бебињата е да бидат во седиште за деца, или транспортер. На наша пријателка ќерка и во раце па и излета преку шофершајбна и настрада милата, што можеш против господ. Инаку седиштата се знае, се поставуваат позади совозачкото, во случај мајка ако вози да може лесно да го надгледува, а позади седиште тешко дека ќе стигне до него нешто, освен ако до толку е лоша ситуацијата на ударот. Да бидеме реални, тие закони не се за да се полни државната каса, туку да се заштитат децата, исто како и со појасот, треба да разграничиме, ако не го ставиме појасот или ако не ставиме седиште, не сме успеале да поројдеме неказнето, туку сме успеале безбедно да стигнеме до саканата дестинација, а ако недајбоже се деси нешто цел живот ќе се каеме. Инаку, сестра ми немаат кола, и сега внука ми нема шанси да ја ставиш во седиште, од мала не е учена, па така во кола е ужасно немирна, да не мислите дека другите деца кои не седеле во седиште ќе бидат помирни, а колку само несреќи се случуваат токму заради овие палавштини на децата. Се разбира, право на избор е, финансиска состојба, ама тие работи се толку трајни што многу полесно е да го позајмите или да го купите на старо отколку да седите без него во кола, а и во Џамбо сега се толку ефтини што не е во ред да велиме дека е скапо па ќе го изложуваме детето на опасност. Недајбоже нешто да се деси, па после треба да живеам со болка во душата дека сум можела ама не сум направила ништо. Право на избор, ќе речам пак.
Труднички муабети Секако тоа не се знае да недојде до таква страшна работа а инако кој не би сакал се да му овозможи на своето дете и да го заштити на секој можен начин и да купва секакви такви препарати на пр. јас еве кога би идела кај мајками ке си го земам релаксаторот со мене и ке го ставам да спие внатре оти нема да можам да го носам креветчето секаде а и седиште ке ми треба за да дојдам до тука за дома количка и креветче и јас сакам се тие работи да му ги овозвожам на бебушко значи ке гледам само дела најопходен да си земам
Труднички муабети И во мојот случај ќе биде исто, детето од болница кога излегува мора да е во седиште или оние корпи специјални што доаѓаат со количка трио пак и што се користат само до 6 месеци. Во случајот нема сакаш нејќеш, креветче и седиште за во кола се купува прво, за се останато ако има пари. Транспортерот мора да е прилагоден за воздраста односно група 0. После една година се менува седиштето со група 1 па 2 до 3 и се така до 12 години. Казните се огромни ама се за доброто на децата затоа што сообраќајот не е играчка. А ми падна во очи случајот со дете во раце на автопат ако те застанат ќе те пријават на социјални служби а на шоферот на возилото му ја одземаат возачката дозвола 3 месеци.
Ми требаат совети за седиште, кое би можеле да го користиме од што е можно помала возраст. Мене некако ми изгледаат како да може да ги користи детето кога ќе почне да седе.
Ние имаме на Брио и ми фаќа око,супер е.А МаценцеЕна имаше на Мкаси коси мислам и тоа е преубаво и може за помалецки бебуши да се користи. Особено ми се допадна делот за главата дека е со посебно перниче т.е потпора.
ние имаме вакво само друга боја , на Maxi Cosi и го користиме од прв ден ..од кога е родена малата кај и да идеме со автомобил во него си седи (лежи) На почетокот кога е мало бебето во седиштето си има перниче за новороденче за да има удобна положба бебето , кога ке порасне ке се трне тоа Во седиштето бебето е сигурно при патување , осигурано од незгоди Уште малце и ке треба да купиме ново седиште во кое ке може и да седи!!
Епа на тоа мислев. Дали мора да се две различни седишта, нели за додека е ептен мала и неможе да седи , па после да треба да се купува за поголемо дете, тие што се до 18кг. некако не ми е изводливо па не секој може да си дозволи две седишта, а гледам има луѓе кои децата ги ставаат од мали.
Меу во вакво седиште ке си (лежи) седи до 12 месеци /до 13 килца тежина па мислам дека се исплати едно вакво седиште да се има !
Сега гледав едни на Чико, што се за од 0м+ до 3години, да видам колку пари се, па ако се фаќаат вкупно колку за два посебни, би земала вакво. http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =3&theater
Ова некако ми е како за поголемо бебе, не за новороденче .. ептен седнато ке е вака распрашајте се поубаво !
Епа еве што пишува на нивната страна “Седиштето може да се подеси во 4 положби. За групата 0м+ (до 13 кг) седиштето мора да биде наместено спротивно од насоката на движење на автомобилот, а за поголеми деца седиштето треба да се постави во нормална положба. “
Сигурно ке биде свртено во спротивна насока , може ако се подналегнува самото седиште да не биде бебето ептен како седнато ... секако прво ке се распрашате пред да купите
Ние имаме на Наниа, мислам поназад пишав. Група 0-1 т.е. за тежина од 0 до 18 килограми. Си има позиции, и кога беше мало бебе во скрос налегната позиција и обратно од седењето. Супер сме си задоволни. meU, ова седиште на Чико е скоро 9000 денари. Инаку исто е група 0-1 како ова нашето на Наниа. Ние го земавме нецели 3000.
Нашето е од Џамбо, ама истите ги имаш и во Бебе Супермаркет. Не знам, мала беше, после 40 дена мислам. Тогаш го земавме, ќе ја ставев и порано.
Значи нема мака и порано да е. Одлично. Јас утре треба да возам сама со неа и некако ми е страв, незнам како ќе се возиме. Имам од тие торбиците што се, но секогаш до сега кога се возиме јас ја држам, а сега сама треба да седи назад.
Седиште за во кола Ке ве молам да ми кажете до колку години треба задолжително да се носи седиште за во кола? И дали некогаш ви побарале во друга држава седиште за вашето дете. Се работи за 4 годишно дете.
Седиште за во кола Обавезно да го ставате детето во седиште. Не се работи за дали мора или не се работи за сигурноста на твоето дете