За тоа не сум попустлива за нешто што не треба да го прави Али некогаш стварно мора да одиш негде и што моожиш да направиш. Еднаш ќе дозволиш и после навика си прави знам А како бебе седеше во транспортер
Мојата од бебе се вози, прво во транспортер, после од кај 4 меееци во седиште. Не правеше никаков проблем. Е има фази кога едноставно не сака. Тоа се драми. Ама јас сум упорна и ја оставам надвор од кола да вришти ако дава преголем отпор и никако не седнува. А ако успеам да ја врзам , тргаме, колку сака нека вришти. Сега ни е нова тактика, сама се качува и седнува јас само ја врзувам. Многу е битно да седат во седиште. Еве маж ми го удрија на бензиска, паркиран. Нај лоша сум мислам за седиштето. За се ќе попуштам ама за тоа не. Упорно зборам, ене полиција, ќе ни пише казна ако не седиш во седиште. Сите мора да се врзани, а и ние се врзуваме за да знае дека мора. Еве на одмор, во 5 саати пат не проба да побара да стане. Него, ја друго прашање имам. Нашето е од 0-25кг, ама некако ми делува дека и се смалува. Нема толку место за нозете. И позади делот за главата ми делува низок. А вака седиштето не е баш мало, само ја и она позади и некоја торба, да седне плус уште еден нема шанси. До кога ги возите во седиште и кога преминувате на бустер. Ова има опција и за големко дете, односно да биде врзана со појасот, ама не ми е јасно како тогаш се прицврстува седиштето.
Земавме седиште на чиполино 0-24, со позиција за лежење се супер, ама материјалот ми е чуден, мислам дека ќе поти. Повеќето ли се такви?
Малиов мој никогаш не прифати седиште Само кога идеме на пат, на цицка ќе го заспијам и го префрлам на седиштето и чим стане плаче да го вадам
За главата мислам дека перничето се подесува, барем нашето е такво, има неколку висини како што детето расте. А за префрлање на бустер, мислам дека се прави кога детето веќе не го собира во каишите од седиштето. Тие што пдат преку рамената исто така имаат 3 висини. Кога на највисокото се ставени и пак не се над рамената, значи треба да се врзува со каишот од колата. Повеќето седишта може да се врзуваат со каишот од колата (само се вадат сите додатоци), и додека детето не е повисоко од целото седиште, подобро да е во него отколку на бустер. А за нозете нормално е да почнат да висат надоле.
Мојата исто, ама кога почнува да плаче вика “Мама тиТе(цице) и јас таква искривена давам цице и раат сме по пат. Или ќе задреме цицајќи или нешто и наоѓам занимација. Нема станување
Ми треба ваше искуство, вчера купивме седиште на Lorelli од 0-36м, со подлога е и се прицврстува во кола со каишевите. Меѓутоа воопшто не е стабилно цело се мрда лево десно, Продавачката вика дека така било до дите седишта но мене тоа не ми е за верување баш...па сакам ваше искуство...вашите седишта дали се баш цврсти во кола или има простор за мрдање на целото седиште?
Мрдаат тие што се без исофикс, тие со исофикс не мрдаат. Ама пак тоа мрдање е минимално, не мрда многу. Затоа најдобро да одиш таму кај што има монтирано седиште на автомобилско седиште за илустрација, мислам во Бебе хоум имаше.
https://www.facebook.com/PolitistiU...0899469957841/504129240166401/?type=2&theater Видео колку е важно детето да седи во свое седиште.
Колкаво е детенцето? Има разни модели поделени се на групи има од 0 до 12 години. Или од 0 до 18 кг, о до 25кг, од 9 до 36 кг, 0 до 36 кг. Има со наслон кој не се спушта со наслон кој се спушта на неколку нивоа. Се зависи колку има детенцето месеци, години, килограми...Има и седишта со исофикс и без исофикс се зависи од моделот на автомобилот кој го имате. Најубаво распрашај се во продавницата во која ќе го купувате за совет. Конкретно јас го земав седиштето кога малиот наполни годинка, предходно се возеше во транспортер. Моево седиште е од 0 до 25 кг, се спушта на 3 нивоа наслонот на грбот.
8 ипол месеци сме. Се возиме сеуште во транспортер. Ја немам мерено малата ама околу 9-10кг е. Прашував во либерта, локо кроко, енци менци. Мене сите ми се исти
Најдобро земи си од 0 до 25 или 36 кг. Бидејќи е уште мало детето така да и кога патувате ќе може убаво да спие во седиштето и побезбедно. За модел само видете си има разни модели и цени, исто зависи и каков автомобил имате да земете и со изофикс бидејки го нема тој систем во постарите модели на коли. Таму дирекно во продавницата ќе добиете најдобро препораки.
И јас така ги гледав седиштата, сите ми се исти. Земав од Локо Кроко, до 25кг, што се спушта скроз како транспортер (за бебе наназад да гледа) и со три позиции за нанапред. На попуст околу 4000 ден беше. Возам матиз, па изофикс не ми требаше. Бебе беше мало тогаш, помалку од 7 кила, ама е долга и и штрчеа нозете во транспортерот, па затоа барав и со легната позиција да има. Сум имала сообраќајка каде да не носев каиш може низ стаклото ќе одлетав, ама не сум опседната со безбедност за да гледам секоја мала опција, само сакав седиште за да бебе се учи дека мора да седи и готово. Сакав да кажам не мора да ги анализираш сите седишта што ппстојат во моментот, види само кои клучни работи сакаш седиштето да ги има, и тоа барај во продавница.
Сакав да прашам од колку години е седиштето последно за во кола од најмалото што е само како подлога?