Треба да си провериш кај тебе како е законот. Кај мене деца до 5 години мора да се во седиште, после 5 години седат во бустер седиште, за да седи напред мора да има 12 години. Кај мене е ептен строго за децата и седиште, првиот пат ако те фати полиција со неврзано дете, односно да не е во седиште казната е $1750 и 6 поени а имаш 12 за две години, по втор пат ако те фатат се одзема детето заради намерно загрозување на здравјето на малолетно дете, негрижа за малолетно дете итн па оди земи си го од државата ако можеш. Тука не можеш ни да го земеш бебето од болница ако немаш транспортер, од прв ден мора да е заштитено бебето во сообраќај.
Откако ќе има постигнато висина за да не го сече каишот преку врат, туку да дојде преку гради. Има деца и на 5год што постигнуваат висина, но еве јас си купив обично седиште 9-36кг што се вади горниот дел и останува бустерот зашто сите така ме советуваа,посигурна ќе е уште 2год во него да се вози. Мојата е 5год, и ако добро се сеќавам препорачаната височина беше 130см. До 1 година треба да си се вози во транспортерот свртена обратно. После тоа јас ти препорачувам од седиштата до 25кг бидејќи се навалуваат во две позиции за спиење. Или ако е до 36, внимавајте да е 0+ и да се навалува.
Мислам дека над 4 години, ама за истата килажа има целосно не само за под газе и побезбедно е. Знам дека од 115см може да се врзат со каиш на обично седиште од кола, без бустер без ништо
Каде има седиште за во кола без каиш за врзување туку да си е само седиште а да биде врзано со каишот од колата? И со нормални цени? Секаде каде што гледам многу се скапи некако. Седиште имаме ама е до 18 кг и веќе ни омалува па сакам да си најдам обично. И друго нешто за бустер пд кога се користи? Сите различни информации ми даваат и не знам кој да слушам
Сите седишта што се до 36кг треба да ја имаат таа опција за врзување само со каиш од кола, ама баш без каиши не знам кое е, секако гледај ги тие што се за што поголема килажа, бустер мислам некаде над 3 или 4 години, ама мое мислење е сепак поголемо седиште, заради заштитата од страна
Аа значи имаме време ние за бустер. А како не ми се менива ова седиште дека се прави во почулежечка и за спиење и е супер со ова другово ич не ми е ќеиф да спие во него некако многу некомотно изгледа. Ама тоа е што е. Фала ти
Колкаво е детето? Имате опција да земете седиште 9-36кг со тоа да внимавате задниот дел да се вади а да останува бустерот, така што кога ќе дојде време за бустер да не купувате трето седиште.
Секаде ги има, секој дуќан за бебешка опрема. Еве летово јас купив такво за ќерка ми која е 5 год. Нашево е од евтините, околу 3500 мислам беше: Само да знаеш дека не се навалува за спиење.
Леле многу убаво. Ми фати око ептен. А за навалување знам мислам декс за таа килажа и нема такво ти благодарам
Тие со бустер не се навалуваат, се навалуваат тие со подлога а можеш да бираш во категорија 9-36кг дали сакаш со бустер или со навалување. Има и такви и такви. Мене секако повеќе ми се исплатеше ова со бустер зашто за година-две веќе ќе се вози во него иако сеуште редовно заспива во кола
Мајка ми купила седиште на старо за да имаат во кола за кога ја земаат малата. На седиштето пишува само Sportex. Не можам да најдам која фирма е за да најдам како се фиксира во кола, а различно е од моето седиште и не сум сигурна како е правилно. Некој да не има такво седиште?
Може да ми предложите седиште за до 36кг што ќе се навалува и за спиење? Малата ми е 2год, а сегашното седиште што е до 25кг и е мало. Поготово сега со јакна едвај појас закопчувам
Да не го има некоја од вас купено седиштево? Релативно нов производ во бебесупермаркет (грчки бренд) и солидна цена, 9400 денари.
Провери дали се попуштаат каишите. Иначе јас имам 36 и се навалува, не ми текнува мислам беше Киддо, од Бебе Хоум го земавме многу скапо, меѓу најскапите, околу 9000ден. Мене искрено за парите не ми е вредно, ама не се сложивме тогаш за тоа што го сакавме и ова го земавме, најмногу ни ги исполнуваше очекувањата.
Здраво дали некој го има ова седиште од чико, на попуст е, како сте задоволни? Како што гледам не се навалува за да спие бебе, а дали е тоа мн битно да се навалува
Седиште од 9-36 кг, без опции за навалување на наслонот. Ретки се тие за поголеми деца што имаат такви опции.